Електроинженер, поранешен менаџер, сегашен премиер на Република Словенија.
Политичкиот подем на Роберт Голоб всушност започна откако тој не доби нов мандат да го води словенечкиот државен енергетски трговец ГЕН-И, исто така присутен во регионот Адрија. Со компанијата раководеше од 2006 година, а новиот претседател на управниот одбор го назначи судот. Голоб се впушти во нов потфат - го основа Движењето за слобода и победи на парламентарните избори во април со 34,45 проценти од гласовите, со што на крајот на мај 2022 година стана десеттиот премиер на Република Словенија.
Тој е доктор по електротехника, па дури и во Брисел е признаен како еден од најкомпетентните лидери на земјите-членки на Европската Унија во областа на енергетиката. Покрај воведувањето ограничувања на цената на природниот гас на ниво на ЕУ, Голоб е исто така и поборник за изградба на соларни централи и намалување на консумирањето месо во исхраната. Тој дури основа и стратегиски совет за прашања со храната, наводно составен претежно од вегани.
Тој во 2023 година ќе биде клучната личност за безбедната пловидба на Словенија во услови на скапа енергија, висока инфлација и забавување на економскиот раст.