Американскиот ретседател Доналд Трамп најави обемни планови за заострување на имиграцијата, велејќи дека сегашната политика го нарушила националниот напредок и дека ќе воведе трајно запирање на миграцијата од сите земји од т.н. „трет свет“ за да му овозможи на американскиот систем целосно да се опорави.
Во две објави на неговата социјална мрежа „Трут сошл“ (Truth Social) доцна во четвртокот навечер по вашингтонско време, Трамп рече дека ќе ги укине „милионите“ дозволи за прием од неговиот претходник Џо Бајден, ќе „го отстрани секој што, според него, не придонесува за САД или не покажува лојалност кон земјата“ и ќе ги „денатурализира мигрантите кои ја поткопуваат домашната стабилност“. Тој додаде дека ќе ги „укине сите федерални бенефиции и субвенции“ за неамерикански државјани.
Трамп рече дека „овие цели ќе се спроведуваат со намера да се постигне значително намалување на нелегалната и деструктивната популација, вклучително и на оние примени преку неовластен и незаконски автоматизиран процес на одобрување“. Тој додаде: „Само ОБРАТНАТА МИГРАЦИЈА (масовно враќање на мигрантите во нивните земји), може целосно да ја реши оваа состојба“.
Прочитај повеќе
Авганистанец пукаше кон војници во Вашингтон, Трамп најави ригорозна контрола на дојденците
Двајца членови на Националната гарда се ранети од напаѓач во близината на Белата куќа. Полицијата го задржа напаѓачот, а претседателот Трамп го осуди нападот како „акт на тероризам“.
27.11.2025
Бројот на странски студенти во САД опаѓа четврти месец по ред, најпогодена е Азија
Вкупниот број на пристигнувања во САД со студентски визи се намали за 28 проценти, на нешто помалку од 79.000, што е најголемиот месечен пад годинава.
19.08.2025
Нови имиграциски правила на Трамп: Визи само за богатите
Со новите имиграциски мерки на Трамп, работните и визите за престој стануваат привилегија за богатите, а вратите за талентирани млади од светот полека се затвораат.
20.09.2025
Американците бараат опции за „бегство“ со златни визи по победата на Трамп
Зголемен е интересот за таканаречените златни визи кои даваат права на престој преку купување недвижен имот или други инвестиции.
23.11.2024
Во објавата не беше прецизирано кои земји претседателот ги смета за „трет свет“, термин со нејасна дефиниција што најчесто се користи за посиромашни земји. Таа уследи по нападот врз двајца припадници на Националната гарда во главниот град, извршен од авганистански државјанин. Претходно во текот на денот, претседателот ја соопшти смртта на еднат од гардистите, 20-годишната припадничка на Армијата на САД, Сара Бекстром.
Трамп го искористи нападот за дополнително да ги засили антиимиграциските политики на неговата администрација. Белата куќа, веднаш по нападот, ја прошири акцијата за сузбивање на имиграцијата, вклучително и запирање на разгледувањето на авганистанските имиграциски предмети и наредба за ревизија на имигрантите кои веќе се во САД. Според документ од овој месец во кој имал увид „Блумберг“, администрацијата на Трамп исто така, планира да ги ревидира сите случаи на бегалци преселени за време на мандатот на Бајден и да ги замрзне нивните апликации за зелени карти.
Во четвртокот, Џозеф Едлоу, директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД, објави на социјалните мрежи дека неговата агенција, по наредба на Трамп, спроведува „целосна и ригорозна повторна проверка на секоја зелена карта за секој странец од секоја ризична земја“. Белата куќа во јуни означи 19 земји, меѓу кои Авганистан, Хаити, Сомалија и Судан, како држави со имиграциски ограничувања.