text size
Стапката на невработеност е еден од клучните показатели за состојбата на економијата. Сепак, оваа стапка не зависи само од пазарот на труд, на неа влијаат и економските циклуси, рецесиите и надворешните шокови. Со издвојување на овие влијанија може да се добие „чиста“ слика за пазарот на труд односно природната стапка на невработеност. Таа ни покажува дали пазарот на труд е навистина затегнат или дали ситуацијата е само привремена и условена од пошироките економски околности, како што често е случај во регионот Адрија. Токму затоа нè интересира дали регионот ја достигнал својата природна стапка на невработеност.