Телескопот „Џејмс Веб“ е најмоќниот вселенски телескоп, а вреди десет милијарди долари. Развојот на телескопот траеше 20 години, а меѓу научните соработници беше и словенечката астрофизичарка, професорка и докторка Маруша Брадач. Таа учествуваше во проектот како членка на истражувачкиот тим што разви еден од четирите најважни научни инструменти на телескопот - камерата NIRISS. Телескопот беше лансиран во вселената на крајот на 2021 година.
Во 2022 година, таа доби финансиски средства од Европскиот истражувачки совет (ERC) за проектот „Фрстлајт“ (Firstlight), во чии рамки таа и нејзиниот истражувачки тим ќе го проучуваат настанувањето на првите галаксии, а главен извор на податоци за споменатото истражување ќе биде вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.