Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница го избра новиот состав на Извршниот комитет на партијата, а лидерот и премиер Христијан Мицкоски рече дека тој е спој на искусни и нови членови.
Нов генерален секретар на партијата е пратеникот Драган Ковачки, а организациски секретар е актуелниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, а кој е и досегашен и иден директор на Централниот штаб. Партијата нема повеќе потпретседатели, а досегашните се избрани за членови на Извршниот комитет.
Владимир Нелоски, шеф на владиниот кабинет, како што рече лидерот Мицкоски, продолжува да биде и шеф на кабинет во рамките на ВМРО-ДПМНЕ.
Прочитај повеќе
Зошто потфрли македонскиот буџет во 2025 година?
Анализа на “Фајненс Тинк“ за тоа зошто потфрли реализацијата на македонскиот буџет во 2025 година
06.02.2026
Светската банка ја задржа прогнозата за економски раст на Македонија на три проценти
Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи објавен во средата институцијата наведе дека се очекува економијата на земјата да продолжи по умерен и стабилен пат на раст.
15.01.2026
Македонија се задолжи милијарда евра преку нова еврообврзница
Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 проценти за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750 проценти за траншата со рок на достасување од 8 години.
14.01.2026
Владата и приватниците во Македонија можат да бидат добра компанија
Слабостите во законската рамка, институционалниот капацитет, постапките за доделување и надзорот над договорите за јавно-приватно партнерство го оневозможуваат нивното ефективно функционирање во Македонија.
11.11.2025
Скапо нѐ чини рејтингот: Македонија поблиску до Африка отколку до регионот за нови задолжувања
Се обидовме да отсликаме низ каква диоптрија би можеле инвеститорите да ја гледаат нашата држава кога ќе „мерат“ колкава цена треба да платиме за новите заеми.
13.11.2025
Нова регулатива: Владата воведува даночни олеснувања за бизнис-ангелите
Бизнис-ангел ќе може да користи законски поволности доколку неговата инвестиција не е пониска од 5.000 евра и не е повисока од 250.000 евра.
25.08.2025
Според Мицкоски, одлуките на Централниот комитет се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните“, рече Мицкоски.
Тој најави дека во периодот што следува ќе има кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, луѓе и нова енергија.
„Во наредниот период ќе имаме избор на претседатели на партиските Општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Овие процеси ќе се водат инклузивно со јасна визија за иднината и со фокус на квалитет, одговорност и резултати“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, во услови кога „имаме опозицијата којашто не нуди решенија и којашто е целосно безидејна, полна со проблеми“, решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО ДПМНЕ.
Тој најави дека партијата продолжува со подготовка за нови изборни победи.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“, додаде тој.
Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски најави дека најдоцна до јуни ќе има реконструкција во рамките на владиниот кабинет.
Според Мицкоски, освен во владиниот кабинет можно е да има промени и во некои институции. Сепак тој вели дека досега не е направена анализа за овие промени и додаде дека во периодот што следува таа ќе биде подготвена.
„Во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, Унијата на млади сили, Унијата на жени, ветерани, општинските организации, процес што очекувам да заврши до април и во мај најкасно јуни да имаме реконструкција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, можеби и на некои институции. Досега не е направена таква анализа, но во периодот што следи ќе се прави таква анализа“, рече Мицкоски.
За членови на Извршниот комитет на партијата се избрани:
-Александар Николоски, потпретседател на Владата и министер за транспорт
-Владо Мисајловски, министер за одбрана
-Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-Ѓорѓија Сајкоски, досегашниот генерален секретар на партијата и актуелен пратеник
-Никола Мицевски, координатор на пратеничката група и согласно статутот по функција е дел и од Извршниот комитет на партијата
-Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје
-Онер Јакупоски, градоначалник на Маврово и Ростуше
-Драгана Бојковска, пратеничка
-Синиша Стојаноски, директор на „8 Септември“
-Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-Луке Галески, кој е дел од кабинетот на Владата и шеф на Центарот за комуникации и при Владата и во ВМРО-ДПМНЕ
-Антонијо Милошоски, потпретседател на македонското собрание
-Дафина Стојаноска, пратеничка и заменик координатор на пратеничката група
-Рашела Мизрахи, пратеничка
-Влатко Ѓорчев, национален координатор за демографија
-Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид
-Марија Андоновска, директор во Институтот за јавно здравје
-Ели Панова, пратеничка и заменик координатор на пратеничката група
-Игор Јанушев, генерален секретар на Владата
-Марија Митева, портпарол на Владата
-Благоја Ташаминов, кој е дел од владиниот кабинет и претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ
-Филип Поповски, носител на листа на последните локални избори во град Битола, професор на техничкиот факултет во Битола и член на Советот во општина Битола
-Бобан Николовски, директор на „Царинска управа“