Авиокомпаниите низ Персискиот Залив ја продолжија суспензијата на операциите додека иранските одмазднички напади влегуваат во втор ден, предизвикувајќи сериозни нарушувања на некои од најпрометните аеродроми во светот.
Летовите на „Емиратс“ (Emirates), најголемата меѓународна авиокомпанија во светот, се суспендирани на неопределено време. „Етихад ервејс“ (Etihad Airways) ги продолжи откажувањата до 2 часот по полноќ во понеделник, додека „Катар ервејс“ (Qatar Airways) соопшти дека сите летови и натаму се прекинати и дека ново известување ќе има во 9 часот в понеделник.
Цивилната авијациска управа на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека им помогнала на повеќе од 20.000 погодени патници погодени нарушувањата во авиосообраќајот. Десетици илјади луѓе се заглавени во регион што функционира како глобален супер-конектор, поврзувајќи речиси секои две точки на планетата со едно единствено преседнување.
Прочитај повеќе
„Луфтханза“ може да укине 100 летови неделно заради високите аеродромски такси
„Дојче Луфтханза“ може да елиминира околу 100 домашни летови неделно следното лето бидејќи високите даноци и такси за авијација во Германија влијаат врз профитабилноста.
18.10.2025
Канадската влада го прекинува штрајкот - „Ер Канада“ од вечерва ќе продолжи да лета
„Ер Канада“ попладнево ќе продолжи со работа откако владата презеде мерки за прекин на штрајкот на повеќе од 10.000 членови на кабинскиот персонал, што доведе до стотици откажани летови.
17.08.2025
Аскетски патријарх со луле: Кој беше тој и што по смртта на Хамнеи
Со смртта на Хамнеи, се затвора едно огромно значајно поглавје во модерната историја на Иран со мала сигурност за тоа што следи или кој е нареден да го наследи.
01.03.2026
Танкерите го менуваат курсот, додека пазарот на нафта го чека сигналот од ОПЕК
Геополитичката ескалација го зголемува ризикот за петтина од светската трговија со нафта и гас.
01.03.2026
Волстрит бега кон стратегии со „безбедни засолништа“ по нападите врз Иран
Нападите врз Иран ја засилија нервозата на Волстрит, инвеститорите бегаат кон сигурни засолништа поради стравувањата дека растот на нафтата ќе ја усложни монетарната политика.
01.03.2026
Светските лидери повикаа на брз крај на иранската криза по смртта на Хамнеи
Кризата околу Иран го стави регионот на раб на многу поширока ескалација, поради што светските лидери бараат итен крај на непријателствата и дипломатска разврска.
01.03.2026
Неколку аеродроми во Заливот беа погодени во размената на удари откако Иран испрати ракети и дронови низ регионот како одговор на првичниот напад во саботата од страна на израелските и американските воздушни сили.
Аеродромот во Абу Даби соопшти дека едно лице загинало, а неколку се повредени во текот на ноќта откако емиратот пресретнал ирански дрон. Главниот аеродром во Дубаи, најпрометниот меѓународен центар во светот, пријави оштетување на еден терминалски коридор при што се повредени четворица вработени.
Главниот аеродром во Бахреин беше мета на дрон во текот на ноќта, при што е причинета материјална штета. Аеродромот во Кувајт исто така беше погоден од дрон, а повеќе вработени се здобиле со полесни повреди.
Иако Персискиот Залив во изминатите две години се навикна на прекини поради ограничувања на летовите над големи делови од Блискиот Исток, целосна и повеќечасовна суспензија од вакви размери е без преседан. Ситуацијата ја нагласува сериозноста на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД, кој го дестабилизира енергетски богатиот регион.
Широката суспензија на сите воздушни услуги сериозно ќе ја наруши прецизно усогласената глобална мрежа на движење на авиони. Веќе многу летала и екипажи се надвор од својата позиција поради затворањето на воздушниот простор, што значи дека ќе бидат потребни денови за да се расчисти застојот дури и откако операциите ќе продолжат.
Во меѓувреме, индиската цивилна авијациска управа соопшти дека домашните авиопревозници во саботата откажале 410 летови, а во неделата се очекуваат уште 444 откажувања. Авиокомпании ширум светот, од Канада, преку Европа, до Сингапур, соопштија дека ги суспендирале своите услуги кон Блискиот Исток.
„Емиратс“, „Катар ервејс“ и „Етихад ервејс“ со децении градеа масивни флоти што ги насочуваат патниците преку нивните центри, претворајќи го Блискиот Исток во клучна артерија на глобалниот воздушен сообраќај.
Овие авиокомпании станаа главен двигател на растот во Заливот, преминувајќи од улога на транзитни посредници кон активни носители на бизнис и туризам во регионот.