text size
Гледано од извесна дистанца, Илон Маск остава впечаток како да ја достигнал брзината на ослободување. Пред 2024 година, неговите компании „Тесла“ (Tesla) и „Спејсекс“ (SpaceX) беа цел на федерални истраги, колективни тужби и политички спорови. Ги загрозуваше и самиот Маск, чии лични кризи често се одразуваа врз неговиот професионален живот. Меѓу нив беа разводите, борбата со депресијата, обвинувањата за употреба на дрога, честите автоголови на социјалните мрежи и сета драма што се насобира во животот на човек со најмалку 14 деца. Со доволно моќ, таквите работи едноставно можат да се занемарат. Откако Доналд Трамп во 2024 година го освои вториот претседателски мандат со помош на околу 300 милиони долари од Маск, сè што следуваше го зацврсти Маск како убедливо најбогатиот човек во светот, со влијание и богатство какви што немал никој барем од таканаречената Златна ера пред повеќе од сто години.