Американскиот претседателот Доналд Трамп вечерва ќе организира вечера во Белата куќа со највисоки претставници на финансиската индустрија, потврдија двајца функционери запознаени со плановите, што, според нив, е најнов обид на администрацијата да ја добие поддршката од бизнис-елитата за своите политики.
Меѓу поканетите е извршниот директор на „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase), Џејми Дајмон, изјави еден од официјалните, но анонимни извори. На списокот на гости се и директорката на „Насдак“ (Nasdaq), Адена Фридман, извршниот директор на „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group), Дејвид Соломон, шефот на „Блекрок“ (BlackRock), Лери Финк, и директорот на „Морган Стенли“ (Morgan Stanley), Тед Пик.
Bloomberg
Во дневниот јавен распоред на претседателот, Белата куќа наведе дека Трамп ќе биде домаќин на приватна вечера во 19:30 часот по локално време.
Прочитај повеќе
Дајмон: Полуразумно е да се има злато во инвестициското портфолио
Шефот на „ЏП Морган“, Џејми Дајмон, изјави дека не е купувач на злато и во сегашните услови е полуразумно дел од портфолиото да биде вложен во благородниот метал.
15.10.2025
Дајмон: Вештачката интелигенција веќе ѝ заштедува милијарди на „ЏП Морган“
Џејми Дајмон тврди дека ВИ е најреволуционерната технологија по интернетот и дека „ЏП Морган“ веќе ја користи за заштеда, иновации и автоматизација.
08.10.2025
Дајмон: Рецесија во САД сè уште е можна поради царинските тензии
Иако САД и Кина неодамна направија чекор кон ублажување на трговските тензии, извршниот директор на „ЏП Морган“ ги повикува инвеститорите да бидат претпазливи.
16.05.2025
„ЏП Морган“ собори рекорд, па директорот доби плата од 39 милиони долари
Во 2024-та најголемата американска банка го надмина сопствениот рекорд за највисока годишна добивка во историјата на американското банкарство.
24.01.2025
Директорот на „ЏП Морган“ ја организира најраскошната забава во Давос
Музејот „Кирхнер“ во Давос во средата вечер беше најпознат како местото каде што Џејми Дајмон организира голема забава.
23.01.2025
Настанот се одржува во момент кога Трамп се соочува со зголемен политички притисок околу состојбата на економијата и трошоците за живот, теми што минатата недела им донесоа изборни победи на демократите во Њу Џерси и во Вирџинија.
Трамп ја зацврсти поддршката од финансиската елита на Волстрит за време на претседателската кампања во 2024 година, ветувајќи намалување на даноците и широка дерегулација, што внесе оптимизам околу неговата економска агенда. Иако потпиша закон за намалување на даноците со кој трајно се задржаа повеќе мерки што им одговараат на бизнисите и се заложи за ограничување на владините регулативи, други негови политики ја ставија на тест таа блискост со корпоративниот сектор.
Bloomberg
Обемните тарифи што Трамп ги воведе по земји и сектори ги потресоа финансиските пазари и ги зголемија трошоците за увезените производи. Неговите напади врз претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, предизвикаа загриженост околу независноста на централната банка. Истовремено, заострената имиграциска политика, вклучувајќи ги и новите високи такси за визи наменети за привлекување врвни експерти, може дополнително да ја намали понудата на работна сила за компаниите.
Претседателот исто така ги нападна банките поради, како што тој го нарече, „политичка дискриминација“, преземајќи мерки против практики што, според него, им оневозможиле на некои конзервативци пристап до финансиски услуги од идеолошки причини, иако водечките финансиски институции негираат дека одбиваат клиенти на таква основа.
Односот меѓу Трамп и извршниот директор на „ЏП Морган“, Џејми Дајмон, во минатото беше напнат, но во последно време двајцата ја смирија реториката. Претседателот и банкарскиот шеф се сретнаа во јули во Овалната соба, каде што разговараа за економијата и регулативата.
Трамп често ги нарекува посетите на корпоративните лидери во Белата куќа пример за поддршка на домашните проекти, настојувајќи да го засили производството во САД.
Во септември тој беше домаќин на вечера со раководители од технолошката индустрија, меѓу кои и Марк Закерберг од „Мета“ (Meta Platforms) и Тим Кук од „Епл“ (Apple), на која лидерите од Силициумската Долина ветија поголеми инвестиции во САД, особено во областа на вештачката интелигенција, сектор што администрацијата настојува да го развие.