Премиерката на Данска го повика американскиот претседател Доналд Трамп да престане да се заканува со преземање контрола врз Гренланд, откако потегот на американскиот претседател да ја преземе управата врз Венецуела предизвика сериознa загриженост во нордиската земја за американските воени амбиции.
Коментарот на Мете Фредериксен дојде како реакција на повторената изјава на Трамп во неделата дека на САД им е потребен Гренланд, полуавтономна територија во рамките на данското кралство, за одбранбени цели.
„Морам многу директно да ѝ порачам на американската влада“, рече Фредериксен во писмена изјава. „САД немаат право да анектираат ниту една од трите земји што се дел од Кралството Данска.“
Прочитај повеќе
Патување на Гренланд: Заводлива ледена привлечност
Во 2023 година бројот на туристи го надмина бројот на Гренланѓани – кога имало нешто повеќе од двајца туристи на секој жител.
29.06.2025
Опседнати сте со Гренланд? Можеби и вие имате погрешна мапа
„Ги обожавам мапите“, рече еднаш Трамп. „И секогаш велев: Погледнете ја големината (на Гренланд). Огромен е. Треба да биде дел од Соединетите Американски Држави“.
01.05.2025
Новиот премиер на Гренланд: „Да бидам јасен: САД нема да го добијат островот“
Новиот премиер на Гренланд рече дека Доналд Трамп нема да го добие арктичкиот остров, што е прв коментар што тој го даде откако во петокот формираше влада.
31.03.2025
Зошто Доналд Трамп е опседнат со преземањето на Гренланд?
Американскиот претседател Доналд Трамп е цврсто одлучен да ја преземе контролата врз Гренланд, најголемиот остров во светот и самоуправна територија на Данска, и покрај противењето на Гренланѓаните и Данците.
27.03.2025
Премиерот на Гренланд отворен за дискусија со Трамп
Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, изјави дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател за островот.
11.01.2025
Фредериксен истакна дека Данското кралство, вклучувајќи го и Гренланд, е дел од НАТО и под заштита на колективната одбрана, а потсети и дека САД веќе имаат голем пристап до Гренланд преку важечкиот одбранбен договор.
Трамп со години тврди дека американска контрола врз Гренланд е неопходна за националната безбедност, но апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро дополнително ги зголеми стравувањата дека САД ќе го прошират военото присуство во Западната хемисфера.
„Гренланд навистина ни е потребен,“ изјави Трамп за списанието „Атлантик“ во неделата. „Ни треба за одбрана.“ Подоцна, говорејќи пред новинарите по враќањето во Вашингтон, додаде: „Гренланд е преполн со руски и кинески бродови. Ни треба од аспект на националната безбедност. А Данска нема да може да се справи со тоа, ви гарантирам.“
Коментарите уследија по објавата на Х доцна во саботата од страна на Кејти Милер, сопруга на заменик-шефот на кабинетот на Трамп, Стивен Милер, која сподели фотографија од Гренланд обоен во боите на американското знаме, со порака: „НАСКОРО“.
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, претходно во неделата на Фејсбук објави дека сликата е „навредлива“, но додаде дека „нема причина за паника“.
„Ние сме демократско општество со сопствено управување, слободни избори и силни институции,“ напиша тој. „Нашата позиција е цврсто заснована врз меѓународното право и меѓународно признатите договори.“