Коалицијата на премиерката Санае Такаичи обезбеди 310 пратенички места на изборите за Долниот дом во Јапонија, што претставува двотретинско мнозинство, објави јавниот радиодифузер НХК (NHK). Со овој резултат, владејачкиот блок е во позиција да го надгласува Горниот дом при донесување закони и потенцијално да го започне процесот за уставни измени.
Убедливата победа значително ја намалува способноста на опозицијата да блокира законодавство и ѝ дава на Такаичи многу поголема слобода да ги протурка фискалните, одбранбените и другите политики. За пазарите, исходот ги зацврстува очекувањата за континуитет на политиките, но во исто време ги отвора прашањата за долгорочната фискална одржливост.
Во првите коментари по затворањето на гласачките места, Такаичи зазеде претпазлив тон околу фискалната политика и најавеното намалување на даноците, обидувајќи се да ги ублажи стравувањата на инвеститорите околу нејзините планови за трошење.
Прочитај повеќе
Очекуваната победа на Такаичи ги крева јапонските акции, но ги слабее јенот и обврзниците
Пазарите во Јапонија се подготвуваат за продолжен раст, охрабрени од изборните анкети, додека валутата и обврзниците сигнализираат зголемен ризик.
08.02.2026
Јапонските гласачи се подготвуваат да донесат пресуда за лидерството на Санае Такаичи
Јапонската премиерка, Санае Такаичи бара силен мандат за поагресивна потрошувачка и инвестиции, исход што би можел да поттикне нова фаза на раст на берзата, да го ослабне јенот и да ја преобликува економската политика.
08.02.2026
Пазарите се претпазливи пред интервенцијата за сопирање на падот на јенот
Трговците ќе ја започнат неделата со зголемена будност за можната интервенција на јапонската влада која има за цел да го запре слабеењето на јенот - можеби со ретка помош од САД - откако премиерката Санае Такаичи предупреди за акција против ненормалните движења.
25.01.2026
Јапонија прво ја разбесни, а сега многу се труди да ја смири Кина во врска со Тајван
Јапонија презема широки дипломатски напори за ублажување на тензиите со Кина откако коментарите на премиерката Санае Такаичи за Тајван предизвикаа остра реакција од Пекинг.
18.11.2025
Јапонска „биркин“: Премиерката ја претвора локалната чанта во вирален хит
Жените во политиката имаат тенденција да се држат до традиционалните луксузни брендови, но повремените неконвенционални избори можат да бидат трансформативни за помалите трговци на мало и локалните производители. Погледнете ја јапонската „биркин“ што го запали интернет
07.11.2025
(ЕУ)Јапонизација
Феноменот „јапонизација“ во последните две децении се споменува неколкупати во економските анализи на ситуацијата во Европа, секогаш кога европската економија била заглавена во стагнација или многу низок раст.
01.11.2025
„Ќе ги забрзаме разговорите за намалување на данокот на промет“, им рече Такаичи на новинарите. Таа додаде дека предлог-закон за даночна реформа ќе биде поднесен до парламентот доколку се постигне договор.
Според објавите, Такаичи е на пат да ги забрза разговорите за двегодишно суспендирање на данокот на промет на храна, мерка што беше ветена за време на изборната кампања. Планот е прашањето да се разгледува во комитет, а доколку се постигне согласност, законот да биде испратен во парламентот.
Министерката за финансии, Катајма, повтори дека нема да се потпира на издавање државни обврзници за покривање на дефицитот и дека управувањето со јавните финансии нема да биде лабаво. Овие изјави, според оценките, имаат за цел да ги смират пазарните тензии околу фискалното здравје на земјата. И покрај тоа, клучно отворено прашање останува како ќе се финансира суспендирањето на данокот на промет на храна.
Изјавите на Катајама ја нагласуваат и добро познатата потреба од внимателно балансирање. Со оглед на тоа што јенот веројатно ќе остане нестабилен по изборите, таа во изјавата избегнува експлицитни сигнали што би можеле да ги вознемират пазарите, додека ја истакнува координацијата со Вашингтон, практично држејќи се до истата стратегија што владата ја користеше во периодот пред гласањето. Катајама изјави дека нема да коментира за нивото на валутата, додавајќи дека е во тесен контакт со американските власти во врска со девизниот курс.
Во меѓународен контекст, силниот изборен резултат на Такаичи веројатно ќе биде позитивно примен во Вашингтон и ќе се гледа како потврда на поддршката што ја доби од американскиот претседател Доналд Трамп. Убедливата победа ја зајакнува нејзината позиција дома и ја зголемува нејзината вредност како партнер на светската сцена.
Зајакната со јасен мандат, Такаичи е во подобра позиција брзо да се придвижи околу безбедносната соработка, зголемувањето на одбранбените трошоци и стратешкото усогласување со САД — области што Трамп ги става во преден план во односите со сојузниците.
Во делот за континуитетот во кабинетот, се наведува дека нема потреба од поголеми промени, што упатува на задржување на досегашната политичка насока.
Како пример се посочува министерот за трговија Рјосеи Аказава, кој минатата година беше главен преговарач за царините со администрацијата на Трамп и се потпираше на личните контакти со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник за напредок во плановите за фонд од 550 милијарди долари за инвестиции во САД.