Најлошото сценарио за Дубаи се оствари во саботата: одбранбените системи одбиваа ирански ракети и дронови над неговите познати облакодери, се слушаа случајни експлозии, а облаци црн чад се издигаа над најпознатата населба во градот-држава.
Локалните власти соопштија дека четири лица се повредени во пожар на Палм Џумеира, вештачкиот остров познат по луксузните хотели, одморалишта и атракции. Луксузен хотел таму бил погоден од делови од ракета што била пресретната или скршнала од својата траекторија.
Иран започна невиден бран воздушни напади во регионот, насочени кон американски бази, нарушувајќи ја долгогодишната слика на емиратот како безбедно засолниште во нестабилниот регион. Дубаи се гордееше со својата непоколеблива безбедност. Многумина и понатаму ги оставаат автомобилите и домовите незаклучени.
Прочитај повеќе
Трамп се обложува дека нападите врз Иран ќе ја спасат неговата МАГА агенда
Со воената операција врз Иран, Трамп презема најголем геополитички ризик досега, врзувајќи ја својата политичка иднина со исход што не може целосно да го контролира.
28.02.2026
САД и Израел го нападнаа Иран – што ги очекува пазарите в понеделник?
Воената ескалација на Блискиот Исток ги става берзите, нафтата и доларот под зголемено внимание, додека инвеститорите ја започнуваат неделата со засилена неизвесност.
28.02.2026
Конфликтот на Блискиот Исток се проширува, Техеран се соочува со егзистенцијална закана
Иран возврати со ракети кон Израел, како и кон Катар, ОАЕ и Бахреин, држави што се сојузници на САД, испраќајќи порака дека поддршката за Вашингтон има цена.
28.02.2026
Како нападите врз Иран го ставија Ормускиот теснец во фокусот на светската јавност
Пазарите стравуваат од сценарио во кое Ормускиот теснец станува ново жариште на енергетска криза. Низ него минуваат 16,7 милиони барели дневно, па секој ризик од затворање ги тресе пазарите.
28.02.2026
Но социјалните мрежи се преплавени со видеа од пресретнувачи и објекти што летаат по небото - незамислива сцена за емиратот. Ресторан во Меѓународниот финансиски центар на Дубаи, главниот финансиски центар на Блискиот Исток, неочекувано побарал од гостите да платат и да си заминат за да може да затвори порано.
Панично купување во некои супермаркети ги натера властите во Обединетите Арапски Емирати да издадат соопштение и да ги уверат жителите дека има доволно храна. Резервите на основни производи се „цврсти, сеопфатни и диверзифицирани“, наведоа тие, повикувајќи граѓаните да не создаваат залихи.
Ракети погодија сервисен центар во американска база и станбени згради во Бахреин, а дрон го погоди аеродромот во Кувајт, при што беа повредени неколку вработени во патничкиот терминал. Американската база таму исто така била погодена, при што тројца припадници на кувајтската војска биле полесно повредени. Катар пресретнал неколку бранови воздушни напади и ги суспендирал летовите, како и повеќе други земји.
Обединетите Арапски Емирати делумно го затворија својот воздушен простор и ги суспендираа летовите во Дубаи додека пресретнуваа ирански ракети.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во саботата навечер претседаваше со итен состанок за војната во својата канцеларија во Палатата Киџи во Рим. Но нејзиниот министер за одбрана, Гвидо Крозето, беше принуден да се вклучи преку видеоврска бидејќи останал во Дубаи поради затворањето на воздушниот простор, брифираат извори запознаени со ситуацијата.
Крозето отпатувал во Дубаи од приватни причини во петокот, но не можел да се врати по нападите врз Иран и одмаздничките напади на Техеран, додадоа тие.
На итниот состанок учествуваат и министерот за надворешни работи Антонио Тајани и раководителите на италијанските разузнавачки служби, соопшти кабинетот на Мелони.
Инаку, според државната новинска агенција, остатоци паднале во Дубаи и Абу Даби. Едно лице загинало откако ракети биле пресретнати во подрачје на Абу Даби, објави агенцијата.
Исламскиот свет, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, го одбележува светиот месец Рамазан, кога муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце. Многу кафулиња и ресторани остануваат отворени до доцна во ноќта и нудат можности за доцновечерна вечера и услуги.
Управите на некои згради во Дубаи ги повикуваат жителите да се засолнат во подрумите, а фитнес-центрите ги известија своите клиенти дека привремено се затвораат.