Услови за користење
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ
Ден на стапување на сила: 2022 година.
Доколку сте на територијата на Република Македонија, овие Услови за користење и давање на услуги важат за вас. ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ НА ПЛАТФОРМАТА https://bloombergadria.com/ ПРЕД НАТАМОШНО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА И ПОВРЗАНИТЕ УСЛУГИ.
Со пристапување, продолжување со користење на оваа Платформа или било која услуга, се согласувате со Условите за користење и давање на услуги (во натамошниот текст: Услови), кои заедно со Политиката за приватност и Политиката за колачиња, претставуваат договор што го склучувате во електронска форма во смисла на прописите за е-трговија (во натамошниот текст: Договор).
ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО БИЛО КОЈ ДЕЛ ОД СОДРЖИНАТА НА ОВИЕ УСЛОВИ И ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ, ВЕ МОЛИМЕ ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА И СИТЕ ПОВРЗАНИ УСЛУГИ.
Платформата, која се наоѓа на страницата https://bloombergadria.com/ е контролирана од HD-WIN Arena sport d.o.o., трговско друштво основано во согласност со правото на Република Хрватска, со матичен број на субјектот на упис 75150106632, ЕДБ 75150106632, со седиште на адреса: Радничка Цеста 180, 10000 Загреб, Република Хрватска, има право да ја продава и да располага со содржината на Платофрмата.
За повеќе детали за тоа на кој начин и кога ги обработуваме Вашите лични податоци, Ве молиме да ја прочитате нашата Политика за приватност и Политика за колачиња, која претставува нејзин издвоен дел.
Условите можете да ги преземете во PDF формат со кликнување на овој линк.
-
Дефиниции
Во овие Услови, како и во Политиката за приватност и Политиката за колачиња, освен ако не е поинаку пропишано, термините наведени во табелата и означени со голема буква во текстот го имаат следново значење:
HD-WIN, Mi или Друштво
|
HD-WIN Arena sport d.o.o., трговско друштво основано во согласност со правото на Република Хрватска, со матичен број 75150106632, со седиште на адреса: Радничка цеста 180, 10000 Загреб, Република Хрватска, под чија контрола е Платформата. |
Корисничка сметка
|
Сметка која што Посетителот ја креира на Платформата, со што станува Регистриран корисник. Со овозможување на креирање Корисничка сметка, им овозможуваме на Посетителите да ги користат функционалностите на Платформата и другите наши услуги, во согласност со избраниот Модел на претплата или во согласност со периодичните промотивни понуди. |
Модел на претплата |
Било кој сет на услуги кои ги нудиме во рамките на Платформата. |
Партнери
|
ADRIA PROPERTIES AG, Bahnhofstrasse 10, 6300 Zug, Švajcarska, MB: CH-170.3.044.943-5 Arena News Channels d.o.o. Beograd, Vladimira Popovića br. 6, sprat: M, kancelarija: B 31-35, Novi Beograd, Srbija MB: 21501859, PIB: 111558155,
Arena sport d.o.o. Šlandrova ulica br. 4b, Ljubljana, Slovenija, DŠ: SI49768913
|
Политика за колачиња
|
Документ кој е составен дел на Политиката за приватност, кој објаснува како колачињата и слични технологии, ги користиме на Платформата. Политиката за колачиња е достапна на овој линк. |
Политика за приватност
|
Правила за тоа како ги собираме, споделуваме и користиме Вашите лични податоци, како и на кој начин можете да ги остварите правата што ги имате од аспект на заштита на личните податоци. Можете да пристапите до Политиката за приватност преку овој линк. |
Посетител
|
Секое лице кое пристапува до Платформата и поврзаните сметки или страници на социјалните мрежи, без оглед на тоа дали е регистрирано. По правило, Посетителите кои не се регистрирани за користење на Услугите имаат ограничен опсег на права на Платформата и им е дозволено да се движат низ Платформата и да ја прегледуваат содржината во ограничен обем. |
Регистриран корисник
|
Лицето кое се регистрира, односно креира Корисничка сметка на Платформата заради користење на Услугите со претплата на некои од моделите за претплата или во согласност со промотивната понуда. Во зависност од избраниот модел на претплата, Регистрираниот корисник дополнително има право да ја користи опцијата Live TV, можност за пристап до печатеното издание на списанието Bloomberg Businessweek и/или право на приоритет кога се регистрира за настани оранизирани од HD-WIN, кои се рекламирани на Платформата. |
Содржина
|
Сите содржини кои моментално се или во иднина ќе станат достапни на Платформата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, информации, компјутерски код, слики, видео и/или аудио содржина, дизајн, графички елементи, трговски марки и други знаци, домени, трговско и деловно име, бази на податоци и други слични материјали, вклучувајќи ги нивните компилации и збирки. Содржината е подетално дефинирана во делот Интелектуална сопственост. |
Платформа
|
Платформата е достапна на https://bloombergadria.com/, како и поврзаните мобилни апликации, вклучувајќи ги сите модификации, подобрувања, нови функционалности и функции кои се достапни или стануваат достапни со одлука на HD-WIN. |
Сајт на трета страна
|
Сите страници до кои може да се пристапи преку Платформата или социјалните мрежи на кои Друштвото има сметка или страница, а кои се во сопственост и контролирани од трети страни. |
Договор
|
Договорот кој го склучувате со нас, а кој опфаќа:
|
Договорни страни или Договорна страна
|
HD-WIN и Посетителот заедно, односно поединечно. |
Услови
|
Овие услови за користење и давање на услуги. |
Услуги
|
Услугите кои ги обезбедуваме, a кои подразбираат дигитални услуги на Платформата, како што се обезбедување пристап до дигитални и телевизиски содржини, како и поврзани услуги во вид на испраќање печатено издание на списанието Bloomberg Businessweek и настани и конференции на Bloomberg Adria. |
-
За кого се наменети Платформата и Услугите?
Платформата е наменета за физички и правни лица кои имаат целосна деловна способност. Во случај на физички лица, тоа значи дека, освен во исклучителни случаи, Договорот може да го склучи лице кое наполнило 18 (осумнаесет) години. Забрането е користење или овозможување на користење на Платформата на лица кои се помлади од 18 години. Доколку сте под 18 години, Ве молиме веднаш да престанете да ја користите Платформата. Платформата и услугите се наменети исклучиво за лична, некомерцијална употреба.
Што се однесува до правните лица, Платформата и Услугите се наменети исклучиво за внатрешна деловна употреба. Доколку Посетителот сака да го склучи Договорот во име и за сметка на правното лице кое со тоа станува Регистриран корисник, гарантира дека:
(1) ги има сите потребни овластувања за склучување на таков Договор;
(2) го прочитал и разбрал Договорот;
(3) се согласува со Договорот во име на правното лице кое го претставува.
Во случај кога претплатата на еден од Моделите за претплата е направена преку деловна е-маил адреса, се претпоставува дека претплатата е направена во име и за сметка на правно лице, па терминот Регистриран корисник во Условите потоа ќе го означува тоа правно лице. Во овој случај, лицето кое го застапува правното лице и правното лице се солидарно одговорни за активностите под таквата Корисничка сметка.
По правило, посетителите кои не се регистрирале за користење на Услугите имаат ограничен опсег на права на Платформата и им е дозволено да се движат низ Платформата и да ја прегледуваат Содржината во ограничен обем. Таквите посетители немаат пристап до целата содржина која е објавена на Платформата.
Посетителот кој ја користи Платформата и поврзаните сметки или страници на социјалните мрежи или континуирано пристапува до Платформата или линковите на Платформата, се смета дека го прочитал и се согласил со Договорот во делот кој се однесува на посетителите.
За да може Посетителот да создаде Корисничка сметка, мора прво да го прочита и да се согласи со Договорот во целост. Затоа, по креирањето на Корисничката сметка, Регистрираниот корисник е обврзан и со деловите од Договорот кои се однесуваат на Регистрираните корисници.
HD-WIN има право да ги промени Условите, Политиката за приватност и Политиката за колачиња, односно било кој дел од Договорот, во секое време. Новата верзија стапува во сила од денот наведен во објавената верзија на Договорот или негов дел означен како ден на стапување во сила на Платформата.
Доколку сте Посетител, пред секој пристап, користење или поврзување со Платформата или Содржината, Ве молиме редовно да ги проверувате овие Услови, Политиката за приватност и Политиката за колачиња, како би се осигурале дека се согласувате со изменетите правила. Во случај на значителни измени на Договорот,
по наша сопствена дискреција може да објавиме посебно известување на почетната страница со линк до новата верзија на изменетиот дел од Договорот. Пристапот до, поврзувањето или користењето на Услугите или Платформата при објавување на нова верзија на Договорот, ќе се смета за согласност со таквите договорни услови. Доколку не се согласувате со изменетите Услови, Ве молиме веднаш да престанете со користење или поврзување со Платформата и Содржината.
Доколку сте Регистриран корисник, ќе бидете известени за измените на Договорот и значајните промени во давањето на услугите (информации за унапредувања, ажурирања и ставање нови опции достапни според постоечкиот модел на претплата) преку емаил адресата поврзана со Вашата Корисничка сметка најдоцна 15 дена пред стапувањето на сила на измените на Договорот. Доколку ја продолжите претплатата или да ги користите Услугите, ќе се смета дека сте се согласиле со измените на Договорот и по стапувањето во сила, за Вас ќе се применува новата верзија на Договорот. Доколку не се согласувате со изменетите услови во Договорот, можете да го остварите правото да го раскинете Договорот пред да стапи во сила изменетиот Договор. Во таков случај, важечкиот Договор ќе продолжи да се применува до крајот на периодот на претплата (доколку е применливо).
Наша законска обврска е да Ве известиме за таквите промени, како би можеле да одлучите дали сакате да продолжите со претплатата. Таквата кореспонденција не претставува маркетинг или промотивни пораки и Регистрираниот корисник не може да се откаже од приемот на таквите пораки. Во случај Регистрираниот корисник да не сака да добива такви известувања, ќе мора да ја избрише Корисничката сметка.
Платформата и целата Содржина која е моментално достапна или што може да стане достапна на Платформата во иднина, вклучувајќи особено, но не ограничувајќи се на текст, информации, написи, колумни, вести, водичи, слики, видео и/или аудио содржина, компјутерски код, бази на податоци, дизајн, графички елементи, жигови и други знаци, домени, трговско, стоковно и деловно име, имиња на домени, патенти, други предмети на било кое право на интелектуална сопственост и други слични материјали, вклучувајќи ги нивните компилации и збирки, ја претставуваат интелектуалната сопственост на Друштвото или на трето лице од кое Друштвото законски ја стекнало со добивање лиценца за користење на таква содржина на Платформата и се заштитени со правата на интелектуална сопственост на Друштвото и трети лица со кои Друштвото е во договорна врска. Содржината ги вклучува и сите поединечни делови од написи, колумни, вести и други материјали кои се содржани на Платформата и/или претставуваат дел од Услугите или кои ќе бидат во иднина.
Посетителот е запознаен и свесен дека HD-WIN (вклучувајќи ги и партнерите) вложил значителен труд, време, средства и ресурси за создавање, односно обезбедување на Содржината и дека целата Содржина претставува значајна интелектуална сопственост на HD-WIN (и/или Партнерите) од голема вредност. Посетителот во однос на Содржината е должен да ги почитува сите ограничувања кои ги предвидуваат важечките права на интелектуална сопственост и други права, како и ограничувањата содржани во Договорот.
Најстрого е забрането користење, копирање, преземање на било кој дел од Платформата или Содржината без изречна претходна писмена согласност од Друштвото, како и каква било друга употреба на Платформата и Содржината за која било цел што не е изрично дозволена со Условите. Посетителот нема право да користи, без наша изречна претходна согласност, трговска марка, лого, ознака, трговско или деловно име, домен, патент или друга содржина на начин што создава впечаток и/или доведува во заблуда дека Посетителот има било какво овластување со таква содржина или дека постои каква било врска помеѓу Посетителот и Друштвото, партнерот или други лица кои имаат или може да имаат интерес за Платформата, содржината и/или услугите, или врска помеѓу Посетителот и кој било споменат субјект во кој било дел од Содржината.
Посетителот има обврска да го заштити и да му помага на HD-WIN (вклучувајќи партнери и други лица кои имаат или може да имаат интерес за Платформата, Содржината и/или Услугите) во заштитата и остварувањето на правата од интелектуална сопственост во однос на Платформата, Содржината и/или Услугите, за времетраење и по раскинувањето на Договорот, како и да дејствува во согласност со разумните барања на HD-WIN, партнерите или други лица кои имаат или може да имаат интерес за Платформата, Содржината и/или Услугите, во врска со заштитата или остварувањето на кое било право што го има подносителот на барањето во врска со Платформата, Содржината и/или Услугите.
Сите постоечки и идни права во Содржината (целосно или делумно), особено вклучувајќи, но не ограничувајќи се на какви било права од интелектуална сопственост признати во која било јурисдикција, како и правото да се поднесе барање за признавање на какви било права на интелектуална сопственост, му припаѓаат исклучиво на HD -WIN (односно на Партнерите).
Секое неовластено дејствување во однос на Платформата, Содржината и/или Услугите ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост и HD-WIN го задржува правото да ги користи сите достапни правни лекови за заштита на правата на интелектуална сопственост на содржината веднаш по сознанието за какво било постапување спротивно на Условите.
По исклучок, Посетителот може да преземе материјал од Платформата кој е достапен за преземање во еден примерок, исклучиво за лична, некомерцијална употреба, под услов да се воздржи од отстранување на какви било карактеристики, знаци или известувања за правата на интелектуална сопственост на кое било лице.
Овозможувањето на Посетителите да пристапат и да ја користат Платформата не подразбира давање каква било лиценца или пренесување какви било права на било кој дел од Платформата или Содржината. Посетителите на Платформата имаат ограничена, неисклучива, непренослива и отповиклива дозвола за користење на Платформата и прегледување на Содржината (до степен до кој Платформата и Содржината им се достапни, како на Посетител или Регистриран корисник), исклучиво за лични и некомерцијални цели (за физички лица) и внатрешна деловна употреба (за правни лица) во согласност со Договорот. Употребата на Содржината и/или Платформата на кој било начин за комерцијални цели е забранета.
На посетителите им е забрането да ја користат Платформата, Содржината, Услугите, имињата на кое било лице наведено на Платформата, во нејзината оригинална или изведена, односно изменета форма, за каква било цел, освен ако тоа не е изрично дозволено со овие Услови.
HD-WIN ги задржува сите права на интелектуална сопственост во однос на Платформата, Содржината и Услугите кои не се изрично предвидени во Условите.
Посетителот е должен да го извести Друштвото без одлагање во случај да дознае за било каков вид на повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото во врска со Платформата на contact@bloombergadria.com
Барање во случај на повреда на права од интелектуална сопственост. Доколку сметате дека Вашето право на интелектуална сопственост е повредено како резултат на какви било активности преземени во рамките на Содржината или во врска со Платформата, Ве молиме да нè известите без одлагање со испраќање на емаил на следната адреса: contact@bloombergadria.com, со доставување на следните информации:
-
доказ за сопственост и основ за застапување (доколку е применливо) на носителот на правата на интелектуална сопственост на кои се однесува повредата,
-
доказ за идентификувана Содржина, односно дел од Платформата кој го повредува Вашето право на интелектуална сопственост (во форма на print screen или линк до Содржината, т.е. дел од Платформата за кој сметате дека го повредува Вашето право на интелектуална сопственост),
-
опис на начинот на кој се повредува Вашето право на интелектуална сопственост,
-
Вашите податоци за контакт, односно контакт податоци на носителот на правата на интелектуална сопственост, доколку дејствувате како застапник на тоа лице.
Доколку се утврди дека наводите во Вашето барање се точни и основани,
ќе преземеме соодветни мерки за отстранување на Содржината, односно делот од Платформата кој ги повредува Вашите права од интелектуална сопственост.
Општи ограничувања. Сите Посетители се должни, при пристапување и користење на Платофрмата, да се придржуваат до сите законски правила и правилата од овој Договор. Примери за особено незаконски дејствија и активности се:
-
Забранета е употреба на Платформата на начин кој може да се смета за незаконски или неморален, како и злоупотреба на Платформата или Содржината на било кој начин и со било кое средство;
-
Не се дозволени активности кои се насочени кон оневозможување или нарушување на функционалноста на серверот или софтверот кој овозможува функционирање на Платформата, како и активности насочени кон нарушување на безбедноста или обид за неовластен пристап до Услугите и Содржината (на пример, хакирање, надминување на заштита со лозинка и сл.);
-
Забранети се дејствија кои имаат за цел или може да резултираат со повреди на правата на интелектуална сопственост на Друштвото, лицата во чија сопственост е Содржината и Содржината на Посетителите, односно било кои трети лица, вклучително, но не ограничувајќи се на копирање, репродукција, расклопување и повторно составување, обратно инженерство, објавување, ставање на располагање, менување, создавање изведени дела, пренесување, продавање, лиценцирање, уредување, врамување, поврзување или која било друга експлоатација на Услугата и Содржината, освен преземање материјали и чување на една печатена верзија за лични, некомерцијални цели и под услов да не се отстранат сите авторски права и други сопственички известувања и ознаки;
-
Забрането е да се вршат активности на Платформата кои можат да ја нарушат приватноста на кое било лице;
-
Забранети се дејствија насочени кон преземање Содржини или кој било дел од Платформата, вклучително, но не ограничувајќи се на собирање податоци преку технологии, вклучително и технологии кои симулираат човечки активности (на пример, „стружење“, „копирање податоци“, „пајак“, „ботирање“ и слични автоматизирани технологии, програми, алатки, алгоритми, процеси), без изречно писмено одобрение од HD-WIN;
-
Забранета е продажба или понуда на Услугите или Содржината (или нивен дел) преку кој било медиум, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на телевизиско и радио емитување, компјутерска мрежа, поврзување и кадрирање на Интернет, без изречнo писменo одобрение од HD-WIN;
-
Услугите, Содржината и податоците не смеат да се користат за создавање на каков било вид на база на податоци или за подобрување на квалитетот на податоците во сопственост на кој било Посетител или трета страна;
-
Забрането е користење на Платформата, Содржината или Услугите за развој на конкурентни производи или услуги, производи базирани на слични идеи, функционалности или содржини.
На Посетителите, исто така им е забрането да користат или да овозможат користење на Платформата, Содржината и/или Услугите во врска со активности кои на кој било начин се поврзани со или им се од корист на државата или регионот (вклучувајќи ги и нивните извршни органи) во односите на кои од страна на Обединетите нации, Европската Унија или Обединетото Кралство се изречени санкции кои го забрануваат или во значителна мера го ограничуваат увозот или обезбедувањето на стоки или услуги или активностите кои се сметаат за забранети во согласност со таквите санкции.
Посетителите можат да испратат одреден текст во рамките на Содржината користејќи ја опцијата „испратете ја оваа статија преку емаил“ исклучиво со цел да се пренесат текстуални информации на друго лице, под услов примачот да сака да ги прими таквите информации.
Ограничувања за Регистрирани корисници. Сите информации кои ги споделувате со нас преку Платформата (вклучувајќи ја и Вашата Корисничка сметка) мора да бидат точни, ажурирани и целосни во секое време. Не е дозволено да се користи лажен идентитет при креирање на Корисничка сметка, ниту пак е дозволено создавање Корисничка сметка во име на друго лице, без негова согласност. По исклучок, доколку сте заинтересирани да се претплатите во име на друго лице (на пример, во вид на подарок), Ве молиме да го испратите Вашето образложено барање на следната адреса: subscription@bloombergadria.com.
Не е возможно да се креираат повеќе кориснички сметки со иста емаил адреса. HD-WIN го задржува правото да го оневозможи создавањето на Корисничка сметка со податоци кои, според своето дискреционо право, ги смета за навредливи или несоодветни.
Доколку сакате да се претплатите на повеќе модели на претплата истовремено,
Ве молиме да го испратите Вашето образложено барање на следната адреса: subscription@bloombergadria.com.
Регистрираните корисници се должни да го оневозможат користењето на нивните податоци за пристап до Корисничката сметка од страна на било кое друго лице.
Доколку имате сознание дека се случил неовластен пристап до Вашата Корисничка сметка или не можете да пристапите до Вашата Корисничка сметка поради губење на податоците, Ве молиме да не известите без одлагање.
Во секој случај, Регистрираниот корисник е исклучиво одговорен за сите активности преземени преку неговата Корисничка сметка.
Строго е забранет било каков вид пренос на претплата во целост или делумно,
односно пренос на било какво овластување кое го имате како Регистриран корисник.
Последици од повреда на ограничувањата. HD-WIN го задржува правото да го раскине Договорот без одлагање и да го прекине или ограничи пристапот до Платформата и/или Услугите, да ја суспендира или укине Корисничката сметка доколку, по сопствено наоѓање утврди дека дошло до повреда на било кое правило од овој дел од Условите. HD-WIN ќе го извести надлежниот државен орган доколку има основано сомнение дека Посетителот или некоја трета страна презема недозволени активности.
HD-WIN не бара и не сака да прима содржини генерирани од страна на Посетителите (освен за коментари според правилата дефинирани во натамошниот текст)
(во натамошниот текст: Содржина на Посетители). Доколку Посетителот сепак одлучи да ни испрати содржина во форма на коментари, текст, видео, аудио, фотографии, идеи, предлози, концепти и слични материјали, таквата содржина на Посетителот нема да се третира како доверлива и заштитена.
Дополнително, со поднесување на Содржина на Посетители (вклучувајќи оставање на коментари, како што е регулирано во натамошниот текст), Посетителот се согласува да му даде на HD-WIN неисклучива, територијална и на неодредено време, погодна за подлиценцирање, пренослива, неотповиклива и бесплатна лиценца (одобрение) за користење, објавување, прикажување, менување, репродуцирање, дистрибуција, складирање на Содржината на Посетителите, како и создавање изведени дела од таквата содржина по дискреција на HD-WIN и без дополнително известување, компензација или означување на името на Посетителот.
Посетителот гарантира:
-
дека е автор или носител на правата на интелектуална сопственост на Содржината на Посетители која ни ја испратил и дека не постои обврска да се добие каква било дозвола или согласност од која било трета страна за законска употреба на таква содржина во согласност со горенаведената лиценца;
-
дека Содржината на Посетители е точна и вистинита;
-
дека не повредува никакви законски прописи, одредби од Договорот или правата на HD-WIN и на трети лица.
Коментари. Регистрираните корисници можат да оставаат коментари на објавите на Платформата преку своите кориснички сметки, а Посетителите можат да оставаат коментари на објавите од нашите сметки или страници на социјалните мрежи. Во никој случај не е дозволено да се оставаат коментари кои вклучуваат содржина што е незаконска, а особено ако:
-
е навредлив, порнографски, вулгарен, заканувачки, вознемирувачки или на друг начин несоодветен,
-
може да го навреди достоинството, полот, попреченоста, религијата, расната и/или етничката припадност, сексуалната ориентација, физичките или други карактеристики на една личност,
-
повикува на насилство во било каков облик,
-
се однесува на маркетинг кампањи или друга содржина од промотивна природа насочена кон привлекување деловни понуди до кој било трговски субјект,
-
се однесува на политички кампањи и политички маркетинг,
-
се работи за информација која Регистрираниот корисник е обврзан со законска или договорна обврска да ја чува доверлива,
-
има за цел ширење лажни вести, како и предизвикување општа паника и немири,
-
го повредува правото на интелектуална сопственост на други лица
-
содржи или може да содржи вируси или слични компјутерски кодови, датотеки или програми создадени со намера да се уништат, оневозможат, прекинат или ограничат функционалноста на хардверот или софтверот,
-
може да биде штетен за малолетни лица,
-
содржи лични податоци за друго лице, доколку не постои законска основа за користење и откривање на таквите лични податоци.
HD-WIN го задржува правото да го забрани објавувањето и да ги отстрани сите коментари коишто не се во согласност со Условите или прописите без претходно известување до Регистрираниот корисник (или Посетителот ако станува збор за коментар на објавите на социјалните мрежи) по своја дискреција и со разумно сознание дека се работи за недозволени дејствија кои потекнуваат од трети лица.
HD-WIN нема обврска да ја надгледува содржината на коментарите поставени од Посетителите или да истражува дали постојат околности кои укажуваат на неовластено дејствување. HD-WIN не презема никаква одговорност за содржината на коментарите или за која било Содржина на Посетителите и не може да сноси одговорност према трети страни по која било основа во врска со тоа.
На барање на трето лице, HD-WIN без одлагање, а најдоцна во рок од два работни дена од денот на приемот на барањето на тоа лице, ќе ја отстрани неовластената Содржина на Посетителот, освен ако смета дека објавената Содржина на Посетителот не е во спротивност со законските одредби. Во тој случај, HD-WIN може да стапи во контакт со органот одговорен за примена и постапување во согласност со закон и да побара од надлежниот орган да утврди дали се прекршени одредбите од законот во конкретниот случај, поради што е неопходно да се отстрани Содржината на Посетителот.
Времетраење на претплатата. Претплатата се склучува на месечно (минимално времетраење) или на годишно ниво, во зависност од избраниот Модел на претплата.
Регистрација. Регистрацијата, односно креирањето на Корисничка сметка се врши со кликнување на копчето „Регистрација“ во горниот десен агол на Платформата, по што во истиот прозорец автоматски ќе се отвори посебен формулар за регистрација, во кој ја внесувате адресата на е-пошта и лозинката. Откако ќе ги внесете податоците и ќе кликнете на копчето „Регистрација“, ќе добиете е-пошта со која треба да ја потврдите и потврдите вашата регистрација. Откако ќе се регистрирате како Регистриран корисник, ќе Ви биде овозможен целосен пристап до онлајн Содржината.
Модели за претплата. Како Регистриран корисник, по регистрацијата можете да се претплатите на кој било од моделите за претплата понудени на оваа страница. Откако ќе го изберете Моделот на претплата за кој сте заинтересирани, дополнително ќе бидете пренасочени на формуларот кој треба да се пополни со дополнителни податоци за:
-
периодот на претплата (месечно или годишно),
-
средство за плаќање (број на платежна картичка) и адреса за наплата,
-
адреса за примање пратки (доколку се одлучите за моделот на претплата, кој го вклучува печатеното издание на списанието Bloomberg Businessweek).
Кога ја потврдувате претплатата, треба да го изберете полето со кое потврдувате дека ги прифаќате Условите за користење и дека сте запознаени дека Вашата претплата автоматски ќе се обнови доколку не ја откажете во согласност со Условите.
Откако ќе ги завршите сите опишани чекори, Вашата претплата ќе биде завршена.
Автоматско продолжување. По истекот на договорот, избраниот Модел на претплата автоматски се продолжува се додека Регистрираниот корисник не одлучи да ја откаже претплатата. Регистрираниот корисник е должен да го извести HD-WIN за откажувањето на претплатата најмалку 3 (три) дена пред истекот на последниот период на претплата со испраќање е-пошта на subscription@bloombergadria.com. Доколку Регистрираниот корисник не ја откаже претплатата во согласност со овој дел, сноси исклучива одговорност за подмирување на сите доспеани износи на претплатата врз основа на автоматски продолжениот Договор.
Откажување на претплатата. Доколку Регистрираниот корисник сака да ја откаже претплатата пред истекот на тековниот период на претплата, откажувањето на претплатата ќе стапи на сила првиот ден по истекот на тековниот период на претплата. Регистрираниот корисник кој ја откажал претплатата го задржува правото на пристап и користење на Платформата, Содржината и Услугите во иста мера до истекот на тековниот период на претплата. Регистрираниот корисник нема право на враќање на платената претплата во случај да ја откаже претплатата пред истекот на периодот на претплата (вклучувајќи ги и годишните претплати). Откажувањето на претплатата не подразбира автоматско бришење на Корисничката сметка,
во согласност со објаснувањето во делот Деактивирање на претплата / бришење на Корисничката сметка.
Промотивни понуди. HD-WIN го задржува правото, по своја дискреција, да им понуди на Регистрираните корисници промотивни цени за претплата или бесплатен пристап до Содржините што инаку се платени во согласност со Моделите за претплата,
во согласност со условите што HD-WIN ги пропишува за секоја промотивна понуда и објавува на Платформата, социјалните мрежи и маркетинг материјалот
(во натамошниот текст: Промотивна понуда). Промотивните понуди траат во периодот определен од HD-WIN по сопствена дискреција и по истекот на периодот на Промотивните понуди продолжуваат да се применуваат редовните цени за претплата наведени на Платформата. Подетални услови и поволности предвидени со Промотивните понуди ќе бидат објавени на Платформата пред почетокот на Промотивните понуди.
По правило, продолжувањето на користење на Услугите во рамките на Промотивната понуда, после истекот на Промотивната понуда подразбира усогласеност со условите на претплатата на која се однесува Промотивната понуда и од Регистрираниот корисник ќе се наплати за Услугата во согласност со Моделот на претплата без дополнително известување, освен ако Регистрираниот корисник ја откаже употребата пред истекот на Промотивната понуда со испраќање е-пошта на subscription@bloombergadria.com. Со одредена Промотивна понуда, HD-WIN може да пропише поповолни услови за Регистрираниот корисник, во кој случај овие Услови ќе имаат предност.
Секој Регистриран корисник може да ја користи Промотивната понуда најмногу еднаш, без оглед на нејзиниот тип, времетраење или достапност, освен ако не е поинаку предвидено во Промотивната понуда.
Посебни поволности. Регистрираните корисници кои ги исполнуваат критериумите за посебни поволности обезбедени од страна на HD-WIN поради одредено времетраење на периодот на претплата може да остварат право на намалени износи на надоместоци во одреден период. За повеќе информации за посебните поволности кои ги обезбедуваме, Ве молиме да не контактирате со испраќање на е-пошта на: subscription@bloombergadria.com.
Деактивaција на претплатата / бришење на Корисничката сметка. Деактивирањето и бришењето на Корисничката сметка се детално регулирани во делот Престанок на договорот.
Нашата функција за препорака за написи со вештачка интелигенција е дизајнирана да го подобри вашето корисничко искуство со предлагање содржина приспособена на вашите параметри за читање. Ексклузивно достапна за регистрираните корисници, оваа функција гарантира дека поминувате помалку време во пребарување на релевантни написи и повеќе време ангажирајќи се со висококвалитетна содржина што одговара на вашите преференции.
Со регистрирање на нашата страница и прифаќање на нашата политика за приватност и условите за користење, ја потврдувате и се согласувате со употребата на технологии за вештачка интелигенција за подобрување на препорачаната содржина.
За да обезбеди релевантни препораки, системот користи анонимизирани податоци врз основа на специјално дизајнирани параметри за идентификација на написите што ги читате и вашите интеракции со нашата платформа. Важно е да се напомене дека оваа функција не користи технологија за генеративна вештачка интелигенција, осигурувајќи дека препораките се засноваат исклучиво на нашата сопствена анализа на податоци и усогласување на содржината.
Може да се откажете од персонализација базирана на вештачка интелигенција во секое време со прилагодување на поставките на вашата сметка или со контактирање на нашиот тим за поддршка.
Овој процес вклучува и употреба на колачиња за оптимизирање на препораките за содржината. Овие колачиња се користат на начин кој ја почитува вашата приватност и не се собираат, складираат или обработуваат дополнителни лични податоци во врска со оваа функција. Со регистрација на нашата платформа, се согласувате со користењето на овие анонимизирани податоци и колачиња за да го подобрите вашето искуство со препораки за содржина.
Кога Регистрираниот корисник се претплати на Моделот на претплата за прв пат, претплатата се плаќа пред почетокот на првиот период на наплата (месец или година). Минималниот период на претплата е еден месец. HD-WIN однапред наплаќа годишна претплата за целиот период на наплата.
Обврската да се плати надоместок за кој било модел на претплата доспева веднаш откако Регистрираниот корисник ќе избере еден од Моделите на претплата.
По изборот на Моделот на претплата, Регистрираниот корисник ќе остави информации за средствата за плаќање од кои ќе се наплати соодветниот износ на надоместокот за Моделот на претплата веднаш по потврдувањето на претплатата, во согласност со делот за Регистрација и претплата. Со прифаќање на Условите, Регистрираниот корисник дава согласност HD-WIN, да ја наплаќа претплатата преку наведените средства за плаќање.
Плаќањето на претплатата може да се изврши:
-
преку платниот систем Stripe. Можете да ги прочитате условите за користење на платниот систем на следниот линк.
-
преку банкарска картичка издадена од деловна банка кај која Регистрираниот корисник има сметка.
Во случај Регистрираниот корисник да не го извести HD-WIN за откажување на претплатата, ќе се смета дека Регистрираниот корисник се согласил за продолжување на Договорот и претплатата автоматски ќе се продолжи во согласност со делот Регистрација и претплата, по што надоместокот за следниот период на претплата ќе се наплати првиот ден по истекот на претходниот период на наплата во согласност со Условите и избраниот Модел на претплата. Доколку Регистрираниот корисник нема доволно средства на избраното платежно средство за плаќање на надоместокот за следниот месец, HD-WIN ќе го извести Регистрираниот корисник и ќе побара да обезбеди средства или ќе предложи промена на платежните средства. Доколку Регистрираниот корисник по 14 дена од првиот ден по претходниот период на наплата не обезбеди доволно средства за плаќање на надоместокот за следниот месец, HD-WIN има право да ја откаже претплатата и да ја деактивира/избрише Корисничката сметка на Регистрираниот корисник. Во тој случај, HD-WIN има право да наплати пропорционален дел од надоместокот за периодот во кој Регистрираниот корисник бил активен.
Регистрираниот корисник може да ја откаже претплатата пред истекот на периодот на претплата со испраќање барање за откажување преку Корисничката сметка или со испраќање емаил на следната адреса: subscription@bloombergadria.com.
Регистрираниот корисник е запознаен со фактот дека во врска со плаќањето на надоместокот за претплата, може да настанат дополнителни трошоци во вид на провизија и/или надоместоци на деловните банки или други даватели на услуги за електронско плаќање (Stripe), и дека таквите трошоци не се дел од надоместокот за претплатата кој Регистрираниот корисник го плаќа според Договорот. Регистрираниот корисник сноси исклучива одговорност за подмирување на ваквите дополнителни трошоци и Ве советуваме однапред да го проверите постоењето на таквите трошоци кај субјектот преку кој ја плаќате претплатата.
Регистрираниот корисник може во секое време да го промени избраното средство за плаќање во рамките на неговата Корисничка сметка. Доколку до моментот на уплата за новиот период на претплата, Регистрираниот корисник воопшто не го наведе средството за плаќање или не е наведен точен, валиден и прифатлив начин на плаќање, поради што наплатата не е можна, HD-WIN писмено ќе го потсети Регистрираниот корисник за обврската да ја плати претплатата, како и да ги промени податоците за платежните средства, преку испраќање на емаил на емаил адресата на Регистрираниот корисник која е поврзана со Корисничката сметка. Регистрираниот корисник е должен да ги промени податоците за платежните средства на Корисничката сметка во рок од 5 дена од денот на испраќањето на наведениот емаил од страна HD-WIN, односно да ја плати претплатата. Во спротивно, HD-WIN го задржува правото привремено да ја оневозможи Корисничката сметка додека не се платат сите доспеани надоместоци за претплата.
Износите на надоместоците за секој поединечен Модел на претплата може да се менуваат од време на време. Доколку дојде до промена на висината на надоместокот за времетраење на договорот со Регистрираниот корисник, променетиот износ ќе се применува почнувајќи од првиот нареден период, по истекот на тековниот период на претплата во текот на кој износот на надоместокот бил променет. За промената на надоместокот ќе се применуваат одредбите од Дел 4 (Измени на договорот).
Услугите кои ги обезбедува HD-WIN се состојат првенствено во испорака на дигитална содржина.
Откако Регистрираниот корисник ќе создаде Корисничка сметка и откако ќе му се овозможи пристап до дигиталната содржина во согласност со Моделот на претплата, се смета дека Услугата е целосно извршена. Соодветно на тоа, Регистрираниот корисник разбира и прифаќа дека не може да го искористи правото на потрошувачот да се повлече од договорот склучен на далечина според било кој применлив закон и дека не може да добие враќање на средствата за претплатата по оваа основа. Регистрираниот корисник, сепак, може да го раскине Договорот во согласност со правилата содржани во делот Регистрација и претплата.
Сите Посетители имаат можност да се претплатат на билтенот за да се информираат за нашите специјални понуди и промоции на производи и услуги. Претплатата на билтенот е направена:
-
ако сте Регистриран корисник - со избирање на соодветното поле во поставките за Корисничка сметка,
-
ако сте Посетител - со внесување на емаил адресата во полето предвидено за тоа во Платформата.
Ќе бидете додадени на нашата мејлинг листа само откако ќе дадете изречна согласност за тоа.
Ве молиме да имате предвид дека за да испратиме билтен, собираме одредени лични податоци, во согласност со нашата Политика за приватност.
Можете да се откажете од списокот на луѓе кои го добиваат билтенот во секое време следејќи ги упатствата на крајот на секој емаил што го добивате во билтенот. Во овој случај, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, како што е опишано во нашата Политика за приватност.
HD-WIN нема контрола или ниту било какви права во однос на која било веб-страна на трета страна. Употребата на секоја веб-страна на трета страна е регулирана со условите за користење и политиката за приватност на таа конкретна страна на третата страна, а кои може значитело да се разликуваат од Условите и Политиката за приватност на Друштвото. Друштвото не сноси никаква одговорност во однос на достапноста или функционалноста на која било веб-страна на трета страна, ниту во поглед на условите за користење и/или политиката за приватност која што се применува на нив.
Друштвото не е одговорно за точноста, навременоста или содржината на информациите објавени на веб-страната на трети страни или на кој било друг извор до кој може да се пристапи преку врска достапна на Платформата.
Фактот дека врската до веб-страната на трета страна е достапна на Платформата не имплицира, ниту подразбира дека HD-WIN ги одобрува или препорачува услугите или производите на субјектот што ја поседува веб-страната на третата страна.
Посетителот е исклучиво одговорен и го сноси ризикот од пристап до веб-страната на трети страни. Посетителот е свесен за фактот дека со напуштање на Платформата, Условите и Политиката за приватност престануваат да важат.
Посетителот (вклучувајќи го и Регистрираниот корисник) пристапува и ја користи Платформата на сопствена одговорност и е свесен дека HD-WIN ја обезбедува Платформата „во видена состојба“ (as is and as available). HD-WIN не гарантира (ниту имплицитно, ниту експлицитно):
-
дека Платформата, Содржината и Услугите (вклучувајќи ги и услугите за претплата) ќе ги задоволат специфичните потреби или барања на Посетителот,
-
дека Услугата во секое време ќе биде функционална, точна, сигурна, непрекината, со задоволителен квалитет и без грешки,
-
дека содржината е точна и доверлива,
-
дека сите грешки или пропусти во врска со Услугите ќе бидат поправени.
HD-WIN го задржува целосното право да, без испраќање известување до Корисниците а на Регистрираните корисници со претходно известување дадено во разумен рок,
во секое време да:
(a) оневозможи или суспендира пристап до Платформата целосно или делумно,
(b) воведе промени во Содржината или во кој било дел од Платформата,
(c) ја суспендира функционалноста на Платформата поради редовно и вонредно одржување, непотребни ажурирања, отстранување на недостатоци или поради други причини.
HD-WIN не гарантира, ниту сноси одговорност за функционалноста на хардверските и софтверските компоненти кои ги користи Посетителот за пристап и користење на Платформата и Услугите, како и за услугите обезбедени од трети страни поврзани со Платформата, како што е квалитетот на интернет конекцијата. Посетителот нема можност да упати никакви барања до нас во овој поглед.
Го задржуваме правото, во секое време да го прекинеме работењето на Платформата и/или да ги даваме Услугите, без да наведеме причина, во кој случај ќе обезбедиме сумите кои биле платени врз основа на претплатата на Платформата за периодот по престанокот на Платформата / давањето на Услугите, да се вратат на Регистрираните корисници на ист начин, како што биле и платени.
Платформата, Содржината и Услугите се само за информативни цели. Информациите поврзани со финансии, берза, бизнис, инвестиции, книговодство, геополитички и политички прашања, како и сите други информации објавени на Платформата се дел од Содржината исклучиво со цел да се обезбедат информации. Ништо содржано на Платформата не претставува правен, комерцијален, деловен или совет од друг вид. Не гарантираме дека било кој став, мислење, изјава или препорака содржана во кој било дел од Содржината е точен, ажуриран или целосен.
Во никој случај, до степенот до кој тоа е дозволено, HD-WIN (вклучувајќи ги и партнерите) или нивните застапници, претставници и членови нема да сносат никаква одговорност према Посетителот или према било кое трето лице за:
-
каков било вид на штета, загуба, трошок или друга штетна последица кој произлегува од директна или индиректна употреба или неможност за користење на Платформата, Содржината или Услугите,
-
неовластен пристап до Корисничката сметка или штетната последица што може да произлезе од неа.
Исклучоци. Ограничувањето на одговорноста нема да се применува во случаи на штети кои произлегуваат од намерно кршење на Договорот од страна на HD-WIN.
Доколку се утврди дека некое од претходно опишаните ограничувања на одговорноста е неспроведливо или во случај на утврдување на одговорност на Друштвото, Посетителот се согласува дека вкупната утврдена обврска на Друштвото не може да го надмине износот на сите надоместоци кои ги платил Посетителот на Друштвото според Договорот за 12 месеци кои претходат на денот на утврдување на одговорноста на Друштвото. Доколку Посетителот не извршил исплати на Друштвото во наведениот период, вкупната утврдена обврска на Друштвото не смее да надмине износ од 100 евра.
Посетителот се согласува дека ограничувањата на одговорноста опишани во овој дел претставуваат соодветна распределба на ризиците помеѓу Друштвото и Посетителот и претставуваат неопходен елемент на Договорот и дека Платформата, Содржината и Услугите нема да постојат или да бидат обезбедени од Друштвото без опишаните ограничувања.
Виша сила. Ниту една Договорна страна нема да биде одговорна за прекршување на Договорот како резултат на околности кои не можеле разумно да се предвидат и кои се надвор од контрола на Договорните страни, како што се природни непогоди, војна, акт на надлежен орган, политички или економски санкции, граѓански немири, терористички напад, штрајк, пад на интернет или која било друга околност што може да се смета за виша сила во согласност со меродавното право. Овој исклучок се применува само ако одредена околност директно влијаела или ја спречила Договорната страна да ја исполни својата договорна обврска.
Овој дел не е наменет да:
-
отстапува од или ограничи примена на кое било законско ограничување или исклучување на одговорност,
-
овозможи ограничување или исклучување на одговорноста на Регистрираниот корисник за плаќање на претплатата во согласност со Договорот.
Посетителот се согласува, на свој трошок, да го брани и обештети HD-WIN (вклучувајќи ги и партнерите) од сите побарувања, барања за надомест на штета, одговорности, трошоци, вклучително и разумни трошоци за адвокатско застапување, кои произлегуваат од или во врска со Платформата, Содржината и/или Услуги, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
-
користење на Платформата, Содржината и/или Услугите од страна на Посетителот или друго лице што го користи уредот на Посетителот,
-
користење на Платформата, Содржината и/или Услугите преку Корисничката сметка,
-
повреда на Договорот од страна на Посетителот или друго лице кое го користи уредот на Посетителот (вклучувајќи ја и Корисничката сметка доколку е применливо), вклучително и повреда на која било обврска на Посетителот која произлегува од Договорот,
-
било какви наводи за повреда на правата на интелектуална сопственост, правата на приватност или други права на која било трета страна поради користење на Платформата, Содржината и/или Услугите од страна на Посетителот или друго лице кое го користи уредот на посетителот (вклучувајќи ја и Корисничката сметка доколку е применливо ),
-
било какви измени, отстранувања, бришења, дополнувања или други форми на неовластено користење во врска со Платформата, Содржината и/или Услугите од страна на Посетителот или друго лице кое го користи уредот на Посетителот (вклучувајќи ја и Корисничката сметка доколку е применливо).
Посетителот ќе му ги надомести на Друштвото сите и било какви други трошоци и штети, вклучително, но не ограничувајќи се на, разумните трошоци за адвокатски услуги и трошоците што произлегуваат на кој било начин од таквото барање, односно побарување, дејствие или каков било вид постапка спроведена во врска со таквото барање или побарување.
HD-WIN го задржува правото, на свој трошок, да ги преземе сите неопходни активности за одбрана и управување со постапките што се предмет на надомест на штета од страна на Посетителот, во кој случај Посетителот се обврзува да му ја обезбеди на Друштвото сета потребна помош во таквата одбрана и остварување на своите права.
Посетителот ќе му ги надомести на Друштвото трошоците за застапување од страна на адвокат во случај на судска постапка покрената од страна на Друштвото против Посетителот, а која произлегува од повреда на обврските на Посетителот опишана во овој дел.
Посетителот може да контактира со HD-WIN со испраќање на Барање на било кој од следниве начини:
-
на емаил адреса: subscription@bloombergadria.com
-
на адреса: Радничка Цеста 180, 10000 Загреб, Република Хрватска,
-
преку контакт телефон: +385 992422224
-
преку полето за контакт во Корисничката сметка.
HD-WIN може да контактира со Регистрираните корисници на следниве начини:
-
Кога Регистрираниот корисник е физичко лице: преку е-маил адресата со која е поврзана Корисничката сметка.
-
Кога Регистрираниот корисник е правно лице: преку е-маил адресата со која е поврзана Корисничката сметка или преку е-маил адресата регистрирана во јавниот регистар на Друштва или преку писмена пратка до адресата на седиштето на Друштвото.
Известувањето, односно пораката ќе се смета за доставенa:
(a) во случај на достава по е-пошта: следниот работен ден од денот на испраќањето,
(b) во случај на испорака преку курирска услуга: на денот наведен на потврдата за прием на курирската услуга,
(c) во случај на испорака по препорачана пошта: петтиот работен ден по датумот на испраќање.
За потребите на овој Договор, работен ден значи работен ден на местото каде што HD-WIN има регистрирано седиште.
Секоја договорна страна има право да ја промени адресата за кореспонденција наведена во Договорот, под услов однапред да ја извести другата договорна страна во согласност со овој дел.
Договорот ќе важи до:
-
Раскинување од страна на Посетителот, односно Регистрираниот корисник.
-
Раскинување од страна на HD- WIN.
Раскинување од страна на Посетителот. Посетителот може во секое време да престане да ги користи Платформата и Услугите и да го уништи целиот материјал добиен преку Услугите, со што Договорот ќе се смета за раскинат (освен, ако станува збор за Регистриран корисник).
Раскинување од страна на Регистрираниот корисник. Регистрираниот корисник може во секое време да престане да ги користи Платформата и Услугите и да го уништи целиот материјал добиен преку Услугата.
Со деактивирање или бришење на Корисничката сметка, Договорот ќе се смета за раскинат, без оглед на причината за деактивирање или бришење.
Регистрираниот корисник има право да:
-
ја деактивира претплатата, во кој случај потврдата за деактивирање сепак ќе овозможи пристап до Корисничката сметка, но без можност за пристап до Услугите кои биле достапни врз основа на избраниот Модел на претплата.
По деактивирањето, претплатата може повторно да се активира во рок од 30 дена. По истекот на период од 30 дена, Корисничката сметка трајно се брише и тогаш Договорот се смета за раскинат, и ќе ги избришеме вашите лични податоци во согласност со условите дефинирани во Политиката за приватност.
-
ја избрише Корисничката сметка, со потврдување на бришењето, Вашата Корисничка сметка е трајно избришана и Вашата претплата автоматски престанува. По бришењето на Корисничката сметка, HD-WIN ќе ги третира Вашите лични податоци во согласност со Политиката за приватност. Во овој случај, со бришењето ќе се смета дека Договорот е раскинат.
Регистриран корисник кој го раскинал Договорот пред истекот на претплатата нема право на поврат на уплатениот износ (ниту целосно, ниту делумно), како што е подетално регулирано во Дел 12 (Откажување на претплатата).
Раскинување од страна HD-WIN поради повреда на Договорот. HD-WIN има право да ја деактивира претплатата во секое време доколку Регистрираниот корисник не го плати надоместокот во согласност со избраниот Модел на претплата.
HD-WIN го задржува правото да ја деактивира претплатата во секое време, односно да ја избрише Корисничката сметка доколку се дознае дека Регистрираниот корисник постапил спротивно на Договорот или на кој било важечки закон или по налог на надлежниот државен орган, со непосредно дејство од датумот на испраќање известувањето за раскинување на Договорот. HD-WIN има право на дискрециона оценка при одлучувањето дали Регистрираниот корисник го прекршува Договорот или важечкиот закон. Ако HD-WIN има сознанија дека постојат околности што укажуваат на прекршување на Договорот или важечкиот закон, HD-WIN има право однапред да ја суспендира Корисничката сметка до 30 дена. HD-WIN не може да биде одговорен за каква било штета што произлегува од суспензија или еднострано раскинување поради повреда на Договорот.
Раскинување од страна на HD-WIN без повреда на Договорот. HD-WIN има право да го прекине пристапот до Платформата и да престане да ги обезбедува Услугите без било каква причина поврзана со активностите на Регистрираниот корисник,
во секое време, со тоа што има обврска да ги извести Регистрираните корисници најмалку 30 (триесет) дена однапред. Во случај на Регистрираниот корисник да не му истекол периодот на претплата во согласност со избраниот Модел на претплата,
HD-WIN, по сопствена дискрециона оцена, ќе овозможи пристап до Платформата и Услугите до истекот на периодот на претплата или ќе врати дел од надоместокот на Регистрираниот корисник, сразмерно со преостанатиот, неискористен дел од периодот на претплата.
Обврски на Регистрираниот корисник по раскинувањето. Регистрираниот корисник е должен да ги уништи без одлагање, а најдоцна на денот на раскинувањето на Договорот, сите материјали кои потекнуваат од Платформата, односно Содржината и Услугите, како и сите копии и сродни документи.
Одредби кои се применуваат по престанок на Договорот. Обврски кои продолжуваат да важат по престанок на Договорот се:
-
Обврска за плаќање која настанала пред престанок на Договорот.
-
Членови 5, 6, 7, 13, 14, 15, 17 и 18.
Меродвано право. Релевантните прописи на Република Хрватска ќе се применуваат за сите прашања кои не се регулирани со Договорот, без примена на правилата за решавање на судири на закони и императивни прописи на Република Србија,
до степен до кој е пропишана нивната екстериторијална примена.
Вонсудско решавање спорови. Договорните страни се согласуваат дека во случај на спор во врска со и/или во врска со договорот, прво ќе се обидат да го решат спорот со меѓусебен договор. Договорната страна која го иницира спорот е должна да достави до другата договорна страна писмена покана за мирно решавање на спорот, која вклучува опис на фактите и околностите на спорот, како и секоја документација релевантна за предметот на спорот. Договорната страна која ја добива поканата е должна да одговори на поканата во рок од 30 дена, односно да го реши спорот.
Повикот за мирно решавање на спорот се доставува во согласност со делот Кореспонденција.
Договорните страни се согласуваат дека погоре опишаната постапка за мирно спогодување е задолжителен услов што мора да се исполни пред да се покрене кој било друг вид постапка против другата договорна страна.
Решавање спорови со правни лица. Доколку задолжителните преговори кои се водат во согласност со овој дел не резултираат со решавање на спорот, секој спор кој произлегува од или во врска со Договорот конечно ќе се реши пред судот со стварна надлежност, во местото каде што се наоѓа седиштето на HD-WIN.
Решавање спорови со физички лица. Доколку задолжителните преговори спроведени во согласност со овој дел не резултираат со решавање на спорот, секој спор ќе се решава пред суд кој е надлежен според меродавното право.
Наслови. Насловите на деловите во Договорот се дадени само заради лесно снаоѓање и не може да имаат било какво правно дејство, ниту се релевантни за толкувањето на Договорот.
Непостоење на откажување од правата. Нашата одлука да не го оствариме правото според прописите и Договорот нема да се толкува како откажување од правото.
Делумна ништовност. Доколку некоја одредба од Договорот биде прогласена за ништовна, ништовноста на таквата одредба нема да влијае на важноста на другите одредби од Договорот, кои ќе останат во сила и ќе продолжат да се применуваат во целост.
Во случај на ништовност на било која одредба од Договорот поради нејзината контрадикторност со важечките важечки прописи, таквата одредба, само во однос на одредена основа за ништовност и во врска со конкретни околности, ќе се толкува на начин во согласност со важечките закони. Таквото изменето толкување ќе биде ограничено само до степенот неопходен за Договорот да произведе правно дејство и во обид да го задржи првобитното значење на изменетата одредба во најголема можна мера.
Целост на Договор. Одредбите на овој Договор (вклучувајќи ги и неговите измени од време на време) како целина претставуваат договор меѓу Договорните страни. Договорот ги заменува сите претходни или тековни, усни или писмени, преговори и спогодби разменети меѓу Страните, доколку такви постојат.
Во случај на било каква неусогласеност помеѓу одредбите на Договорот и која било изјава, констатација или друга информација објавена на Платформата, наведена во Содржината или во која било кореспонденција помеѓу Договорните страни,
ќе преовладуваат одредбите од Договорот.
За сите прашања во врска со Условите, Договорот, Платформата или Услугите, можете да не контактирате преку следната е-маил адреса: contact@bloombergadria.com или преку полето за контакт од Корисничката сметка.