Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ одобри на Унгарија ослободување од санкциите за купување руска нафта, што е голема победа за премиерот Виктор Орбан.
На Унгарија ѝ е доделено „општо, неограничено ослободување“ од санкции за купување руска нафта и природен гас преку два главни цевководи, изјави Орбан за новинарите по ручекот со Трамп во Белата куќа во петокот.
Но, официјален претставник на Белата куќа го опиша ослободувањето како ограничено на една година. Договорот, исто така, му користеше на Трамп, бидејќи Унгарија се обврза на серија американски инвестиции во енергија.
Прочитај повеќе
„Гунвор“ ја откажа зделката со „Лукоил“ откако САД ја нарекоа „марионета на Кремљ“
Откако САД ја обвинија дека е под влијание на Кремљ, „Гунвор“ се повлече од зделката што можеше да ја издигне на врвот на светската нафтена индустрија.
07.11.2025
ОПЕК+ ќе паузира: Доаѓа ли период на поевтина нафта?
Осумте земји од ОПЕК+ одлучија да го паузираат зголемувањето на производството во првиот квартал од 2026 година.
05.11.2025
„Арамко“ со добивка од 28 милијарди долари во третиот квартал
Саудиската „Арамко“ го прекина падот на добивката – повисокото производство и намалениот долг го стабилизираа резултатот во третиот квартал.
04.11.2025
Кинеските рафинерии ја одбегнуваат руската нафта поради санкциите
Санкциите на Западот ги одвратија и државните и приватните рафинерии во Кина од купување руска нафта, со што Москва се соочува со значителен пад на извозот.
03.11.2025
ОПЕК+: Стагнација на производството на нафта во 2026 година
ОПЕК + се согласи да направи уште едно мало зголемување на производството во декември, но ќе паузира со понатамошни зголемувања во наредните три месеци.
02.11.2025
По санкциите за „Лукоил“, Бугарија го ограничи извозот на нафтени деривати
Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и авионско гориво) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.
01.11.2025
Орбан ги искористи своите врски со идеолошкиот сојузник за да обезбеди поволен третман. Унгарија ја зголеми својата зависност од руската енергија, додека другите членки на Европската унија (ЕУ) во голема мера се обидоа драстично да ги намалат ваквите купувања по руската инвазија на Украина.
Трамп ги казни другите купувачи на руска енергија, особено Индија, во она што тој го нарекува обид да се стави крај на инвазијата на Путин во Украина. Претходно, претседателот на САД воведе царина од 50 проценти на индиските стоки. Одлуката на администрацијата на Трамп минатиот месец да воведе санкции врз најголемите нафтени компании во Русија претставуваше закана да ја поткопа и онака несигурната кампања на Орбан за петти последователен мандат на изборите следната година.
Економското забавување, обвинувањата за широко распространета корупција и кризата со трошоците за живот ѝ помогнаа на новата опозициска партија да добие убедливо водство во некои анкети пред изборите што ќе се одржат во април. Изборите се најсериозниот предизвик за непрекинатото владеење на Орбан од 2010 година.
Трамп рече дека Орбан завршил „фантастична работа“ и го нарече „одличен лидер“, давајќи му ја својата непоколеблива поддршка за реизбор. Американскиот претседател, исто така, го прифати аргументот на Орбан дека континентална Унгарија нема вистинска алтернатива на руската енергија, спротивно на тврдењата на неговите сопствени функционери кои посочија на постоењето на хрватскиот цевковод што би можел да испорача нафта од Јадранското Море.
„Тие немаат море, немаат пристаништа“, рече Трамп пред средбата со Орбан, додавајќи дека е „многу тешко“ за Унгарија да набавува енергија од неруски извори.
Покрај тоа, Орбан сè повеќе се потпира на руската енергија поради нејзината пониска цена, што му овозможува да го одржи едно од неговите главни предизборни ветувања - да ги држи трошоците за енергија за унгарските домаќинства под контрола. Зголемената зависност од Русија, исто така, ја доближи Будимпешта до Кремљ, поради што Унгарија се смета за најблизок сојузник на Москва во ЕУ.
Сепак, не е јасно дали одржувањето на статус квото во врска со руската енергија ќе биде доволно за Орбан да ги добие изборите. Тој очекуваше бран американски инвестиции по враќањето на Трамп во Белата куќа, но тоа сè уште не се материјализираше. Наместо тоа, Орбан беше тој што објави серија унгарски нарачки во петокот.
Унгарија потпиша договор од 114 милиони долари со компанијата „Вестингхаус електрик“ (Westinghouse Electric Co.) за купување нуклеарно гориво за унгарската нуклеарна централа, која моментално ја снабдува Русија, соопшти Стејт департментот.
Унгарија, исто така, се обврза да потроши 600 милиони долари за американски течен природен гас, се вели во соопштението. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека цената сè уште не е конечна, но дека ќе вклучува испорака на 400 милиони кубни метри гас годишно во текот на пет години.
Двете страни, исто така, потпишаа меморандум за разбирање што предвидува Унгарија да купи до 10 мали модуларни реактори, во договор што би можел да вреди до 20 милијарди долари, соопшти Стејт департментот. Сијарто го потврди планот на заеднички брифинг со Орбан, но додаде дека Унгарија може да купи помалку реактори, во зависност од економските потреби.
„Блумберг“ вчера прв објави за договорите.
Модуларните реактори би можеле да значат пресврт на долго одложуваното проширување на унгарската нуклеарна централа, управувана од Русија, изјави извор запознаен со разговорите. Руската државна компанија „Росатом“ (Rosatom Corp.) планира да започне со изградба на новите единици дури во февруари - речиси 12 години по потпишувањето на нуклеарниот договор.