text size
Од септември се отвора пазарот на труд во рамките на Отворен Балкан. Трите земји, учеснички во иницијативата, Македонија, Србија и Албанија ќе овозможат лесно и брзо вработување. Се најавува максимално лесна процедура. Имено, заинтересираните ќе треба електронски да аплицираат и да добијат идентификациски број со кој непречено ќе можат да пристапат на пазарот на труд. Постапката треба да биде иста во трите земји и крајниот резултат од неа треба да биде намалување на дефицитот на пазарот на труд и повеќе странски инвестиции во регионот.