Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше поканет да се приклучи на Одборот за мир во Газа што го формира американскиот претседател Доналд Трамп за да ја надгледува реконструкцијата на палестинската енклава, изјави во неделата министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
„Тој е почестен од поканата и секако ќе учествува во работата на одборот“, изјави Сијарто за државното радио „Кошут“.
Прочитај повеќе
Трамп во центарот на вниманието на Блискиот Исток – тешкиот дел допрва следува
Трамп го прослави прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас и најави создавање „нов Блиски Исток“, но, според експертите, пред него стојат многу потешки дипломатски испити.
14.10.2025
Доналд Трамп остана со празни раце, Нобеловата награда за мир оди кај Марија Корина Мачадо
За наградата имаше 338 кандидати од кои 244 се поединци, а 94 се организации.
10.10.2025
Планот на Трамп во 20 точки за ставање крај на војната во Газа
Новата Газа треба да стане зона без тероризам, со технократска власт, меѓународна стабилизациска сила и економска зона што ќе ги поттикне развојот и мирот.
09.10.2025
Популистичкиот лидер, кој се соочува со најтешкиот предизвик од неговото 16-годишно владеење на изборите на 12 април, се смета за еден од најсилните поддржувачи на Трамп во Европа.
Американскиот претседател покани неколку светски лидери, вклучувајќи го Аргентинецот Хавиер Милеи и Канаѓанецот Марк Карни, да бидат дел од групата, која би била формирана под чадорот на поширок Одбор за мир.