Bloomberg Adria 50

ТОП 50 луѓе од регионот Адрија

Јануари 2023.

Сподели ја веста

Годината 2022 беше сè само не досадна. Кога би морале да издвоиме една личност што оставила посебен белег на неа, за жал не по добро, тоа би бил рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот напад врз Украина на крајот на февруари го поттикна економскиот домино-ефект поради кој денес сите знаеме за Володимир Зеленски. А мораме да ги истакнеме и централните банкари, кои до дивеењето на инфлациите предизвикани од војната и енергетската криза спиеја во монетарен зимски сон. Најекспонирани на светската сцена во 2022 година дефинитивно беа американскиот централен банкар Џером Пауел и европската централна банкарка Кристин Лагард. Сите тие влијаеја на настаните во регионот Адрија, но на нашата листа на ТОП 50 највлијателни луѓе во регионот ги нема нив.

Првпат ви пренесуваме листа од 50 луѓе од регионот што ја обележија претходната година, и тоа во многу попозитивен тон од глобалните инфлуенсери. Станува збор за навистина шаренолико друштво, меѓу кое се и некои многу познати лица од спортот и политиката, но и релативно непознати генијалци од светот на бизнисот и науката, кои го ставија регионот Адрија на светската мапа како место на неисцрпен извор на таленти.

Од македонската Марсовка и српскиот математички гениј, преку босанскaта тинејџерка што го освојува светот на пливањето, па до најмоќните луѓе во регионалниот бизнис и политика - погледнете кој сѐ од овие простори остави неизбришлива трага во 2022 година. Како избравме ТОП 50 луѓе од регионот? Секоја регионална редакција - хрватската, српската, словенечката, босанската и македонската - номинираше свои кандидати во шест категории: бизнис, политика, финансии, наука и технологија, спорт и забава. Вкупно имаше над 120 кандидати. Потоа следуваше гласање. На листата ТОП 50 се најдоа номинираните со најмногу гласови меѓу сите редакции.

Повеќе на Блумберг Адрија

САД бараат идеолошка лојалност од сојузниците пред кратењето на военото присуство
Политика

САД бараат идеолошка лојалност од сојузниците пред кратењето на военото присуство

Соединетите американски држави сакаат да знаат колку секој сојузник во НАТО е лојален на политиките на Доналд Трамп пред да ги намалат воените капацитети што ја бранат Алијансата.

пред 4 часа

САД се задолжија по највисока цена од 2001 година, сигнал за загриженост кај инвеститорите
Пари

САД се задолжија по највисока цена од 2001 година, сигнал за загриженост кај инвеститорите

Американската влада продаде 30-годишни обврзници по највисока каматна стапка во последните 25 години, што е показател дека инвеститорите бараат поголема компензација за финансирање на сè поголемиот буџетски дефицит на земјата.

пред 7 часа

Танкерите подолго остануваат невидливи за да извезуваат нафта од Блискиот Исток
Суровини

Танкерите подолго остануваат невидливи за да извезуваат нафта од Блискиот Исток

Бродовите што превезуваат нафта која не е од иранско потекло почнаа да ги исклучуваат своите транспондери за избегнување на детекција непосредно по почетокот на конфликтот кон крајот на февруари.

пред 8 часа