Американски официјални лица забрзано се обидуваат да изнајдат опции за деловни договори и други начини за продлабочување на врските со Гренланд, откако биле затечени од обновеното барање на претседателот Доналд Трамп да го преземе островот, изјавија добро упатени извори.
Трамп одамна ја посакува оваа територија од, како што вели, безбедносни причини. Но, по бран активности околу ова прашање на почетокот на минатата година, вклучително и посета на островот од страна на неговиот потпретседател, дотогаш итните напори за остварување на визијата на претседателот биле ставени во втор план, велат изворите, кои побарале да останат анонимни.
Сепак, ненадејниот бран јавни изјави на Трамп за преземање на Гренланд, во деновите по американската операција за апсење на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро на 3. јануари, повторно го постави прашањето како врвен приоритет. Во вторникот, Белата куќа соопшти дека не ја исклучува можноста за воена акција, додека европските лидери упатија невидено предупредување со цел да го одвратат Вашингтон од обидот да преземе територија од сојузник во НАТО.
Прочитај повеќе
Трамп не ја исклучува можноста за стекнување на Гренланд со воена сила
Трамп разгледува многу начини за постигнување на својата цел за стекнување на арктичкиот остров, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
07.01.2026
Желбата на Трамп за Гренланд отвора проблеми за Европа и НАТО
Според зборовите на луѓе запознаени со ситуацијата, данската влада е навистина загрижена и сериозно ги сфаќа заканите на Трамп, не сметајќи ги за празна реторика...
06.01.2026
Данска го предупредува Трамп да престане со заканите за Гренланд по случувањата во Венецуела
Премиерката на Данска порача дека САД немаат право да анектираат делови од данското кралство, откако Трамп повторно тврдеше дека Гренланд е клучен за американската безбедност.
05.01.2026
Опседнати сте со Гренланд? Можеби и вие имате погрешна мапа
„Ги обожавам мапите“, рече еднаш Трамп. „И секогаш велев: Погледнете ја големината (на Гренланд). Огромен е. Треба да биде дел од Соединетите Американски Држави“.
01.05.2025
Новиот премиер на Гренланд: „Да бидам јасен: САД нема да го добијат островот“
Новиот премиер на Гренланд рече дека Доналд Трамп нема да го добие арктичкиот остров, што е прв коментар што тој го даде откако во петокот формираше влада.
31.03.2025
Зошто Доналд Трамп е опседнат со преземањето на Гренланд?
Американскиот претседател Доналд Трамп е цврсто одлучен да ја преземе контролата врз Гренланд, најголемиот остров во светот и самоуправна територија на Данска, и покрај противењето на Гренланѓаните и Данците.
27.03.2025
Засега, американските официјални лица се фокусирани на можни деловни договори што би ѝ овозможиле на САД поголемо присуство на островот, валат анонимните извори. Тие вклучуваат проекти за експлоатација на ретки минерали, како и хидроенергетски и други вложувања. Но, според изворите, овие проекти најверојатно не се доволно во напредна фаза за да ја задоволат желбата на Трамп за брзи и драматични резултати.
Поамбициозните идеи за политичко приближување на Гренланд кон САД не напредувале, поради воздржаниот прием од страна на тамошната влада и од Данска, велат изворите.
„Претседателот Трамп зборува за тоа САД да го преземат Гренланд повеќе од една година – уште пред да ја преземе функцијата во овој мандат“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, во одговор на новинарско прашање.
„Сите клучни членови на тимот за национална безбедност на претседателот се информирани за сите значајни надворешнополитички случувања. „Од очигледни причини, луѓе кои не ја почитуваат оперативната безбедност и кои пласираат отворени лаги пред Блумберг, не се дел од таа група.“
Употребата на сила за преземање на Гренланд не е сериозно разгледувана, велат лица запознаени со ситуацијата. Истакнати републиканци исто така оваа недела се обидоа да ја отфрлат идејата дека САД размислуваат за воена акција.
„Не размислуваме за спроведување воена операција“ во Гренланд, им изјави во средата на новинарите сенаторот Роџер Викер, претседател на Сенатската комисија за вооружени сили. „Би било одлично доколку Гренланд одлучи дека сака да стане дел од САД, и ако Данска каже дека ги разбира причините зошто тоа го сакате. Да склучиме договор, но тоа би било можно само под соодветни услови.“
Но Данска, која го контролира Гренланд како територија од 1953 година, ја отфрли можноста да се откаже од него, игнорирајќи го предлогот на Трамп во неговиот прв мандат за купување на островот. Понудите на Копенхаген да ѝ овозможи на САД поголемо воено и економско присуство на Гренланд не ја задоволиле администрацијата на Трамп.
Арктикот добива сè поголемо стратешко значење
Bloomberg
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во средата изјави дека и натаму е на маса можноста за купување на островот. „Неговиот тим во моментов разговара за тоа како би изгледало евентуалното купување“, рече таа.
Меѓу другите идеи што ги разгледувала Белата куќа е и Договор за слободна асоцијација, модел сличен на договорите што САД ги имаат со островските држави во Пацификот, велат лица блиски до процесот. Сепак, тоа најверојатно би барало Данска да се откаже од контролата врз Гренланд.
Европските официјални лица имаат тешкотии да ги следат честопати противречните сигнали од американската администрација. Откако во вторникот се појавија информации дека државниот секретар Марко Рубио, на затворен состанок, им рекол на највисоките законодавци, меѓу кои и Викер, дека администрацијата и понатаму настојува да го купи Гренланд, еден од водечките републиканци на Капитол Хил во средата го релативизираше тоа.
„Тоа беше шега, се обидуваше да биде духовит“, им изјави на новинарите претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон. „Дали знаеме дали во овие преговори ќе има некаков финансиски аранжман? Искрено, никој од нас не знае. Но Марко не влезе кај ‘Групата осум’ и да каже: ‘Ќе го купиме Гренланд’.“
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд треба да се сретнат со Рубио во Вашингтон следната недела, за да разговараат за ова прашање.
„Следните две недели се клучни“, изјави за „Блумберг ТВ“ заменик-претседателот на данската комисија за надворешна политика, Ларс-Кристијан Браск.
„Но, да ја одржиме средбата на тројцата министри за надворешни работи, да ги расчистиме недоразбирањата, да се обидеме да разбереме што точно сака секоја страна да постигне, и сигурен сум дека по таа средба ќе бидеме подобро информирани и ќе има помалку дезинформации.“
Трамп како оправдување за своите повици САД да преземат контрола врз Гренланд го наведува засиленото присуство на воени бродови и други активности околу островот од страна на Кина и Русија. Данските и гренландските власти тврдат дека тие стравувања се пренагласени и понудија да ѝ дозволат на Америка да го зголеми своето воено присуство таму.
„Гренланд е покриен со руски и кинески бродови насекаде“, изјави Трамп во неделата. „Ни треба Гренланд од аспект на националната безбедност, а Данска нема да може да го обезбеди тоа, можам да ви кажам.“
Тој постави рок од две недели до 20 дена за решавање на ова прашање.
Трамп првпат ја изнесе идејата за купување на Гренланд во 2019 година, за време на неговиот прв мандат како претседател. По враќањето во Белата куќа, тој ја засили реториката. Во декември, данска разузнавачка агенција за првпат ги опиша САД како потенцијален безбедносен ризик.