Европскиот парламент се согласи да го продолжи процесот на ратификација на замрзнатиот трговски договор со САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од заканите дека ќе го преземе Гренланд.
Пратениците во трговската комисија ја донесоа одлуката во средата, закажувајќи повторно гласање што претходно беше откажано, со цел да се усвои трговскиот пакт меѓу Европската унија и САД, договорен минатото лето, но никогаш целосно спроведен. Гласањето би можело да се одржи на 24 февруари, објави претседателот на комисијата Бернд Ланге на X.
Одлуката не значи дека договорот ќе помине лесно. И понатаму има влијателни европратеници кои изразуваат скепса. Ако комитетот даде зелено светло, договорот потоа ќе оди на гласање пред целиот Парламент.
Прочитај повеќе
Заканите на Трамп за Гренланд го доведуваат во ризик клучното климатско истражување
Политичките тензии околу Гренланд ги попречуваат проектите што се пресудни за разбирање на топењето на мразот и глобалните климатски промени.
30.01.2026
Данците ги бојкотираат американските производи
„Вегемајт“, намазот од Австралија направен од квасец, добива зелена ознака. Истото важи и за француско шише вино. Но диеталната „Кока кола“, омилена на претседателот Доналд Трамп? За тоа, една популарна нова мобилна апликација во Данска доделува црвен Х за неуспех — порака до купувачите да го вратат тој американски производ назад на полицата.
25.01.2026
Трамп се откажува од царините откако бил постигнат „рамковен“ договор за Гренланд
Одлуката, која Трамп ја објави во средата на социјалните медиуми, претставува сериозен пресврт за претседателот кој постојано се обидуваше да ја принуди Европа околу Гренланд.
22.01.2026
Трамп се откажува од царините откако бил постигнат „рамковен“ договор за Гренланд
Одлуката, која Трамп ја објави во средата на социјалните медиуми, претставува сериозен пресврт за претседателот кој постојано се обидуваше да ја принуди Европа околу Гренланд.
22.01.2026
Властите во Гренланд со повик до луѓето да се подготват за можна инвазија
Воен конфликт засега изгледа далеку, но властите започнаа со подготовки за можни последици и нарушувања на секојдневниот живот.
21.01.2026
Само неколку минути по објавата, втората по големина група во Парламентот, централнолевичарските Социјалисти и демократи, ветија дека нема да го поддржат договорот, освен ако не содржи клаузула за суспензија доколку САД ја загрозат сувереноста на ЕУ.
„Нема автоматски да одобриме никаков договор“, рече Ланге во соопштение. „Сè уште нè очекуваат преговори за да го подобриме.“
Спротивно на тоа, најголемата група во Европскиот парламент, десноцентристичката Европска народна партија, решително застана зад договорот, аргументирајќи дека неговото понатамошно блокирање само би донело дополнителни трошоци за бизнисите во ЕУ.
„Нашите компании не можат да чекаат, како што не може да чека ниту нашата економија“, изјави Жељана Зовко, водечка претставничка на групата за трговските односи со САД. „Мора да продолжиме напред веднаш.“
Трговскиот пакт меѓу ЕУ и САД беше ставен на пауза минатиот месец, при што европратениците се повикаа на „принудните“ потези на Трамп во врска со Гренланд, данска територија.
Но, откако Трамп ја повлече заканата дека ќе воведе царини за европските земји сè додека не го отстапат арктичкиот остров, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, изјави дека сака да се продолжи со процесот на одобрување.
Договорот првично беше постигнат во јули минатата година. ЕУ се согласи да ги укине речиси сите царини за американските производи, додека прифати давачка од 15 отсто за поголемиот дел од својот извоз во САД и тарифа од 50 отсто за челикот и алуминиумот.
Неурамнотежениот договор предизвика критики во Европа, но европските претставници и бројни лидери го бранеа како начин за стабилизирање на односите со најголемиот трговски партнер на блокот. ЕУ, исто така, се надеваше дека ќе го задржи Трамп на своја страна во врска со Украина.
Дури и пред заканите на Трамп за Гренланд и царините, трговскиот договор меѓу ЕУ и САД имаше тежок пат во Европскиот парламент.
Група европратеници му се спротивставуваа уште од самиот почеток, а критиките се засилија откако САД ја проширија тарифата од 50 отсто за металите на стотици дополнителни производи. Потоа Вашингтон побара промени во европските технолошки правила, во замена за повлекување на проширените царини, што предизвика уште поголемо негодување кај противниците.
Социјалистите и демократите соопштија дека ќе го отфрлат договорот и доколку проширените царини од 50 отсто не се намалат на 15 отсто. Дотогаш, рече Ланге, „не може да има бесцарински пристап за американскиот челик и алуминиум на европскиот пазар“.