„ДП Ворлд“ (DP World) го суспендираше работењето во пристаништето Џебел Али во Дубаи, додека „МСЦ“ (MSC) соопшти дека ги запира новите резервации на товар за Блискиот Исток до стабилизирање на безбедносната состојба.
Управата на пристаништето привремено ги затвори сите терминали како мерка на претпазливост, се наведува во известување испратено до клиентите во коешто увид имал „Блумберг“.
Џебел Али е најголемото контејнерско пристаниште на Блискиот Исток и едно од клучните средишта на трговијата во Дубаи.
Прочитај повеќе
Авионите остануваат приземјени до понеделник, Заливот е отсечен од светската авио-мрежа
Ескалацијата меѓу Иран, Израел и САД предизвика хаос на аеродромите во Заливот, со масовни откажувања и илјадници погодени патници.
01.03.2026
ОПЕК+ најави зголемување на производството од 206.000 барели дневно во април
По паузата во првиот квартал, ОПЕК+ повторно активира зголемување на квотите, додавајќи 206.000 барели дневно во услови на растечки геополитички ризик.
01.03.2026
Прв напад врз танкер во близина на Ормускиот Теснец од почетокот на војната
Нападот се случил крај брегот на Оман во Арапското Море, северно од пристаништето Хасаб.
01.03.2026
Конфликтот на Блискиот Исток се проширува, Техеран се соочува со егзистенцијална закана
Иран возврати со ракети кон Израел, како и кон Катар, ОАЕ и Бахреин, држави што се сојузници на САД, испраќајќи порака дека поддршката за Вашингтон има цена.
28.02.2026
Во еден од пристанишните терминали избувнал пожар откако паднале остатоци од ракети при пресретнување на проектилите во воздух, објави Канцеларијата за медиуми на Дубаи на платформата Икс.
Екипите на цивилната заштита интервенирале за да го изгаснат пожарот, се наведува во објавата од неделата наутро.
„МСЦ“ на својата интернет-страница соопшти дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и соработува со надлежните институции за да ја осигура безбедноста на работењето.
Резервациите за Блискиот Исток повторно ќе бидат отворени штом безбедносните услови се стабилизираат, наведуваат од компанијата.