Политика на приватност

Room free icon 

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ 

  

  

  

Оваа Политика за приватност стапува на сила на ден: 2022 година 

  

HD-WIN ARENA SPORT d.o.o., Radnička cesta 180, Zagreb, OIB: 75150106632 (во натамошниот текст „HD-WIN˝“) придава големо значење на заштитата на личните податоци. 

 

Оваа Политика за приватност се однесува на лица лоцирани во Македонија. 

 

Политиката за приватност го регулира начинот на ракување со информации и лични податоци што HD-WIN заедно со партнерите (како што е дефинирано во Услови за користење и обезбедување на услугата, во натамошниот текст: „Услови или Услови за користење) ги обработува при посетата на нашата платформа https://bloombergadria.com/ и се однесува на личните податоци собрани и обработени од HD- WIN и партнери (во натамошниот текст колективно наречени: „Заеднички контролори“ или „ние“) кои се сметаат за заеднички ракувачи во смисла на Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ и Законот за заштита на личните податоци. 

 

Заедничките контролори ги обработуваат податоците на регистрираните корисници, посетители, но и други лица, како што се претплатници на билтенот, сето тоа во согласност со условите, обврските и правата пропишани со важечките прописи, Услови и Политики за колачиња. 

 

  

Оваа Политика за приватност го опишува начинот на кој ги користиме и штитиме сите информации кои ги добиваме од Вас. Бидејќи веруваме во потполна транспарентност, оваа Политика за приватност е сочинета на начин кој ќе ги обезбедои сите информации на едноставен и разбирлив начин. 

 

Ве молиме прочитајте ја оваа Политика за приватност за целосно да ја разберете и да знаете со што се согласувате кога ги прифаќате Условите за користење. 

Сите термини напишани со големи букви кои не се дефинирани во оваа Политика за приватност го имаат истото значење како термините дефинирани во делот Дефиниции во нашите Услови. 

 

 

  1. Дефиниции 

 

 

 
 
 
 
 
 

Shape

Description automatically generated with low confidence 

 
 
 
 

Лице на кое се однесуваат податоците”, „Лице” илиВиесе однесува на сите физички лица кои споделуваат лични податоци со нас, независно од тоа дали се Регистрирани корисници или Посетители.  

 
 
 
 

Shape

Description automatically generated with low confidence 

 
 

Надзорен орган се однесува на орган кој врши надзор над примената на Прописите, вклучувајќи го и Агенција за заштита на личните податоци, Булевар Гоце Делчев 18, Скопје 1000, , e-mail  

info@privacy.mk („Офицер”). 

 
 
 
 

System free icon 

 
 

Обработувачсе однесува на физичко или правно лице кое ги обработува личните податоци во име на Контролорот во согласност со договорот меѓу Контролорот и Обработувач. 

 
 
 
 

Shape

Description automatically generated with low confidence 

 
 

Податок или личен податок се однесува на личен податок, односно на податок кој се однесува на физичко лице чиј идентитет е одреден или одредлив, непосредно или посредно на основа на тие податоци. Лични податоци не претставуваат податоци кои се однесуваат на ентитети како правни лица, животни или слично. Меѓутоа, доколку некој податок кој е поврзан за правно лице може да доведе до идентификација на некое физичко лице, таквиот податок се смета за личен податок. На пример, податоци за претприемачите или трговските друштва на едно лице во кои се содржани лични податоци на физичи лица. Исто така, опфатени се и податоци поврзани со деловните активности на физичките лица, како што се емаил адресите на вработените во правните лица кои гласат „ime.prezime@kompanija.com“, а кои лесно можат да доведат до идентификација на физичките лица.  

 
 
 
 

Shape

Description automatically generated with low confidence 

 
 

Прописсе однесува на 1) Општа уредба за заштита на личните податоци (EU) 2016/679 на Европскиот парламент и совет од 27 април 2016 година во врска со заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и на слободниот пренос на таквите податоци („GDPR”) и/или 2) Закон за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија („Закон“), како и други релевантни прописи. Законот за заштита на личните податоци се применува екстериторијално на лица лоцирани во Северна Македонија. 

 
 
 
 

Personal data 

 
 

Контролор е физичко или правно лице, односно орган кој самостојно или заедно со други ги одредува целта и начинот на обработка на Личните податоци. 

 
 
 
 

Shape

Description automatically generated with low confidence 

 
 

Согласностсе однесува на Вашата недвосмислена согласност на обработка на личните податоци. Лице постаро од 16 години може самостојно да даде согласност за обработка на личните податоци во користењето на информатичките услуги. Лица помлади од 16 години можат да дадат согласност преку својот родител/старател. Согласноста е само еден од законските основи за обработка на податоците, така што личните податоци можат да се обработуваат и по други основи.  

 

 

  1. Улога во обработката на Вашите податоци, DPO и претставникот за Северна Македонија 

 

Заедничките контролори прибираат лични податоци на начин наведен во одделот Кој податоци ги собираме и како?. HD-WIN i Partneri склучија Договор помеѓу заеднички контролори, со кој ги уредуваат своите одговорности во врска со исполнување на обврските предвидени во Прописите, а посебно обврските во поглед на остварување на правата на Лицата на кои се однесуваат податоците и исполнување на нивните обврски да на тие Лица им пружат информации.  

 

HD-WIN именуваше лице за заштита на личните податоци (Data Protection Officer) („DPO“). DPO можете да го контактирате во врска со сите прашања кои се однесуваат на обработката на Вашите лични податоци, како и во случај на било какви нејаснотии во врска со Вашите права. 

 

Лице за заштита на личните податоци: Дијана Добречевић 

                                                                  dpo@bloomberadria.com  

                                                                  Радничка цеста 180, Загреб 

 

Во согласност со член 7б од Законот, HD-WIN го именуваше својот претставник во Република Србија: 

 

Име:      Наум Дужа  

Адреса: Киро Пајмаковски 36, Прилеп 

 

Претставникот е овластен да го претставува HD-WIN во врска со обврските на HD-WIN предвидени со Законот. 

 

 

  1. Кои Податоци ги собираме, за која цел и по кој правен основo? 

 

 

Можеме да собираме и примаме Податоци за Вас на различни начини: 

 

 

  1. Податоци кои ги давате по пат на користење на Услугите (на пример, кога ќе креирате Корисничка сметка на Платформата); 

  1. Податоци кои одлучувате да ги споделите со нас кога не контактирате по пат на contact@bloombergadria.com или преку друга јавно достапна адреса за е-пошта; 

  1. Податоци кои ги собираме по пат на употреба на колачиња во согласност со нашата Политика за колачиња; 

  1.  Информации што ни ги оставате во случај да сакате да добивате новости за нашите понуди, нови услуги, настани што ги организираме. 

 

Обработката на Вашите податоци е секогаш ограничена само на она што е неопходно за остварување на целите за кои Податоците се собираат.  

 

Најважните информации за вас кои ги собираме во својство на Заеднички контролори можете да ги видете во табелата која следи, заедно со објаснување на целите и основот за таквата обработка, како и роковите на чување на таквите податоци.  

 

 

 
 
 
 
 
 

ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ 

A close up of a logo

Description automatically generated 

 

 

 

 
 
 
 

A close up of a logo

Description automatically generatedЦЕЛИ 

 
 
 
 

ПРАВЕН ОСНОВ 

 

A close up of a logo

Description automatically generated 

 
 
 
 

РОК НА ЧУВАЊЕ 

A close up of a logo

Description automatically generated 

 
 
 
 

Информации за регионот за кој сте заинтересирани 

 
 

Пристап до соодветниот дел од Платформата со содржина од ваш интерес 

 
 

Обработката е неопходна за HD-WIN да ги исполни своите обврски според Договорот и да обезбеди пристап до соодветниот дел од платформата 

 
 

За време на вашата посета на платформата 

 
 
 
 

Податоци неопходни за регистрација на Платформата 

 

Емаил адреса и лозинка, регион за кој сте заинтересирани да пристапите на Содржината.  

 
 

Креирање на Корисничка сметка на Платформата од страна на Посетителите, во согласност со Условите. 

 

 

 
 

Обработката е неопходна за извршување на Договорот, во согласност со дел 8 од Условите (Регистрација и претплата). 

 

Без наведување емаил адреса и поставување на лозинка, Посетителот не може да креира Корисничка сметка. 

 

Податоци за регионот се неопходни за склучувањето на договорот. 

 
 

Податоците ги чуваме до бришењето на Вашиот Кориснички профил. 

 

Доколку ja деактивирате Вашата Корисничка сметка, податоците ги чуваме уште 30 дена по деактивацијата на Корисничка сметка по што ќе ги избришеме сите податоци. 

 
 
 
 

Податоци неопходни за прилагодување на Корисничката сметка 

 

Емаил адреса и лозинка, идентификационен број на корисник кој Ви го доделуваме, Вашиот регион од кој пристапувате кон содржината. 

 

 
 

Откако ќе креирате Корисничка сметка, можете да ги подесувате Вашите податоци на подесувањето на Корисничката сметка на Платформата, во согласност со Условите. 

 

 
 

Обработката е неопходна за извршување на Договорот, во согласност со дел 8 од Условите (Регистрација и претплата).  

 

 
 

Податоците ги чуваме до бришењето на Вашата Корисничка сметка. 

 

Доколку ја деактивирате Вашата Корисничка сметка, податоците ги чуваме уште 30 дена после деактивацијата на Корисничката сметка, по што ќе ги избришеме сите податоци. 

 
 
 
 

Финансиски податоци 

 

Име и презиме на лицето кое врши плаќање, адреса, број на сметка и податоци за платежната картичка, податоци за неуспешни наплати (доколку е применливо). Лицето кое го врши плаќањето не мора да биде Регистриран корисник и можно е овие податоци да бидат собрани за трето лице кое го врши плаќањето од страна на Регистрираниот корисник. 

 
 

Податоците ги собираме во процесот на пријава на одреден Модел на претплата во согласност со Условите, а дополнително го користиме при автоматско обновување на претплатата (доколку е применливо). Доколку плаќањето, во согласност со Условите и избраниот модел на претплата, не се реализира, собираме податоци за тоа, како би го контактирале Корисникот за да обезбедиме друг начин на плаќање. 

 
 

Обработката е неопходна за Регистрираниот корисник да ги исполни своите обврски од Договорот во врска со избраниот модел на претплата. 

 
 

Податоците се чуваат за времетраењето на Договорoт и во текот на периодот неопходен за исполнување на обврските пропишани со важечките финансиски, даночни и други прописи, во согласност со важечкото законодавство дефинирано во Условите. Имајте предвид дека во одредени случаи, кои се пропишани со посебни прописи, ќе биде потребно подолго складирање на податоци. На пример, податоците за сметката ги чуваме 12 години, што е неопходно за да ги исполниме сите наши обврски. 

 

 
 
 
 

Дополнителни податоци 
 
Односно, податоци кои сте се одлучиле да ги споделите со нас.  

 
 

Ако ни поставите прашање на contact@bloombergadria.com или на некој друг начин побарате поддршка, ќе ги собираме податоците кои ќе одлучите да ги споделите со нас. 

 
 

Обработката на личните податоци е неопходна за да се обезбеди Услугата целосно или делумно или обработката се заснова на Ваша согласност (во зависност од податоците што ќе одберете да ги споделите). 

 
 

Доколку обработката се заснова на Ваша согласност, податоците ги чуваме се до отповикување на согласноста или во текот на период од  

една година, на било кој датум пред да настапи. 

Во случај да мораме да ги чуваме податоците заради покренување судска постапка или во случај надлежните државни органи да го побараат тоа од нас, нема да ги избришеме податоците и бришењето ќе биде прекинато, а периодите на задржување ќе бидат различни од наведените. . 

 

 
 
 
 

Податоци неопходни за идентификација при остварување на правата на лицето чии податоци се обработуваат 

 

 
 

Овозможување на Лицата на кој се однесуваат податоците да ги остварува своите права во согласност со оваа Политика за приватност, како што е дефинирано во делот Вашите права. 

 

 
 

Обработката е неопходна со цел исполнување на законските обврски на кои подлежи Контролорот 

 
 

Во согласност со законските рокови, најмалку 5 години од решавањето на барањето.. 

 
 
 
 

Емаил адреса за Newsletter 

 

Ако се одлучите да се пријавите за нашиот Newsletter, ќе ја користиме Вашата емаил адреса. 

 
 

Newsletter ни овозможува да Ве известуваме за новите функционалности на Услугите, нови информации, како и останати важни вести.  

 
 

Обработката се заснова на Ваша согласност. Имате право да ја повлечете согласноста во било кој момент, без да влијае врз законитоста на обработката заснована на согласноста дадена пред повлекувањето.  

Можете да се одјавите од примање на нашиот Newsletter. Доколку сакате да се одјавите, само следете ги упатствата на крајот на секој емаил.  

Во случај да сте наш регистриран корисник, можеме да ви испратиме Билтен врз основа на легитимен интерес. Во тој случај, секогаш можете да приговарате на обработката на крајот од секој Билтен, во рамките на одрекувањето. 

 

 
 

За оваа цел можеме да ја користиме Вашата емаил адреса се додека не ја повлечете согласноста. 

 
 
 
 

Емаил адреса за Bloomberg Adria настан 

 

Доколку сте Регистриран корисник, кој сака да добива известувања за Bloomberg Adria конференции и настани кој ги организираме, ќе ја користиме Вашата емаил адреса 

 

 
 

Во ракмите на Услугите, организираме конференции и настани за Регистрираните корисници, во согласност со Условите. Доколку сакате, ќе Ви испраќаме известувања и најави за Bloomberg Adria конфереции и настани.  

 
 

Обработката се заснова на Вашата согласност. Имате право да ја повлечете согласноста во било кој момент, без да влијае врз законитоста на обработката заснована на согласноста дадена пред повлекувањето. Можете да се одјавите од примање на овие информации со испраќање на емаил на dpo@bloomberadria.com  

Обработката во случај на правни лица, истакнати јавни личности и/или влијателни лица и/или ако веќе сте наш потрошувач може исто така да се заснова на легитимен интерес. 

 
 

За оваа цел можеме да ја користиме Вашата емаил адреса се додека не ја повлечете согласноста. Податоците ги чуваме 2 години по завршувањето на настанот или конференцијата. 

 
 
 
 

Податоци кои ги собираме кога се пријавувате за учество на Bloomberg Adria настан или конференција која ја организираме  

 

Емаил адреса, име, презиме, фотографија, преглед на настанот  

 

 
 

Во рамки на Услугите, организираме конференции и настани за Регистрираните корисници, во согласност со Условите 

 
 

Обработката на овие податоци е неопходна за давање Услуги (извршување на Договорот). 

 

 
 

Податоците ги чуваме 2 години по завршувањето на настаните или конфренциите.  

 
 
 
 

Име и презиме, адреса за достава на печатено издание на списанието Bloomberg Adria Businessweek 

 

 
 

Обезбедување на услугата за Корисниците кои се претплатиле на Моделот за претплата што вклучува испраќање на печатено издание на списанието Bloomberg Adria Businessweek, во согласност со Условите. 

 
 

Обработката на овие податоци е неопходна заради обезбедување на Услуги (извршување на договорот) 

 

Доколку не ни ги доставите овие податоци, нема да бидеме во можност да Ви доставиме печатено издание од списанието Bloomberg Adria Businessweek.  

 
 

За оваа цел ги обработуваме Вашите податоци се додека не се одјавите од Моделот на претплата кој го опфаќа испраќањето на печатено издание од Bloomberg Adria Businessweek.  

 
 
 
 

Име и презиме или псевдоним, емаил адреса, IP адреса, сите податоци кои одлучувате да ги споделите со нас во рамки на Вашиот коментар на Содржината, време и датум на објавата на коментарот. 

 
 

За да ја направиме содржината што е можно поинтересна и посетена, ви овозможивме да го споделите Вашето мислење за голем број теми со оставање коментари под Содржината, според правилата што ги пропишавме во Условите. 

 
 

Обработката на овие податоци е неопходна за давање Услуги (извршување на Договорот). 

 

Обработката е неопходна за почитување на нашите законски обврски. 

 

Исто така, обработката на податоците е во наш легитимен интерес, со цел да се спречи прекршување на обврските од делот Содржина на Посетители од нашите Услови. 

 
 

Одредени податоци за Вас (вклучувајќи IP адреса) ги чуваме во период од 30 дена по престанокот на обезбедување на Услугите.  

 

Во одредени случаи, можно е да се чуваат податоците подолг временски период, особено кога е поведена постапка пред надлежните органи или тие побарале податоците за вас да бидат доставени како дел од истрага или друга правна постапка или постапка. . 

 

Текстот на коментарите останува зачуван во архивата на вести колку и самата вест, односно заедно со текстот од веста.  

 

 
 
 
 

Датум  на регистрација на Платформата, избран Модел на претплата, одјава од Моделот на претплата, податоци за пребарувачот преку кој сте пристапиле кон Платформата, податоци за уредот преку кој сте пристапиле на Платформата, податоци за пошироката локација од која сте пристапиле на Платформата, активностите на платформата.  

 
 

Користиме Cookiebot за да извршиме статистичка анализа на користењето на платформата и движењето на платформата, со цел подобро да ја развиеме нашата платформа и да ја подобриме нашата услуга. Овие информации ни овозможуваат подобро да го разбереме однесувањето на секој поединец и неговите потреби. За повеќе информации за тоа кои колачиња ги користи Cookiebot и нивното чување, посетете ја нашата Политика за колачиња. За повеќе информации за практиките на Cookiebot и податоците собрани преку оваа услуга, можете да добиете овдe. За да го оневозможите следењето преку Cookiebot-от, Ве молиме да ја посетите нашата Политика за колачиња 

 

 
 

Согласноста за употреба на колачиња ја давате по пат на банер кој се појавува првиот пат кога Посетителот пристапува на Платформата. Банерот содржи податоци за употреба на колачињата и му овозможува на корисникот да избере дали се согласува со употреба на колачињата (и кои) или не. За повеќе информации во врска со употребата на колачиња, Ве молиме да ја посетите нашата Политика за колачиња. Вашата согласност можете да ја повлечете во секој момент. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката која претходела пред повлекувањето на согласноста. За повеќе инструкции во врска со повлекувањето на согласноста Ве молиме да ја посетите нашата Политика за колачиња 

 

 

 
 

Како што е наведено во Политиката за колачиња. 

Доказ за повлекување на согласноста ќе се чува најмалку 5 години од повлекувањето. 

 
 
 
 

Податоци кои сте одлучиле да ги споделите со нас по пат на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, LinkedIn) 

 

 
 

Собираме податоци во врска со Вашето корисничко искуство, критики и/или предлози во врска со Платформата, Содржината и/или Услугите, со цел да подобрување на нашата Платформа и Услуги. 

 
 

Обработката на лични податоци е или неопходна за обезбедување на Услугите и нивно подобрување или обработката се заснова на Ваша согласност.  

 

 
 

Доколку обработката се заснова на Ваша согласност. 

Во случај да е неопходно да се обезбедат услуги, ние ќе ги складираме вашите податоци во согласност со важечките прописи. 

 

 

 

  1. Што не правиме?  

 

 

Не вршиме анализа на ниту еден посебен вид на лични податоци (вклучувајќи расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозовски уверувања, членство во синдикати, генетски или биометриски податоци, податоци за здравствена состојба, податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација), а функционалностите кои ги овозможува Платформата не се наменети за обработка на било какви лични податоци од овие видови. Меѓутоа, ако одлучите да споделите со нас некои од гореспоменатите категории на лични податоци, ќе се смета дека сте се согласиле на обработка на истите.  

 

Исто така никогаш нема: 

  • Да продаваме било кој вид на лични информации или податоци, 

  • Да ги откриеме овие податоци на маркетери или трети лица кои не се наведени во делот Со кого ги споделуваме Вашите податоци?, 

  • Да ги обработуваме Вашите податоци на било кој начин кој не е наведен во оваа Политика за приватност. 

 

  1. Безбедност на Податоците 

 

Преземаме административни, технички, организациони и други мерки со цел да обезбедеме соодветен степен на безбедност на личните податоци кои ги обработуваме. Откако ќе процениме дали мерката е соодветна и кое ниво на безбедност е соодветно, ја разгледуваме природата на личните податоци што ги обработуваме и природата на активностите за обработка што ги извршуваме, ризиците на кои сте изложени преку нашите активности за обработка, трошоците за спроведување безбедносни мерки и други релевантни прашања во одредени околности. Сето горенаведено не е единственото нешто што ни е важно при определувањето какви заштитни мерки ќе преземеме. 

 

Некои од мерките кои ги применуваме вклучуваат контрола на овластувањата за пристап, класификација на информациите (и постапување со нив), заштита на интегритетот и доверливоста, изработка на резервни копии од податоците, заштитни ѕидови, енкрипција на податоците и други соодветни мерки. Нашиот тим поседува соодветно знаење и разбирање за важноста и доверливоста на заштитата на Вашите лични податоци.  

 

Сите наши вработени или вработени во нашите договорни партнери континуирано посетуваат обуки со цел да ги разберат нивните обврски, но и важноста од доверливост и заштита на вашите лични податоци. 

 

Последно, но не и најмалку важно, склучивме соодветни договори за обработка и споделување податоци со нашите договорни партнери и континуирано работиме на ревизија или проверка на нивниот степен на усогласеност со важечките прописи. При увидот, односно ревизијата се проверуваат и безбедносните стандарди за податоците на испитаниците секогаш да бидат безбедни. 

 

  1. Со кого ги споделуваме Вашите Податоци? 

 

 

Користиме услуги на екстерни обработувачи за одредени работи. Информациите добиени преку ревизијата ги користиме за да ги идентификуваме, класифицираме и евидентираме сите лични податоци обработени надвор од компанијата, така што информациите, активностите за обработка, Обработувачот и правната основа се евидентирани, ревидирани и лесно достапни. 

 

Имаме воспоставено строги due diligence процедури. 

 

Од табелата во продолжение можете да видите кои се нашите Обработувачи со кои ги споделуваме Вашите Лични податоци: 

 

 
 
 
 
 
 

 

ОБРАБОТУВАЧ 

A close up of a logo

Description automatically generated 

 

 

 

 
 
 
 

УЛОГА 

A close up of a logo

Description automatically generated 

 

 
 
 
 

СЕДИШТЕ 

A close up of a logo

Description automatically generated 

 
 
 
 

Cubes doo Beograd 

 
 

Обезбедување услуги на web development и hosting 

 
 

Србија 

 
 
 
 

Stripe Payments Europe, Ltd. 

 
 

Обработка на уплати 

 
 

Ирска 

 
 
 
 

Red View Media d.o.o. 

 
 

Услуги на дигитален маркетинг 

 
 

Хрватска 

 
 
 
 

The Rocket Science Group, LLC (MailChimp) 

 
 

Email услуги базирани на Cloud технологија 

 
 

Соединети Американски Држави 

 
 
 
 

Deloitte d.o.o. 

 
 

Сметководствени услуги 

 
 

Хрватска 

 
 
 
 

ARENA NEWS CHANNELS DOO BEOGRAD 

 
 

Управување со коментари на Платформата 

 
 

Србија 

 
 
 
 

Telko Grup DOOEL Prilep 

 
 

Управување со коментари на Платформата 

 
 

Северна Македонија 

 
 
 
 

Arena Sport BH d.o.o. 

 
 

Управување со коментари на Платформата 

 
 

Босна и Херцеговина 

 
 
 
 

Arena sport d.o.o. 

 
 

Управување со коментари на Платформата 

 
 

Словенија 

 

 

 

  1. Меѓународен пренос на Податоци  

 

 

 

Со обезбедување на соодветни технички и организациски мерки, односно одржување на соодветно ниво на безбедност на податоците, можеме да ги пренесеме Вашите податоци во друга држава. Во однос на меѓународниот пренос на податоци, ние се грижиме таквиот пренос да се одвива во согласност со Законот, а Вашите податоци ги пренесуваме исклучиво: 

 

  1. во земјите во ЕУ/ЕЕЗ; 

 

  1. во земјите кои обезбедуваат соодветно ниво на заштита; 

 

  1. во земјите кои не спаѓаат во оние од точките 1 и 2, но ги применуваат соодветните мерки на безбедност. 

 

Доколку сакате да добиете дополнителни информации за овие заштитни мерки, можете да не контактирате на dpo@bloomberadria.com 

 

Дополнително нагласуваме дека серверите се наоѓаат во Германија. Услугата за складирање податоци се врши во име на заедничките оператори на Hetzner Online Gmbh. 

 

  1. Вашите права 

 

 

Со оглед на тоа дека транспарентноста е еден од нашите основни принципи, Лицата на кои се однесуваат личните податоци имаат одредени права во врска со своите лични податоци. Лицето на кое се однесуваат податоците може да ги остварува овие права. 

 

Се разбира, ако мислите дека некои од вашите права се прекршени, секогаш можете да контактирате со Надзорниот орган. Прочитајте повеќе за правата подолу. 

 

Log in free icon 

Право на пристап 

  

 

Имате право да ни испратите барање за да добиете информации дали ги обработуваме Вашите податоци. Ако одговорот е позитивен, можете во секое време да побарате копија од некои или сите податоци, како и информации за: (i) целта на обработката и правниот основ на обработката; (ii) видовите лични податоци што се обработуваат; (iii) примачот или видовите приматели на кои им се откриени личните податоци, особено приматели во други држави или меѓународни организации; (iv) предвидениот период на чување на личните податоци или доколку тоа не е можно, критериумите за одредување на тој период; (v) постоење на правото да се бара од контролорот да ги исправи или избрише неговите лични податоци или право да ја ограничи обработката на тие податоци; (vi) право да се поднесе жалба до Надзорниот орган, како и контакт податоци од Надзорниот орган; (vii) информации за личните податоци што се обработуваат доколку тие не се собрани од Лицето, како и достапни информации за нивниот извор; (viii) постоење на автоматизирано донесување на одлуки, вклучувајќи профилирање според член 22 (1) и (4) од GDPR, односно 38. ст. 1 и 4 од Законот, и барем во овие случаи, релевантни информации за логиката користени при тоа, како и значењето и очекуваните последици од таа обработка за лицето на кое се однесуваат податоците. 

 

Вашето барање можете да го упатите на следната емаил адреса dpo@bloomberadria.com. Бараните информации ќе Ви ги обезбедеме најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Кога пронаоѓањето или прибавувањето на информациите е посебно сложено или оправдано бара подолг период за обезбедување, овој рок може да се продолжи за уште 60 денови. Меѓутоа, ова се однесува само на исклучителни околности и во текот на процесот уредно Ве известуваме за секое задоцнување, како и за причините поради кои настанало задоцнувањето.  

 

Доколку не се согласуваме со Вашето барање за обезбедување Податоци, во рок од 30 дена ќе Ве известиме за причините за одбивање на барањето, како и на правото на поднесување жалби до Офицерот. 

 

 

 

Choice 

Право на исправка и дополнување 

 

 

Ако мислите дека податоците што ги собравме за Вас се неточни, имате право да побарате нивна корекција. Во зависност од целта на обработката, имате право да ги дополните Вашите нецелосни лични податоци, што вклучува давање дополнителна изјава. 

 

По приемот на известување за неточни или нецелосни податоци од страна на субјектот на податоците, ние ќе ја исправиме грешката во рок од 30 дена и ќе ги известиме сите трети страни за корекции во случај кога претходно сме им ги откриле таквите податоци. Вашето барање можете да го испратете на следната емаил адреса dpo@bloomberadria.com 

 

 

Restricted area free icon 

Право на ограничена обработка  

 

 

Во одредени ситуации, имате можност да го ограничите пристапот до Вашите податоци, на нас и/или трети страни, во одредени процеси или во целост. Оваа опција Ви е достапна во случај да ја оспорите точноста на податоците во рокот што ни овозможува да ја потврдиме точноста, да сметате дека податоците повеќе не ни требаат за целите на обработка или сте поднеле жалба до Надзорниот орган, а за времетраење на постапката за оценување на легитимниот интерес. 

 

 

Report 

Право на приговор 

 

 

Кога вршиме обработка на одредени Ваши податоци на основи на легитимен интерес, имате право да поднесете приговор во однос на начинот на кој ги користиме Вашите податоци. Покрај тоа, во било кој момент можете да упатите приговор за обработката на Вашите податоци за цели на директен маркетинг, кој вклучува профилирање во мера која е поврзана со таквиот директен маркетинг.  

 

 

Transfer free icon 

 

Право на отповикување на согласноста 

 

 

Доколку обработката на податоците се заснова на Ваша согласност, можете да ја повлечете согласноста во секое време. Можете да ја повлечете Вашата согласност со испраќање емаил на dpo@bloomberadria.com.  

 

Ве молиме имајте предвид дека повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката на податоците врз основа на дадената согласност, пред нејзиното повлекување 

 

 

A close up of a logo

Description automatically generated 

Право на пренесување на податоците  

 

 

Доколку претходно сте ни дале лични податоци, имате право да ги добиете овие податоци назад во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и имате право да ги пренесете овие податоци на друг Контролор без попречување од страна на Контролорот на кого податоците биле претходно обезбедени, доколку се исполнети заедно, следните услови:  

 

  • Обработката се врши автоматизирано, 

  • Обработката се заснова на Ваша согласност или врз основа на договор со Вас. 

 

 

A close up of a logo

Description automatically generated 

Право на бришење (Право да се биде заборавен) 

 

 

Имате право да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани во следните случаеви: 

  • личните податоци повеќе не се неопходни за да се постигне целта за која се собрани; 

  • сте ја отповикале согласноста врз основа на која е извршена обработката; 

  • се спротивставувате на обработката и нема друг правен интерес за обработка на лични податоци; 

  • личните податоци се незаконски обработени; или 

  • кога е потребно да се избришат податоци во согласност со закон. 

 

Меѓутоа, немате право на бришење во случаи кога, на пример, обработката е задолжителна: 

 

  • со цел исполнување на законски обврски; или 

  • во случаи поднесување, остваруванње или одбрана на законско барање. 

 

Вашето барање можете да го упатите на следата емаил адреса dpo@bloomberadria.com 

 

 

 

  1. Измени на Политиката на приватност 

 

 

Според обврските кои произлегуваат од релевантните прописи или поради промените во нашите деловни процеси, можеме да ја ревидираме и ажурираме оваа Политика за приватност. 

 

Моментално важечката верзија од Политиката за приватност ќе биде секогаш достапна на Платформата, на крајот од секоја страна на Платформата. Ажурираните правила ќе се применуваат од моментот кога ќе бидат објавени на Платформата. 

 

Доколку настанат значителни промени кои значително влијаат на обработката на личните податоци, ние ќе ги објавиме информациите на Платформата без одлагање, а доколку ја имаме Вашата емаил адреса за оваа цел (на пример, во случај на Регистрирани корисници), ќе Ве известиме директно преку вашата емаил адреса.