Досега невидениот американско-израелски напад врз Иран во саботата веќе ги надмина претходните циклуси на удари и одмазди, додека Техеран конфликтот го третира како егзистенцијална закана.
Само неколку часа по почетокот на воената операција, Иран лансираше ракети кон повеќе локации, вклучително и Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин и се закани со дополнителни напади врз бази во Ирак, во обид да погоди објекти поврзани со САД. Тие локации можат да се користат за проектирање на американска воена моќ, но нападите врз нив истовремено им сигнализираат на земјите домаќини дека нивната поддршка има цена.
Јавно изразената цел на претседателот Доналд Трамп да ја елиминира заканата што ја претставува Иран и да ги поттикне неговите граѓани да ја соборат владата значи дека раководството во Техеран има мал поттик да се воздржи. Според лице запознаено со ситуацијата, американско-израелските удари веќе биле насочени кон високи функционери, воздушната одбрана и ракетни позиции кои би можеле да го погодат Персискиот Залив.
Прочитај повеќе
Што знаеме за иранската нуклеарна програма?
Иран располага со 441 килограм ураниум збогатен до 60 отсто, а по јунските напади врз иранските нуклеарни капацитети, инспекторите на МААЕ немаат увид во неговите резерви.
28.02.2026
Како нападите врз Иран го ставија Ормускиот теснец во фокусот на светската јавност
Пазарите стравуваат од сценарио во кое Ормускиот теснец станува ново жариште на енергетска криза. Низ него минуваат 16,7 милиони барели дневно, па секој ризик од затворање ги тресе пазарите.
28.02.2026
Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, посебни информации за Македонците
Сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион
28.02.2026
САД и Израел удрија врз Иран, Техеран најавува жесток одговор
По пропаднатите разговори за нуклеарниот договор, САД и Израел нападнаа цели во Иран, а вниманието се насочи кон Ормускиот теснец и нафтата.
28.02.2026
„Тие ќе лансираат сè што имаат кон секоја можна цел“, изјави Вилијам Алберк, висок соработник во „Пацифик форум“, истражувачки институт за надворешна политика, осврнувајќи се на очекуваната иранска одмазда.
Досегашните јавно достапни информации укажуваат дека САД и Израел користеле само оружје со долг дострел, како крстосувачки ракети. Тоа го ограничува ризикот за американските и израелските пилоти, особено во дневни услови.
Иако воздушната офанзива можеби нема да доведе до промена на режимот, бидејќи досега нема ниту еден пример влада да биде соборена исклучиво со воздушна сила, можно е разузнавачки операции паралелно да биле насочени кон клучни команданти во Иран. Целта е да им се стави до знаење дека отпорот е бесмислен и дека токму тие би можеле да ја преземат власта ако режимот се распадне.
Алберк изјави дека е веројатно САД и Израел да комуницираат со претставници од Министерството за одбрана, Револуционерната гарда и други институции, „обидувајќи се да ги натераат да пребегаат или да останат дома“.
„Денес би бил добар ден да не одите на работа“, рече тој.
Иран може да користи противбродско оружје за напади врз комерцијални и воени бродови во Заливот, иако засега нема извештаи за таква активност. Техеран располага со стотици крстосувачки ракети за таа намена, како и со мали ракетни чамци и подморници.
Американската морнарица, сепак, има значителна предност во воената моќ. Иако со децении не се соочила со координиран напад врз својата флота, не би требало да има сериозни потешкотии во справување со директни закани на море.
Додека военото и цивилното раководство на Иран продолжува да се соочува со притисок, конфликтот би можел дополнително да се прошири, изјави Питер Лејтон од Институтот „Грифит Азија“, истражувачки центар во Австралија (Griffith Asia Institute in Australia)
„Иранците наскоро ќе останат без ракети и лансери“, рече Лејтон. „Израел и САД ќе продолжат со бомбардирањата сè додека режимот не падне. Мислам дека двете страни сега се заробени во бескрајна спирала на напади, сè додека едната или двете не го изгубат интересот.“