Примож Роглич е словенечки хронометарски шампион, лани победи на тринеделната велосипедска трка Џиро Д’Италија, а на крајот од сезоната потпиша двегодишен договор со екипата на Бора-Хансгрое.
Преселбата во Бора Хансгрое доаѓа со откуп за холандскиот тим Џамбо Висма, во износ од три милиони евра, додека договорот на Роглич вклучува повеќе од пет милиони евра по сезона. Тоа е еден од најголемите трансфери во историјата на велосипедизмот.