Дваесет и четиригодишниот Џанан Муса по одличната 2022 година, во која беше избран за најкорисен играч на шпанската кошаркарска АЦБ-лига во дресот на Бреоган, продолжи да блеска и во 2023 година во Реал Мадрид. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина беше еден од клучните играчи на Мадрид на патот кон европскиот трон, со просек од 14,8 поени по натпревар. Овој резултат придонесе да се вброи во идеалната петорка на Евролигата.
Во 2023 година Муса втора година по ред беше прогласен за најдобар спортист во БиХ, а втора година беше вклучен и во идеалната петорка на шпанската АЦБ-лига. Тој се истакна и во квалификациите за Олимписките игри, каде што во дресот на Босна и Херцеговина просечно постигнуваше по 18 поени.
Во 2023 година, Муса влезе и во светот на бизнисот, станувајќи косопственик на „Дерубис каравани“, кој произведува луксузни каравани.