Суд во Русија ѝ наложи на подружницата на „Рајфајзен банка“ (Raiffeisen Bank International AG) во земјата да исплати 339 милиони евра (397 милиони долари), што е уште една во низата пресуди со кои се наметнуваат плаќања од почетокот на минатата година.
Судската одлука се однесува на барањето за надомест на штета поднесено од „МКАО Расперија“ (MKAO Rasperia Trading), компанија што претходно беше во сопственост на санкционираниот бизнисмен Олег Дерипаска и која поседува 24 отсто удел во градежната компанија „Штрабаг“ (Strabag SE).
Со оваа пресуда, вкупниот износ на отштета што треба да ја плати „Рајфајзен“ надминува 2,4 милијарди евра. Банката соопшти дека ќе евидентира корекции на вредноста поврзани со најновата судска одлука во четвртиот квартал.
Прочитај повеќе
Русија ќе плаќа за својата војна против Украина уште долго откако ќе заврши
Москва нема друг избор освен да ја зголеми продажбата на обврзници откако повеќе од половина од резервите за црни денови беа исцрпени, а буџетскиот дефицит се прошири.
18.12.2025
Продолжуваат преговорите на Украина и САД за мировниот план со фокус на безбедноста
Се очекува десетина европски лидери да присуствуваат на денешниот самит, заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен.
15.12.2025
Русија поднесе тужба против „Еуроклир“
Руската централна банка соопшти дека почнува правна постапка во Москва против депозитарот „Еуроклир“ (Euroclear) поради замрзнатите државни средства и се закани на Европската унија со глобална одмаздничка кампања за да ги врати стотиците милијарди евра доколку блокот направи каква било употреба на фондовите.
12.12.2025
Каја Калас им посака „среќа“ на САД во обидот да го придобијат Путин на преговарачката маса
ЕУ предупредува дека Русија не покажува волја за вистински преговори, и покрај американските понуди за економски поттик и инвестиции.
18.12.2025
„Расперија“ поднесе тужба против „Штрабаг“ и нејзините клучни австриски акционери поради суспензијата на исплатата на дивиденди и други акционерски права, како последица на европските санкции. Судот оцени дека штетата може да се наплати од руската подружница на „Рајфајзен“, имајќи предвид дека еден од акционерите на „Штрабаг“ воедно е и најголем сопственик на „Рајфајзен“.
Во меѓувреме руската централна банка најави дека ќе побара отштета од европските банки пред руски арбитражен суд поради загубите од можна заплена на нејзините средства, додека европските лидери дебатираат како да ги искористат милијардите евра замрзнати средства за помош на Украина.
Bloomberg
„Рајфајзен“ во средата објави дека главниот извршен директор Јохан Штробл ќе биде заменет од Михаел Хелерер следната година, со што товарот за раздвојување на банката од нејзината руска подружница најверојатно ќе му припадне на неговиот наследник.
Руската судска пресуда практично ќе ја намали задржаната добивка на „Рајфајзен“ во Русија, која се зголеми на повеќе од 5 милијарди евра, бидејќи на банката не ѝ е дозволено да исплаќа дивиденди надвор од земјата.
Акциите на австрискиот банка паднаа до 3,7 отсто во четвртокот, што е најголем пад меѓу европските банки вклучени во индексот Stoxx Europe 600.
„Рајфајзен“ соопшти дека неправедно била вовлечена во спорот и најави дека ќе се обиде да ги надомести загубите преку европските судови. Банката истакна дека ќе поднесе жалба на пресудата.