text size
Цените на становите во Македонија растат со темпо што тешко може да се спореди со поголемиот дел од Европа, но купувачите веќе не го следат тој раст со истата сила. Новите податоци на Народната банка откриваат своевиден пресврт на пазарот со оглед на тоа што лани има значителен пад на продадени новозавршени станови. Сепак, тоа не ги спречува градежниците со поддршка на банките да продолжуваат да ја зголемуваат понудата иако проценетото време потребно за продажба на новите станови се пролонгирало од 6 години во 2024 година на 7,9 години во 2025 година. Доаѓа ли до заситеност на македонскиот пазар на недвижности?