Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе оставка во четврток и за тоа го известил Собранието, потврдија од Комисијата.
Согласно Законот за енергетика и Статутот на РКЕ, се додека не се донесе одлука за престанок на функцијата претседател на РКЕ, Бислимоски ќе ја извршува функцијата.
„РКЕ ќе продолжи да функционира и да ги извршува надлежностите и обврските кои ги има согласно Законот за енергетика“, пишува во соопштението за јавност.
Прочитај повеќе
Струјата за домаќинствата поскапува за 0,92 отсто
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти.
18.12.2024
Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми до еден процент
Мрежарината е намалена поради тоа што одредени компании имале повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ.
02.12.2024
Од 1 август се намалува цената на парното
Топлинската енергија која ја произведува Те-То е за 30 проценти пониска од топланите
29.07.2024
Цената на струјата се зголемува од 0,65 до 1,92 проценти
Зголемувањето на цената за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата е под 0,5 проценти, вели Бислимоски.
27.06.2024
Претседателот и членовите на независната Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ги избираат пратениците. На Бислимоски ова му беше втор мандат на чело на комисијата по изборот во 2018 година.
Тој неодамна заработи кривична пријава од финансиската полиција, заради тоа што наводно не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива.
На тоа следуваше став од РКЕ во кој стоеше дека комисијата и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај. „Во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на 'Тритерол Петрол' е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци“.
Подоцна во изјава самиот Бислимоски рече дека постапките за одземање на лиценца за која било дејност и за кој било сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање.
„На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична енергија“, изјави Бислимоски.