Готвачка со единствениот ресторан со две ѕвезди „мишлен“ во регионот.
Ана Рош е врвна готвачка, а нејзиниот ресторан „Хиша Франко“ (Hiša Franko) долги години освојува ѕвезди „мишлен“. Во 2022 година, инспекторите на „Мишлен“ ги претставија рестораните што влегоа во кулинарскиот водич на „Мишлен“ за Словенија. „Хиша Франко“, која ја води Ана Рош, задржа две ѕвезди „мишлен“, што значи дека поседува и најмногу ѕвезди „мишлен“ во регионот. Минатата година Рош ја отвори пекарницата „Ана“ во центарот на Љубљана, а „Хиша Франко“ го зазеде 34-то место на листата на 50 најдобри ресторани во светот. Рош се појави и во серијата „Chef's Table“ на Нетфликс.
Во 2023 година, кулинарската генијалка ќе отвори ресторан во луксузниот „Петрам рисорт енд резиденс“ во Савудрија. Ако го потпише договорот - а веројатноста за тоа е 95 проценти - ресторанот ќе биде отворен до јуни 2023 година, потврди Рош за медиумите.