Bloomberg Adria 50

ТОП 50 луѓе од регионот Адрија

Јануари 2024.

Сподели ја веста

Минатата 2023 година беше обележена со голем скок на каматните стапки и со зголемување на трошоците за задолжување, заедно со смирена и опаѓачка инфлација, додека во исто време технолошките компании доминираа на пазарите на капиталот и доживеаја вртоглав раст. Војната во Украина продолжи, а светот се соочи и со нов оружен конфликт меѓу Израел и Хамас.

Секторот што најдобро ја искористи својата позиција во тие услови е секако банкарскиот сектор. Банките во регионот Адрија беа најголеми добитници минатата година, додавајќи неверојатни профити во своите биланси. Заедно со банкарите, едно од централните места на листата Топ 50 највлијателни луѓе од регионот Адрија, која се составува втора година по ред, зазедоа и деловните луѓе што не бараа изговор во геополитичките или други околности и постигна забележителни резултати. Има и политичари што сигурно ќе ја обликуваат бизнис-климата во 2024 година, бидејќи практично во сите земји од регионот се одржуваат избори.

Во годинашната Топ 50 листа не издвојуваме поединечни политичари, но јасно е дека во 2024 година ќе бидат во центарот на вниманието и под притисок на јавноста. Практично сите земји од регионот ќе мора да спроведат реформи, кои често не се најпопуларни меѓу граѓаните.

Повеќе на Блумберг Адрија

Пари како за избори, за пензиски дупки и за социјален мир: Анализа на буџетот за 2027
Македонија

Пари како за избори, за пензиски дупки и за социјален мир: Анализа на буџетот за 2027

Буџетот за идната година предвидува економијата да порасне за 3,8 отсто, а стапката на инфлација да изнесува 3,2 отсто. Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 отсто од БДП

пред 11 минута

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Берзански преглед: Американските акции растат додека Волстрит добива нов поттик од ВИ
Берзи

Берзански преглед: Американските акции растат додека Волстрит добива нов поттик од ВИ

Растот на технолошките гиганти ги поттикна берзите врз основа на обложувањата дека трговијата поврзана со вештачката интелигенција, која го движеше биковскиот пазар, има уште простор за понатамошен раст.

пред 8 часа