Истакнатиот босански актер Феѓа Штукан неодамна се испроба како писател, носејќи ни го својот роман „Бланк“ (Blank). Ова дело не е само уметнички израз туку постигна завиден регионален успех, доживувајќи неколку изданија. Низ седум години создавање, Штукан нè води низ приказната за едно момче што сонува да стане пилот и ја раскажува својата приказна за животот, смртта, политиката, религијата, омразата и љубовта.
Романот доживеа голем бум во Босна и Херцеговина, но и во регионот, а особено во Хрватска, каде што се најде на топ-листата на најпродавани книги во книжарниците. За нејзината популарност говори и самиот факт што книгата е објавена и на Брајово писмо, а се најде и на листата за читање на универзитетот „Голдсмит“ во Лондон.