Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека разговара за можен договор за слободна трговија со САД, кој би бил дел од поширок пакет за економски просперитет и обновување на земјата по завршувањето на војната.
Во интервју за „Блумберг“, Зеленски нагласи дека договорот би предвидувал нулта царини во трговијата со САД и би се применувал на одредени индустриски региони во Украина. Според него, ваквиот аранжман би ѝ дал на земјата „многу сериозни предности“ во однос на соседните држави и би можел да привлече странски инвестиции и компании.
Украинскиот претседател истакна дека деталите за договорот ќе мора директно да ги усогласи со американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека ваквиот договор би претставувал и дополнителна економска безбедносна гаранција за Украина.
Прочитај повеќе
Жесток руски напад врз Украина, употребена и балистичката ракета „орешник“
Русија продолжува со жестоки напади на Украина, лансирајќи 242 дронови и ракети. Има загинати цивили, а многумина останаа без струја и греење, додека температурата паѓа под -5 Целзиусови степени.
09.01.2026
Наводен напад врз резиденцијата на Путин ја разниша надежта за мировен договор
Наводен напад со дронови, остри деманти и нови тензии меѓу Москва и Киев ја доведоа под прашање мировната иницијатива на Трамп за Украина. Дали дипломатските разговори влегуваат во најкритичната фаза досега?
30.12.2025
Мир без временска рамка: Ќе донесе ли новата година крај на четиригодишната војна во Украина
Одговараме на клучните прашања: територијалниот интегритет на Украина и иднината на Донбас
30.12.2025
Што би изгубила Украина со мировен договор со Русија?
Дали мирот во Украина значи губење една петтина од нејзината територија? Кој навистина одлучува за границите и зошто Донбас и Крим се клучни во договорот што може да ја редефинира европската безбедност...
29.12.2025
Зеленски говореше по добивањето извештај од главниот украински преговарач, Рустем Умеров, кој имал разговор со специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Според Зеленски, американските претставници неодамна биле во контакт со Русија, но засега не е познато дали ќе следат директни средби во Москва.
Украина веќе ги доставила своите забелешки за територијалните предлози до американската страна, која треба да ги пренесе до руските претставници. Зеленски изрази надеж дека одговорот од Москва за таканаречената рамка од 20 точки ќе биде добиен до крајот на месецот, кога очекува да ги финализира и безбедносните гаранции и планот за обновување заедно со Трамп.
Тој најави и можност за средба со американскиот претседател во САД или во Давос, каде двајцата лидери треба да учествуваат на Светскиот економски форум.
Во однос на безбедносните прашања, Зеленски нагласи дека сака конкретни обврски од САД во случај на нова руска агресија. „Не сакам сè да се сведе само на ветување дека ќе реагираат. Сакам нешто многу поконкретно“, рече тој.
И покрај напредокот во разговорите со сојузниците за безбедносни гаранции, Зеленски истакна дека територијалните прашања остануваат главната пречка во преговорите за ставање крај на руската инвазија.
Украина, според него, разгледува и американски предлог за формирање слободна економска зона меѓу украинските и руските сили по евентуален прекин на огнот. Таквата зона би овозможила економска активност и нормален живот во тампон-појасот под посебен правен и даночен режим, особено во делови од источниот регион Донбас.
Алтернативно, Зеленски наведе дека можно е и замрзнување на линијата на контакт, со задржување на силите на сегашните позиции, додека отворените прашања би се решавале по дипломатски пат. „Станува збор за замрзнување на линијата на контакт, а не на конфликтот“, рече тој.
Зеленски повтори дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
Во меѓувреме, тој ја повика американската страна на посистематски одговор на руската агресија, истакнувајќи дека Украина сè уште не ги добила сите ветени системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и муниција.
Во петокот рано наутро Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина, при што големи делови од Киев останаа без струја, греење и вода. Градоначалникот на Киев ги повика жителите привремено да го напуштат градот, но Зеленски ја оцени таа изјава како панична, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на нормализирање на животот во главниот град.
Осврнувајќи се на изјавите на некои европски лидери за обновување на дијалогот со Москва, Зеленски истакна дека не се противи на разговори, доколку Русија покаже дека ги сфаќа сериозно. „Се движиме кон финалната фаза, иако сè уште не знаеме како точно ќе изгледа“, заклучи тој.