Британската морнарица соопшти дека товарен брод се запалил откако бил погоден од проектил во Ормускиот Теснец, најновиот инцидент насочен кон бродови во клучниот трговски премин долж јужната граница на Иран.
Неидентификуваниот брод пријавил дека бил погоден со непознат проектил околу 11 наутички милји северно од брегот на Оман, соопшти Британскиот центар за поморски трговски операции. Бродот побарал помош, а екипажот е евакуиран, информира центарот.
Сообраќајот низ теснецот, виталната поморска врска што го поврзува богатиот со нафта Персиски Залив со светските пазари, е практично запрен откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран минатиот месец, што ја натера Исламската Република да ги таргетира бродовите во водниот пат како одмазда.
Прочитај повеќе
МАЕ предлага најголемо ослободување нафтени резерви досега
Војната на Блискиот Исток и нападите во Ормускиот Теснец задржаа милиони барели на танкери, па МАЕ предлага најголемо пуштање резерви досега, кои би ги надминале и оние што беа ослободени по нападот на Украина.
11.03.2026
Трамп вели дека ракетните капацитети на Иран се на 10 отсто и најавува брз крај на војната
Американскиот претседател нагласи дека не очекува конфликтот да заврши оваа недела, но дека операциите се одвиваат побрзо од планираното и се обиде да ги смири инвеститорите што се загрижени за растот на цените на енергентите.
10.03.2026
Хаосот на пазарот на нафта расте додека Заливот го намалува производството
Хаосот што го зафати пазарот на нафта веројатно ќе се продлабочи во наредните денови, бидејќи производството продолжува да опаѓа додека војната во Иран го држи Ормускиот теснец затворен за танкери.
08.03.2026
Емиратите и Кувајт почнаа да го намалуваат производството на нафта
Обединетите Арапски Емирати и Кувајт почнаа да го намалуваат производството на нафта, откако речиси целосната блокада на клучниот Ормуски теснец почна да се прелева врз енергетските пазари и да влијае врз светската понуда.
08.03.2026
Британскиот центар за поморски трговски операции, кој е врска помеѓу морнарицата и трговските бродови, добила извештаи за најмалку 10 напади од 28 февруари до 10 март, според нејзината веб-страница. Се вели дека нивото на закана останува „критично“.
САД ветија поморска придружба за обезбедување на бродовите во регионот, но сè уште не спровеле таква операција. Белата куќа во вторникот ја отфрли објавата на социјалните мрежи од министерот за енергетика Крис Рајт, која беше избришана подоцна, во која се вели дека американската морнарица успешно придружила танкер низ теснецот.