Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер Володимир Зеленски како главна пречка за постигнување договор за прекин на војната што Русија ја започна против неговата земја пред четири години.
Трамп во интервју за „Ројтерс“ (Reuters) го опиша рускиот претседател Владимир Путин како „подготвен да склучи договор“, објави „Ројтерс“. Кога беше прашан што го попречува договорот, Трамп одговори: „Зеленски“, соопшти „Ројтерс“.
Американскиот претседател наизменично ги обвинуваше Украина и Русија за неуспехот да постигнат договор, за што во текот на неговата претседателска кампања во 2024 година тврдеше дека може лесно да се реши.
Прочитај повеќе
Зеленски најави можен договор за слободна трговија со САД
Зеленски најавува можен договор за слободна трговија со САД со нулта царини, кој може драматично да ја забрза обновата на Украина по војната.
10.01.2026
Наводен напад врз резиденцијата на Путин ја разниша надежта за мировен договор
Наводен напад со дронови, остри деманти и нови тензии меѓу Москва и Киев ја доведоа под прашање мировната иницијатива на Трамп за Украина. Дали дипломатските разговори влегуваат во најкритичната фаза досега?
30.12.2025
Мир без временска рамка: Ќе донесе ли новата година крај на четиригодишната војна во Украина
Одговараме на клучните прашања: територијалниот интегритет на Украина и иднината на Донбас
30.12.2025
Минатата недела сенаторот Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, рече дека Трамп дал зелено светло за двопартискиот закон за санкции против Русија. „Се радувам на силното двопартиско гласање, се надевам дека ќе се случи веќе следната недела“, рече тогаш Греам. Претставник на Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува законот.