Четворица од шесте члена на екипажот во авион за дополнување гориво KЦ-135 (KC-135), кој се урна над западен Ирак, се потврдени како загинати, соопшти во петокот американската Централна команда.
Авиотанкерот се урнал во инцидент што се случил во четвртокот, во кој бил вклучен уште еден авион, кој безбедно слетал. Авионите биле ангажирани во рамките на воената кампања на САД против Иран.
„Околностите на инцидентот се под истрага“, соопшти Централната команда во изјава во петокот.
Прочитај повеќе
Војната во Иран ги чини Американците по две милијарди долари дневно
Американски официјални лица им рекле на законодавците дека првите шест дена од војната со Иран чинеле повеќе од 11,3 милијарди долари.
13.03.2026
Ормускиот Теснец мора да остане затворен, порача новиот ајатолах во првото обраќање
Иран е решен да го држи теснецот затворен и да започне битка и на други фронтови, додека пак Трамп вели дека САД имаат воени цели што во моментот се поважни од цените на нафтата.
12.03.2026
Иран ги засилува нападите врз Дубаи и бродскиот сообраќај, нафтата расте
Нападите на Иран врз Дубаи и бродови во Заливот ја кренаа цената на нафтата над 100 долари. Додека Ормускиот Теснец останува речиси целосно затворен, се зголемуваат ризиците за глобалното снабдување.
12.03.2026
Примирје е можно само ако САД и Израел ветат дека нема да напаѓаат
Иран сигнализира дека би прифатил примирје, но само со цврсти гаранции од САД и Израел дека нема нови напади по завршувањето на сегашната војна.
12.03.2026
„Сепак, губењето на авионот не е резултат на непријателски оган, ниту на пријателски чин.“
Имињата на загинатите не се објавуваат додека не поминат 24 часа по известувањето на нивните најблиски.
КЦ-135 вообичаено има екипаж од тројца – двајца пилоти и оператор на системот за дополнување гориво, но понекогаш вклучува и резервен тим ако летот е долг. Авионите речиси 20 години не носат опрема за напуштање на леталото како падобрани, бидејќи таа била оценета како непотребна дополнителна тежина.
Си-би-ес њуз (CBS News) во четвртокот вечер објави дека вториот авион вклучен во инцидентот исто така бил КЦ-135 и дека слетал во Израел.
Според информациите од претходно во четвртокот, Пентагон соопшти дека седум американски војници загинале од почетокот на војната на 28 февруари. Во првите денови од конфликтот, три американски борбени авиони се урнале во Кувајт откако по грешка биле погодени од противвоздушната одбрана на земјата. Сите шест члена на екипажот се катапултирале и преживеале, соопштија официјални лица.
Авионот „КЦ-135 стратотанкер“ (Stratotanker) на „Боинг“ (Boeing Co.) „обезбедува воздушно дополнување гориво за воздухопловните сили на САД и ја извршува оваа улога повеќе од 60 години“, се наведува на веб-страница на воздухопловните сили. Леталото може да дополнува гориво и за авиони на морнарицата и на маринскиот корпус.
Базиран на истата конструкција како и веќе „пензионираниот“ патнички авион 707, повеќе од 700 KЦ-135 биле во употреба во екот на Студената војна. Денес американската војска користи околу 350 од овие четиримоторни летала.
Планирано е авионот да биде заменет со „KЦ-46 пегасус“ на „Боинг“ (Boeing Co.), од кој досега се произведени околу сто примероци. „Пегасус“ се соочи со проблеми во развојот и доцнења, вклучувајќи го и системот за далечински камери што се користи за управување со цревото за дополнување гориво.