Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека преговарачите кои дискутираат за мировна иницијатива посредувана од САД остануваат поделени околу територијата, додека американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочарување од начинот на кој Киев гледа на договорот.
Елементите од американскиот план бараат понатамошна дискусија за голем број „чувствителни прашања“, вклучувајќи безбедносните гаранции за воено погодената нација и контрола врз источните региони, рече Зеленски во телефонско интервју. Украинскиот лидер рече дека разговорите сè уште не постигнале договор за украински Донбас, вклучувајќи ги покраините Донецк и Луганск.
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе
Средба на европските лидери со Зеленски во клучен момент за мир
Клучните европски лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, денеска во Лондон ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
08.12.2025
Мерц лобира Белгија да го поддржи планот на ЕУ за голем кредит за Украина
Белгискиот премиер Барт де Вевер се спротивставува на идејата, тврдејќи дека Белгија би можела да биде одговорна доколку Русија поднесе тужба како одговор на таквиот потег.
06.12.2025
Европа се соочува со најтешкиот момент во обид да избегне разделба со САД
Европските лидери се длабоко загрижени поради напорите на САД да постигнат договор што беше изготвен со Русија и кој би претставувал капитулација на Западот.
06.12.2025
САД ги повикаа европските држави да го блокираат заемот на ЕУ за Украина
Вашингтон бара руските средства да не се користат за заем за Украина, но некои од европските лидери возвраќаат дека тоа ќе биде одлука на Европа.
05.12.2025
Петчасовни преговори во Кремљ, но крајот на војната во Украина и натаму е далеку
Путин и високи американски претставници одржале „корисни“ разговори за Украина. Што нудат САД, што е прифатливо за Русија и што носат овие преговори за иднината на конфликтот...
03.12.2025
Белгија го отфрла предлогот на ЕУ за користење руски средства за помош на Украина
Белгија го отфрли законскиот предлог на Европската Унија (ЕУ) за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на заем за Украина.
03.12.2025
„Постојат гледишта на САД, Русија и Украина - и ние немаме унифициран став за Донбас“, изјави Зеленски за „Блумберг њуз“ рано утрово. Тој рече дека Киев се залага за посебен договор за безбедносни гаранции од западните сојузници, пред сè од САД.
Зеленски зборуваше откако Трамп го критикуваше него - за разлика од коментарите во последните денови за реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин на предлогот - велејќи дека е „малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот“.
„Постои едно прашање на кое јас и сите Украинци сакаме да добиеме одговор: ако Русија повторно започне војната, што ќе направат нашите партнери?“, рече Зеленски.
Европските лидери ќе се сретнат со Зеленски во клучен момент за мир.
Украинскиот лидер утрово се упати кон Лондон, каде што во попладневните часови треба да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за предлогот на САД.