Утрово на граничниот премин Блаце, при влез во Македонија од Косово, уапсен е Артан Груби, поранешниот вицепремиер, кој беше во бегство повеќе од една година, осомничен за проневери во Државна лотарија. Груби се предал на истражните органи без отпор, по што веднаш е спроведен во истражниот затвор Скопје, соопштија од МВР. Основното јавно обвинителство- Скопје најави дека во текот на денот ќе бидат објавени дополнителни информации за неговото изведување пред јавен обвинител.
За Артан Груби уште претходно беше одреден триесетдневен притвор во отсуство, мерка која стапи на сила веднаш по неговото приведување денеска. Иако тој пред повеќе од една година преку социјалните мрежи тврдеше дека неговиот престој во Косово е од приватна природа, неговата недостапност за органите на прогонот резултираше со распишување на меѓународна потерница од страна на МВР.
Основата за кривичниот прогон против Артан Груби е случајот поврзан со Државна лотарија, каде тој се сомничи за „Проневера во службата“. Според наводите на ОЈО Скопје, Артан Груби и поранешниот директор Перпарим Бајрами учествувале во незаконска набавка на ВЛТ-терминали во вредност од околу 8,2 милиони евра (500 милиони денари).
Прочитај повеќе
Дури 71 отсто од онлајн искоцканите пари во Европа лани завршиле кај нелегални сајтови
Нелегалните оператори за коцкање минатата година освоија 71 отсто од европскиот пазар за онлајн обложување и казина, или 80,65 милијарди евра.
26.08.2025
Корупциска афера во Украина: шефот на кабинетот на Зеленски си поднесе оставка
Моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе оставка откако беше вмешан во истрага за корупција. Андриј Јермак беше главен преговарач во мировните разговори, а неговата одлука доаѓа пред очекуваната посета на американска делегација во Киев во наредните денови.
28.11.2025
ЕСГ може да биде брана за високата корупција и иселувањето на младите од регионот
Социјалните и работните услови најмногу влијаат врз одлуката на младите да заминат.
25.06.2025
Поранешниот бразилски претседател Колор уапсен по пресуда за корупција
Поранешниот претседател на Бразил, Фернандо Колор де Мелјо, треба да започне со издржување затворска казна поради пресуда за корупција и перење пари.
25.04.2025
Случајот Артан Груби доби меѓународна димензија на 9 декември 2024 година, кога Стејт департментот на САД го стави на својата „црна листа“. Оваа одлука беше образложена со неговата вмешаност во значителна корупција и обиди за поткопување на владеењето на правото.
Артан Груби со години важеше за една од највлијателните фигури во партијата ДУИ и десна рака на лидерот Али Ахмети. Неговата кариера, која започна во граѓанскиот сектор и продолжи низ високи државни функции како министер за политички систем и прв вицепремиер во коалицијата со СДСМ, беше обележана со бројни контроверзии. Иако тој постојано ги отфрлаше обвинувањата како политички мотивирани, неговото бегство во декември 2024 година, непосредно по отворањето на истрагата од страна на ОЈО Скопје, дополнително го наруши неговиот кредибилитет.