„Стекларна Храстник“ на чело со Петер Час се најде во центарот на вниманието по купувањето на фабриката за стакло во Параќин, каде што ќе бидат овозможени 250 нови вработувања. Во словенечката фабрика сè повеќе се става акцент на добивање енергија од водород и други обновливи извори. „Индустријата за стакло е во зелена транзиција. Клучот е декарбонизацијата“, вели Час. Кога дошол во фабриката за стакло, создавале околу 40 илјади евра додадена вредност по вработен, додека, според прогнозите, во 2023 година постигнале 100 илјади евра додадена вредност по вработен.
Бизнис-планот за 2024 година е подготвен земајќи ги предвид променетите пазарни околности - заладувањето на побарувачката на клучните пазари и растот на резервите - но предвидува одржување висока деловна профитабилност (ЕБИТДА маржа во износ од над 30 проценти) со непроменети приходи од продажба на ниво од 2023 година, соопштија тие.
„Стекларна Храстник“ е во сопственост на Игор Лах, кој годинава стана најбогатиот Словенец, со имот вреден 385 милиони евра. „Во моментов градиме нова печка во Србија, која е инвестиција од околу 50 милиони евра. Планираме следна стомилионска инвестиција во нова печка во 2026 година, а година или две подоцна инвестирање во производство на рамно стакло“, изјави тој за Н1.