text size
Инженерот за мостови Марјан Пипенбахер се најде на листата на највлијателни луѓе во 2022 година поради неговиот проект за мостот што ја поврзува Далмација со полуостровот Пељешац, кој се смета за еден од најважните проекти на сите времиња во Хрватска. Пељешкиот мост е отворен во јули 2022 година, долг е 2,4 километри и висок 55 метри. Се градеше две и пол години. Вредноста на проектот беше 420 милиони евра, а 85 отсто од инвестицијата беше кофинансирано од ЕУ.