Францускиот парламент го усвои буџетот за 2026 година откако премиерот Себастијен Лекорну преживеа две гласања за недоверба во понеделникот, ставајќи им крај на неколкумесечните политички превирања што ја разнишаа довербата на инвеститорите во земјата.
Предлогот за цензура поднесен од пратениците на радикалната левица во Националното собрание доби 260 гласа, што е помалку од потребните 289 за да се собори малцинската влада и да се отфрли буџетот. И предлогот од крајната десница исто така не успеа, со само 135 гласа.
Францускиот премиер и неговата влада опстанаа откако направија отстапки за да ги убедат централнолевичарските социјалистички пратеници да се воздржат во серијата гласања за недоверба поврзани со буџетот во изминатите недели.
Прочитај повеќе
Макрон ќе бара за САД да се употреби инструментот на ЕУ против принуда
Инструментот против принуда на ЕУ е најмоќната алатка за одмазда на блокот.
18.01.2026
Зелен сигнал за трговскиот договор ЕУ–Меркосур по 25 години преговори
ЕУ е на чекор до потпишување на договорот со Меркосур, и покрај противењето на Франција и протестите на земјоделците.
09.01.2026
Пратениците во Франција го усвоија Законот за социјална сигурност
Со усвојувањето на законот за социјална сигурност, Франција избегна потенцијална владина криза, а компромисот со социјалистите ги зголеми шансите буџетот да биде донесен навреме.
10.12.2025
Дали економијата стана отпорна на политичарите?
Дали примерите на Франција, Полска и на некои други земји што постигнуваат економски раст и покрај внатрешните политички несогласувања, всушност, ги поткопуваат постулатите на економската теорија?
07.12.2025
Данокот за богатство не помина, Лекорну во обид да добие поддршка за буџетот
Францускиот премиер Себастијан Лекорну повика на затворени разговори со пратениците во обид да добие поддршка за буџетот, откако по жестоката дебата во парламентот не беше постигнат компромис околу данокот на богатство.
01.11.2025
Француската економија добро ја „поднесува“ политичката криза
Француската економија покажува изненадувачка отпорност, соопшти централната банка, и покрај политичката криза што кулминираше со падот на владата, но растечката неизвесност сè повеќе ги загрижува деловните лидери.
10.10.2025
Новиот буџет предвидува помали кратења на трошоците и зголемувања на даноците отколку претходните предлози, што значи дека дефицитот за годинава, проценет на 5 отсто, ќе биде поголем од првично планираното.
Сепак, Лекорну ја избегна судбината на своите претходници Мишел Барние и Франсоа Бајру, кои беа принудени да поднесат оставка откако Националното собрание се спротивстави на мерките за штедење.
„Ова е компромисен буџет што ни овозможува да продолжиме напред и, што е најважно за мене, да го зачуваме растот“, изјави утринава францускиот министер за финансии Ролан Лескур за телевизијата БФМ.
Усвојувањето на францускиот буџет им даде поддршка на обврзниците
Приносите во однос на другите земји се намалија додека законот напредуваше
Bloomberg
Француските влади се ранливи уште од предвремените избори во 2024 година, кои го поделија Долниот дом на парламентот на спротивставени блокови што се натпреваруваат да го соборат секој премиер назначен од претседателот Емануел Макрон.
Со усвојувањето на буџетот, земјата влегува во период на релативен политички мир, со помалку поводи пратениците да бараат гласања за недоверба. Опозициските партии исто така го префрлаат фокусот кон локалните избори во март и подготовките за претседателските избори во 2027 година.
Што вели „Блумберг економикс“:
„Откако ќе се обезбеди гласањето за буџетот, неизвесноста веројатно ќе се намали пред локалните избори во март, отворајќи можен прозорец на стабилност пред претседателската трка во 2027 година. Сепак, политичкиот застој ќе продолжи, ограничувајќи го реформскиот замав.“
- Жан Далбар и Антонио Баросо
Парламентарните превирања во Франција се совпаднаа со појавата на дупки во јавните финансии, кои ја оставија земјата со најголем дефицит во еврозоната. Комбинацијата од политички и фискални ризици предизвика периоди на распродажба на француските средства, ги зголеми трошоците за државно задолжување и дополнително ги искомплицира напорите на владите да воспостават контрола врз јавните финансии.
Перспективата за буџетски компромис и политичка стабилност веќе ги поддржа француските пазари на обврзници во јануари. Минатата недела премијата на францускиот десетгодишен долг во однос на германските обврзници падна на околу 56 базични поени - најниско ниво откако Макрон ги распиша изборите. На затворањето на пазарите во понеделникот разликата изнесуваше 58 базични поени.
Има и знаци дека француските финансии можеби не се влошиле толку колку што се очекуваше, бидејќи податоците покажуваат дека дефицитот во сметките на централната држава лани се намалил на најниско ниво од времето на пандемијата на ковид.
Дефицитот на француската држава најнизок од пандемијата на ковид
Буџетски биланс од почетокот на годината
Bloomberg
Сепак, Франција ја очекуваат уште неколку години со „тешки“ буџети, бидејќи државниот долг порасна на над 117 отсто од економското производство. Пред пандемијата беше под 100 отсто, но трошоците за ковид-програмите силно го зголемија задолжувањето.
Сегашната влада се обврза да го намали дефицитот во рамките на лимитот на Европската Унија од 3 отсто од економското производство до 2029 година.