Администрацијата на Трамп се подготвува да го номинира Кевин Ворш за следен претседател на Федералните резерви, велат добро упатени извори.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека планира в петок наутро да го објави својот избор за нов лидер на американската централна банка.
Лицата, кои побарале анонимност бидејќи станува збор за информации што сè уште не се јавни, предупредија дека одлуката не е конечна додека Трамп не даде официјално соопштение.
Прочитај повеќе
Рик Ридер од „Блекрок“ добива предност пред другите кандидати за претседател на Фед
Кредибилитетот на Рик Ридер на Волстрит и отвореноста за правење промени во Федералните резерви ја зајакнале неговата кандидатура за највисоката позиција во централната банка, велат лица запознаени со размислувањата во Белата куќа.
24.01.2026
Трамп: Дајмон греши што ја критикува истрагата против Пауел
Претседателот на САД ги отфрли критиките на Џејми Дајмон во врска со истрагата што Министерството за правда ја спроведува за Федералните резерви (Фед), изјавувајќи дека извршниот директор на „ЏП Морган“ греши кога сугерира дека тој ја поткопува независноста на централната банка.
14.01.2026
Сведочењето на Пауел пред Конгресот во фокусот на високоризична истрага на Министерството за правда
Проект вреден 2,5 милијарди долари за реновирање на седиштето на Фед го доведе сведочењето на Пауел под правна лупа, иако засега нема поднесено обвинение.
14.01.2026
Записникот од седницата на Фед сигнализира - повеќето членови се за намалувања на каматните стапки
Иако Фед гледа можност за понатамошни намалувања на каматите, дел од членовите стравуваат дека инфлацијата може да се задржи на повисоко ниво.
31.12.2025
Трамп „со задоволство би го отпуштил Џером Пауел“ пред истекот на мандатот
Трамп не ја исклучува можноста да го отпушти Џером Пауел од врвот на Федералните резерви, во време кога Белата куќа врши притисок за поагресивно намалување на каматите.
30.12.2025
Белата куќа и Ворш не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Ворш, поранешен гувернер на Фед и еден од четворицата финалисти на кратката листа на Трамп за следен лидер на централната банка, ја посетил Белата куќа во четвртокот, брифира еден од анонимните извори.
Акциите паднаа, а приносите на американските државни обврзници пораснаа поради обложувањата дека Ворш ќе стане следниот претседател на Фед. Американскиот долар ги продолжи добивките, додека благородните метали ослабнаа.
Пазарите за предвидувања уште во четвртокот покажаа нагло зголемување на обложувањата дека ќе биде избран Варш.
Други кандидати на кратката листа се директорот на Националниот економски совет, Кевин Хасет, гувернерот на Фед, Кристофер Волер, и извршниот директор во „Блекрок“ (BlackRock Inc.), Рик Ридер.
Претседателот во четвртокот вечер ја најави претстојната објава без да го открие името, велејќи дека изборот нема да биде големо изненадување и дека станува збор за личност што им е позната на „сите“ во финансискиот свет.
„Многу луѓе мислат дека ова е некој што можеше да биде таму пред неколку години“, рече Трамп.
Ворш беше член на Одборот на гувернери на американската централна банка од 2006 до 2011 година и го советуваше Трамп за економската политика. Ако биде номиниран и потврден, тој ќе го наследи Џером Пауел, чиј мандат на чело на институцијата истекува во мај. Тоа би било големо враќање за 55-годишниот Варш, кој во 2017 година беше изоставен за највисоката функција, кога Трамп наместо него го избра Пауел.
Во последниве месеци Ворш се усогласи со барањата на претседателот, јавно застапувајќи пониски каматни стапки, спротивно на неговата долгогодишна репутација како цврст поборник за борба против инфлацијата.
Трамп бара кандидат што ќе биде широко прифатлив за пазарите и истовремено ќе ја дели неговата наклонетост кон понатамошно и побрзо намалување на каматните стапки.
Фед оваа недела ги задржа каматните стапки непроменети, откако ги намали трипати кон крајот на 2025 година.
Изборот на Трамп може да се соочи со комплициран пат до потврда во американскиот Сенат. Ворш веројатно ќе биде прифатлив за широк круг републикански сенатори, при што Бил Хагерти од Тенеси го нарече „многу јасен избор што пазарите би го прифатиле и ценеле“.
Но клучниот сенатор Том Тилис, републиканец од Северна Каролина и член на Банкарскиот комитет, вети дека ќе ги блокира сите номинации на Трамп за Фед додека Министерството за правда на САД не ја заврши истрагата за реновирањето на седиштето на централната банка во Вашингтон.
Таа истрага, која се однесува и на сведочењето на Пауел пред Конгресот, дополнително ги засили стравувањата дека независноста на Фед може да биде доведена во прашање.
„Номинациите за Фед нема да се придвижат додека не заврши истрагата и евентуалното поднесување обвинение против претседателот Пауел“, им рече Тилис на новинарите во четвртокот во Капитол.
„Министерството за правда треба да одлучи кога ќе ги повлечам блокадите. Ќе ги повлечам оној ден кога случајот ќе биде пресуден или ќе биде повлечен.“
Запрашан во четвртокот вечер дали кандидат за претседател на Фед може да биде потврден без поддршката на Тилис, лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тјун, одговори: „Веројатно не.“