text size
Најскапиот стан во третото тромесечје од оваа година е продаден во скопски Центар. Инвеститорот го продал за близу 200.000 евра. Станот е со површна од 63 квадрати , а еден квадрат чини 3.159 евра.
Во истиот период во скопската општина Карпош стан од само 41 квадрат е продаден за 128.000 евра или 3.122 евра за еден метар квадратен, покажуваат податоците од извештајот на третиот квартал од 2026 година од Агенцијата за катастар.
Извештајот исто така покажува дека за периодот од 1 јули до 30 септември 2026 година, пазарот на недвижности и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика на купопродажбите.
Прочитај повеќе
Македонски парадокс: Двоцифрен пад на продажбата на нови станови ама цените и натаму растат
Градежниците со поддршка на банките продолжуваат да ја зголемуваат понудата.
07.10.2026
Раст на цените на становите во Скопје од 10,3 проценти во третиот квартал
Станува збор за благо забавување на годишниот раст.
05.10.2026
Проблеми со станбените кредити? Пребарувањата за ова се на највисоко ниво во историјата
Каматните стапки растат, цените на недвижностите се сè повисоки, а начините за нивно финансирање се сè понедостапни. Проследивме еден од побараните поими во 2026 година, „помош со хипотека“ (Help with mortgage), и истраживме за што точно станува збор.
22.09.2026
Каде во Европа е најисплатливо да се купи стан за издавање, а какви приноси нуди регионот?
Молдавија, Ирска, Италија, Латвија, Романија и Полска се меѓу најатрактивните европски пазари за инвестиции во недвижности.
02.09.2026
Ќе го сврти ли демографијата целосно пазарот на недвижности во земјава? Трендот почна
Континуираното иселување придонесе се повеќе македонски деца да се раѓаат во странство.
10.08.2026
„Во третиот квартал се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 отсто во споредба со претходниот квартал. Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесува 339 милиони евра, од кои 337,8 милиони евра се однесуваат на купопродажби“, стои во извештајот.
Според Катастарот, особено интересни се движењата на пазарот на станови. Бројот на продадени станови е намален за 14 отсто, додека бројот на закупени станови бележи раст од 45 отсто. Истовремено, вкупната месечна закупнина е зголемена за 31 отсто во споредба со претходниот квартал.