Српски драмски режисер на Нетфликс.
Милутин Петровиќ е првиот српски режисер чиј филм се најде на платформата Нетфликс. Станува збор за филмското остварување „Нечиста крв - гревот на предците“, драма сместена во османлиско Врање во средината на 19 век, настаната по делата на Бора Станковиќ.
Главните улоги во филмот на Милутин Петровиќ ги толкуваат познати глумци и глумци од регионот: Драган Бјелогрлиќ, Анѓела Јовановиќ, Катарина Радивојевиќ, Феѓа Штукан и Нела Михаиловиќ. Може да се каже дека овој филм е круна на досегашната кариера на режисерот, кој досега има потпишано режијата на шест долгометражни филмови и речиси сите телевизиски формати.
Петровиќ е познат и како театарски режисер, сценарист, актер и експерт за рекламирање. Последнава деценија и пол негува академска кариера на повеќе високообразовни институции во земјава.
Филмот „Нечиста крв - гревот на предците“ е практично првиот високобуџетен филм на Петровиќ. Дотогаш беше познат најмногу по нискобуџетни продукции, од кои се издвојува неговиот прв филм „Земја на вистината, љубовта и слободата“ од 2000 година.
Филмот „Нечиста крв - гревот на предците“ забележа завидна гледаност во регионот и го истапка патот кон Нетфликс за другите регионални автори и продукции.