Оман соопшти дека мал нафтен танкер бил цел на напад крај неговиот брег во Арапското Море, што претставува прв сигнал за напад врз бродови во близина на Ормускиот Теснец откако на Блискиот Исток почна војната.
Оманската служба за поморска безбедност наведе на платформата Икс дека напаѓачите го таргетирале танкерот „Скајлајт“ (Skylight) северно од пристаништето Хасаб. Евакуирани се 20 членови на екипажот, а четири лица се повредени.
Тензиите во регионот веќе се прелеваат и на пазарот на нафта. Додека Иран им се заканува на бродовите во близина на Ормускиот Теснец, а дел од танкерите остануваат заглавени во Персискиот Залив, трговците и рафинериите бараат алтернативни извори на снабдување.
Прочитај повеќе
САД и Израел го нападнаа Иран – што ги очекува пазарите в понеделник?
Воената ескалација на Блискиот Исток ги става берзите, нафтата и доларот под зголемено внимание, додека инвеститорите ја започнуваат неделата со засилена неизвесност.
28.02.2026
Како нападите врз Иран го ставија Ормускиот теснец во фокусот на светската јавност
Пазарите стравуваат од сценарио во кое Ормускиот теснец станува ново жариште на енергетска криза. Низ него минуваат 16,7 милиони барели дневно, па секој ризик од затворање ги тресе пазарите.
28.02.2026
Иран засилено полни танкери со нафта додека САД градат воена сила
Иран во последниве денови натоварува нафтени танкери со забрзано темпо, потенцијален знак дека државата од Персискиот Залив се подготвува во случај на напад од САД.
25.02.2026
Што значи ескалацијата на тензиите меѓу Иран и САД за нафтата?
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ја креваат цената на нафтата нагоре, а пазарите стравуваат од удар врз производството и Ормускиот Теснец.
25.02.2026
Иран и Русија во моментов имаат големи количини сурова нафта складирани на море. Во азиските води се наоѓаат околу 48 милиони барели иранска нафта, главно во Жолтото Море и околу Сингапурскиот Теснец, како и околу 9,5 милиони барели руска сурова нафта.
Тие резерви можат да ублажат дел од шокот од Блискиот Исток. Најмногу би можела да профитира Кина, како најголем купувач на такви видови нафта, додека значајните попусти и големите руски количини би можеле да привлечат и индиски купувачи.