Фридрих Мерц, кој се сретна со Доналд Трамп во Овалната соба, седеше без да реагира додека американскиот претседател упатуваше вербални напади кон Шпанија, еден од сојузниците на Германија во Европската Унија, жалејќи се дека не помогнала во американско-израелскиот напад врз Иран.
Германскиот канцелар подоцна се приклучи на критиките, повторувајќи ја критиката на претседателот дека Шпанија заостанува и во исполнувањето на новата цел на НАТО за трошоци за одбрана.
„Шпанија мора да го испочитува тоа“, изјави Мерц.
Прочитај повеќе
Германија ја ограничува динамиката на поскапување на горивата на бензиските пумпи
На операторите на бензински пумпи ќе им биде дозволено да ги зголемуваат цените на бензинот и дизелот само еднаш дневно.
17.03.2026
Планот на Мерц од 600 милијарди евра за одбрана ја потресува Германија
Огромните одбранбени трошоци ја поттикнува германската индустрија со нови фабрики, повеќе нарачки и зголемен интерес од инвеститорите.
17.03.2026
Германскиот 10-годишен принос на највисоко ниво од 2023 година поради страв од инфлацијата
Стравот од нов енергетски шок поради војната во Иран ги турна германските приноси на највисоко ниво од 2023 година и ги зголеми очекувањата за нови потези од ЕЦБ.
12.03.2026
Германија може да ја издржи војната со Иран ако не трае долго
Германската економија би можела да изгуби дел од растот поради повисоките енергетски цени предизвикани од војната во Иран, но прогнозите засега не укажуваат на сериозен удар.
11.03.2026
Една година по изборите: дали канцеларот Мерц навистина го оживува економскиот мотор на Германија?
Во понеделник се одбележа точно една година од германските федерални избори, на кои триумфираше канцеларот Мерц.
25.02.2026
Дали германското економско закрепнување е реално?
Податоците од Германија во наредните денови ќе откријат дали најголемата европска економија е на прагот на значајно закрепнување или сè уште е попречена од тарифите на Доналд Трамп и сопствените хронични слабости.
22.02.2026
Тоа што Мерц воопшто не се спротивстави на Трамп во одбрана на Мадрид покажува дека се сомнева во вредноста на едногласноста во ЕУ и дека сака да дејствува без консензус од Брисел. Откако ја презеде функцијата минатиот мај, тој сè почесто изразува фрустрација од бавната бирократија, која, според него, ја кочи Германија.
„Кога станува збор за егзистенцијални прашања како Гренланд или војната со Иран, Мерц и понатаму е подготвен да постигне европско единство“, изјави Суда Дејвид-Вилп, потпретседателка за надворешни односи и виша соработничка во Маршалскиот фонд на Германија (German Marshall Fund).
„Но кога станува збор за прашања како бирократијата и намалувањето на административните пречки, тој е подготвен силно да притисне врз Брисел за да се осигури дека германската економија ќе се развива добро.“
Тензиите меѓу националните главни градови и Унијата постојат уште од самото основање на ЕУ. Но хроничниот проблем со усогласување на различните интереси станува сè поизразен, бидејќи најголемата членка на блокот сè повеќе ги наметнува своите национални приоритети. Со нарушувањето на трансатлантското сојузништво, војната на источната граница и ризикот Европа да биде вовлечена во војната на Трамп со Иран, се доведува во прашање иднината на ЕУ како геополитичка сила.
Нетрпението на Мерц може да дојде до израз в четврток, кога лидерите на ЕУ ќе се соберат во Брисел. Освен што тоа ќе биде прва средба на канцеларот со шпанскиот премиер Педро Санчез по инцидентот во Белата куќа, самитот ќе биде посветен главно на американско-израелската војна против Иран.
Иако Мерц ги дели европските сомнежи во врска со нападот, неговото гледиште за ЕУ не се разликува многу од делови од пристапот на Трамп за Европа како континент што талка без јасна насока: премногу одолжување, премногу имиграција, премногу регулација и преголем фокус на мека моќ“ во еден опасен нов свет.
„Мора да се запре овој начин на функционирање на Брисел“, изјави канцеларот пред германските бизнис-лидери минатиот септември, обвинувајќи ги бирократите од Брисел за слабите економски резултати на земјата.
Европа ќе треба „да научи да го зборува јазикот на политиката на моќ“, изјави Мерц пред пратениците во германскиот Бундестаг на 29 јануари.
Додека канцеларот настапува офанзивно кон Брисел, дома е во дефанзива, каде што неговата популарност падна на историски најниско ниво, а неговата Христијанско-демократска унија се бори да ја спречи крајно десничарската Алтернатива за Германија да дојде на власт во една источна германска покраина каде што годинава се закажани избори.
Скептицизмот на Мерц одразува и еволуција на неговите политички ставови.
Мерц ја започна својата политичка кариера како член на Европскиот парламент, а кога беше избран за канцелар во мај, истиот ден отпатува во Париз и Варшава, покажувајќи ја својата приврзаност кон визијата за ЕУ.
„Соочени со војна на нашиот континент, жестока глобална конкуренција, забрзани климатски и технолошки промени и закани од глобална трговска војна, се договоривме за сеопфатна агенда за обновување на нашите односи“, напишаа Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничка статија за весникот „Ле фигаро“.
Bloomberg
Но амбициите набрзо наидоа на пречки. Мерц претрпе неколку понижувачки порази во Брисел, најзначаен меѓу нив беше неуспехот замрзнатите руски средства да се искористат како заем за Украина. Тој неколкупати влезе и во судир со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Иако двајцата Германци доаѓаат од истата конзервативна партија, отсекогаш припаѓале на различни фракции.
Мерц го отфрли нејзиниот јулски предлог буџетот на ЕУ за следниот долгогодишен период да се зголеми на 2 билиона евра, односно околу 2,3 билиони долари, како и да се зголемат даноците.
„За Германија можам да исклучам дека ќе тргне по таков пат“, изјави канцеларот, без вообичаените дипломатски огради што оставаат простор за повлекување. „Ние нема да го направиме тоа.“
Политиката на Мерц кон ЕУ сè повеќе се темели на ставот дека Европа, со Германија во нејзиното средиште, ќе мора повторно да се осмисли ако сака да опстане во овој непријателски свет. Во екот на кризата околу Гренланд во јануари, Мерц одржа таен состанок со своите најблиски советници, обидувајќи се да најде одговор за растечкото чувство на глобален хаос.
Оттогаш канцеларот дополнително го заостри тонот кон Брисел, чии институции, според него, изгледаат како остаток од едно минато време. Наместо тоа, Мерц сега турка нова визија за Европа, која повеќе не се темели на воспоставените институции на ЕУ, туку на заедничко културно наследство што ги поврзува европските земји.
„Имаме шанса да опстанеме во овие променливи времиња само ако повторно ги откриеме силните страни на нашиот европски модел“, изјави Мерц во говор на 18 февруари во Рајнланд-Пфалц, каде што в недела ќе се одржат покраински избори.
„Овој европски модел не е изум на европската бирократија. Напротив, тој е длабоко вкоренет во нашата континентална европска историја. Има врска со христијанството.“
Единствената политичка светла точка за Мерц е можноста вината да ја префрли на Брисел, тактика што со децении ја користат европските политичари кога се соочуваат со проблеми. ЕУ „стана премногу оптоварена со регулации, да не кажам и премногу бирократска“, изјави тој пред летната пауза. „Таа е премногу бавна.“
На сличен начин, тој ја обвини и Урсула фон дер Лајен за договорот со Трамп околу царините, велејќи дека тоа ѝ штети на германската економија.
„Германската економија ќе претрпи значителна штета од овие царини“, изјави тој по договорот. Со договорот се предвидува воведување царина од 15 отсто за повеќето производи од ЕУ што влегуваат во САД, додека американскиот извоз во ЕУ во голема мера останува без царини, што наиде на остри критики од германските бизнис-лидери.
Наместо тоа, тој се обидува да формира помали групи земји што би презеле водечка улога за клучни прашања, неодамна и преку соработка со Италија и со Велика Британија, која не е членка на ЕУ. На 17 јули Мерц отпатува во Лондон за да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер и да потпише договор за меѓусебна одбрана. Тој го оцени настанот како „историски ден за британско-германските односи“ и изрази жалење што Велика Британија ја напуштила ЕУ: „Лично, длабоко жалам за тоа“.
Кога Мерц денес зборува за Европа, речиси и не ја спомнува ЕУ, за разлика од неговите претходници Ангела Меркел и Олаф Шолц, нешто што го забележа и шпанскиот министер за надворешни работи, откако Мерц не застана во одбрана на Шпанија по вербалните напади на Трамп.
„Не можам да замислам Меркел или Шолц да даваат такви изјави“, изјави Хосе Мануел Албарес.
„Тогаш постоеше поинаков, поизразен проевропски дух.“