Додека дронови и проектили целат на градовите и критичната инфраструктура во Украина и во земјите од Заливот, светот се обидува да обезбеди доволни резерви од пресретнувачки ракети за противвоздушна одбрана, потребни за нивно соборување.
Неколку држави од Европската Унија оваа недела предупредија на затворена средба во Брисел дека постои недостиг од пресретнувачи на глобално ниво, велат лица запознаени со разговорите.
Некои од претставниците посочиле дека недостигот од пресретнувачки ракети би можел да стане уште поголем доколку војната на Блискиот Исток се одолжи. Европа веќе ги користи своите резерви за поддршка на борбата на Украина против руската агресија, велат истите извори.
Прочитај повеќе
Иран бара наследник, Трамп сака да влијае, а гранатирањето продолжува
Иран и Израел седми ден се во крвав судир, додека Персискиот Залив гори од ракети и дронови. Светските пазари се тресат, цените на нафтата растат, а регионалните влади брзаат да ја заштитат безбедноста.
06.03.2026
Трамп сфаќа дека Европа му треба сега кога води војна во Иран
Од потценување и презир, до барање поддршка за првата воена интервенција откако е на власт
05.03.2026
Иран се закани со пожестоки напади, Трамп се фали со напредок во војната
Најнов развој на настаните во војната САД-Израел против Иран
05.03.2026
Иранска воена математика: евтини дронови трошат скапи ракетни системи
Евтини ирански дронови се судираат со скапи ракети „патриот“. Што ќе се случи кога ресурсите ќе се исцрпат?
03.03.2026
Американската амбасада во Саудиска Арабија нападната од ирански дронови
Дронови удрија во Ријад. Конфликтот меѓу Иран, САД и Израел добива нова димензија – нападната американската амбасада во Саудиска Арабија.
03.03.2026
Напад врз голема рафинерија во Катар го потресе светскиот пазар за ЛНГ
Катар го запре производството на течен природен гас по ирански напад со дронови, а цените на гасот во Европа скокнаа над 50 отсто.
02.03.2026
Русија изврши силен напад врз Украина, преговорите во ОАЕ продолжуваат
Киев и други украински региони беа подложени на масовен руски напад со дронови и ракети во текот на ноќта, додека продолжуваат разговорите меѓу американски, руски и украински претставници во Обединетите Арапски Емирати со цел да се најде пат за завршување на војната.
24.01.2026
Најголемиот европски одбранбен фонд ќе обезбеди 500 милиони евра за стартапи
ДТКП планира да направи околу 30 инвестиции од новиот фонд, со просечна големина на чек од 20 милиони евра.
16.01.2026
Промената во модерното војување носи раст на акциите на одбранбените компании
Иако гигантите за оружје како производителот на борбени авиони „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin Corp) и производителот на ракети „РТХ Корп“ (RTX Corp) сè уште заземаат клучен дел од повеќето портфолија на акции, тие во последно време добија конкуренција.
21.12.2025
Во Азија, јапонската „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) произведува ракети „патриот“ по лиценца од „Локид Мартин“ (Lockheed Martin Corp.), но има ограничен капацитет да придонесе кон глобалните резерви. Компанијата го зголемува годишното производство од околу 30 единици, но се соочува и со тесно грло во снабдувањето со компоненти познати како „сикери“ (делот што ѝ овозможува на ракетата да ја „пронајде“ и да ја следи целта), кои мора да се испорачуваат од САД. Во 2025 година САД произведоа околу 600 од овие ракети.
Токио минатата година извезе една пратка ракети „патриот“ во САД, но јапонските одбранбени претставници велат дека на земјата ѝ се потребни поголеми сопствени резерви и од „патриот“ и од ракетите СМ-3 (SM-3) што се лансираат од бродови и се користат во системите за противвоздушна одбрана.
Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун, изјави дека Сеул води разговори со силите на САД во Кореја за можно повторно распоредување оружје, вклучувајќи ги и системите „патриот“.
Киев и натаму се соочува со постојано бомбардирање од руски ракети и му е потребен континуиран прилив на пресретнувачки ракети. Испраќањето европски резерви на сојузниците во земјите од Заливот исто така носи ризик да се пренасочат ресурси што инаку би биле наменети за Украина, велат изворите, кои сакале да останат анонимни. Тоа е сценарио за кое претставниците во Москва веруваат дека ќе се оствари.
Стравувањата за недостиг од пресретнувачки ракети се појавуваат во момент кога предупредувањата од Киев во последните години, оваа недела станаа реалност: евтините дронови може да предизвикаат огромна штета далеку надвор од границите на Украина.
Покрај стотиците балистички ракети, бранови напади со дронови од Иран вршат притисок врз одбранбените системи на САД и нивните партнери во регионот. Повеќе од 1.000 еднонасочни ударни дронови „шахед-136“, мали и едноставни крстосувачки ракети, погодија цели низ Блискиот Исток, напаѓајќи американски бази, нафтена инфраструктура и цивилни објекти.
Во меѓувреме Русија употреби илјадници дронови базирани на истиот ирански дизајн за да напаѓа украински градови и инфраструктура во текот на војната таму.
Ракетите „патриот“, произведени во САД, во голема мера се покажаа како успешни во пресретнување на „шахед“ и балистички ракети, при што Обединетите Арапски Емирати пријавија стапка на пресретнување поголема од 90 отсто. Но користењето ракети вредни повеќе милиони долари за уништување дронови од околу 20.000 долари укажува на проблем што ги загрижува западните воени планери: евтините оружја можат да ги трошат ресурсите наменети за многу посложени закани.
„Тие имаат ракети за системите ‘патриот’, но стотици или илјадници ‘шахеди’ не можат да се пресретнат со ракети ‘патриот’, тоа е премногу скапо“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју оваа недела.
Во четвртокот тој понуди да го сподели искуството на својата земја во борбата против дронови со сојузниците во регионот, во замена за многу потребните ракети „патриот“.
Во конфликтот со Иран, меѓу највредните системи на бојното поле се пресретнувачките ракети „патриот ПАЦ-3“, „СМ-3 блок IIA“, СМ-6 и TХААД. „Локид Мартин“ е главниот производител на ракетите ПАЦ-3 и ТХААД, додека „РТ Икс“ (RTX Corp.) ги произведува ракетите од серијата СМ, како и крстосувачките ракети „томахавк“, кои беа широко користени во првите денови од војната.
Цената на овие ракети се движи од околу 4 милиони долари за ПАЦ-3 до речиси трипати повеќе за „СМ-3 блок IIA“, која е дизајнирана да уништува балистички ракети во вселената.
В петок водечките одбранбени компании, меѓу кои „Локид Мартин“ и „РТ Икс“, треба да се сретнат во Белата куќа додека Пентагон настојува да го забрза производството на оружје поради ескалацијата на војната со Иран. Двете компании годинава потпишаа договори со Министерството за одбрана за зголемување на производството.