Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека постојат многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт.
Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад претходно денеска, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој кажа дека нападите ќе продолжат „олку долго колку што е потребно“ и дека конфликтот ќе донесе „вистински мир“.
Прочитај повеќе
Дубаи го доживува најлошиот кошмар, остатоци од ирански ракети погодија луксузен хотел
Ракетни остатоци паднаа во Дубаи и Абу Даби, регионалната ескалација ја наруши долгогодишната слика за безбедност.
28.02.2026
Конфликтот на Блискиот Исток се проширува, Техеран се соочува со егзистенцијална закана
Иран возврати со ракети кон Израел, како и кон Катар, ОАЕ и Бахреин, држави што се сојузници на САД, испраќајќи порака дека поддршката за Вашингтон има цена.
28.02.2026
САД и Израел го нападнаа Иран – што ги очекува пазарите в понеделник?
Воената ескалација на Блискиот Исток ги става берзите, нафтата и доларот под зголемено внимание, додека инвеститорите ја започнуваат неделата со засилена неизвесност.
28.02.2026
Трамп се обложува дека нападите врз Иран ќе ја спасат неговата МАГА агенда
Со воената операција врз Иран, Трамп презема најголем геополитички ризик досега, врзувајќи ја својата политичка иднина со исход што не може целосно да го контролира.
28.02.2026
Што знаеме за иранската нуклеарна програма?
Иран располага со 441 килограм ураниум збогатен до 60 отсто, а по јунските напади врз иранските нуклеарни капацитети, инспекторите на МААЕ немаат увид во неговите резерви.
28.02.2026
Како нападите врз Иран го ставија Ормускиот теснец во фокусот на светската јавност
Пазарите стравуваат од сценарио во кое Ормускиот теснец станува ново жариште на енергетска криза. Низ него минуваат 16,7 милиони барели дневно, па секој ризик од затворање ги тресе пазарите.
28.02.2026
Израелскиот премиер рече дека сите знаат дека „таков убиствен режим“ не треба да има нуклеарно оружје со кое може да „продолжи да му се заканува на целото човештво“, пренесува „Скај Њуз“.
„Би сакале да му се заблагодариме на храбриот ирански народ што се ослободува од тие ужасни врски со тој режим. Ова е можност да направите нешто. Не седете со скрстени раце, бидејќи ќе дојде овој момент и од вас ќе се бара масовно да излезете на улиците, бидејќи мора да ја завршите оваа работа и мора да го срушите и искорените овој режим, рече Нетанјаху.
Нетанјаху наведе дека Израел од утрово ги елиминирал командантите на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), високи функционери на иранскиот режим, високи функционери на нуклеарната програма и дека во наредните денови ќе „нападне илјадници цели на терористичкиот режим“.
Тој исто така рече дека Израел ќе создаде услови иранскиот народ да се „ослободи од синџирите на диктатурата“, дека нападите против Иран ќе „продолжат колку што е потребно“, како и дека операцијата ќе „доведе до мир, вистински мир“.
Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговото „историско лидерство“. Тој е лидер кој си го држи зборот, оцени Нетанјаху.
Тој додаде дека Израел тргнал во војна за „фундаментално да ја промени“ ситуацијата во која Иран бил на пат кон нуклеарно оружје, што би му овозможило драстично да ги зголеми заканите кон своите соседи.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран рано утринава во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.
Иран потоа покрена масовни напади во знак на одмазда врз Израел и врз цели кои се поврзуваат со САД ширум регионот на Блискиот Исток, пренесе МИА.