Цените на становите во Скопје се зголемиле за 13,3 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2026 година, според Народната банка. Станува збор за благо забавување на растот на цените на становите во Скопје ако се земе предвид дека во првиот квартал од годинава Народната банка забележа годишен раст од 16,6 проценти.
Сепак, овие податоци треба да се земат со резерва со оглед на тоа што индексот на цени на станови што го изработува Народната банка се базира на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје, а не на податоци за продадените станови.
„Блумберг Адрија“ неодамна пишуваше дека според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности во првиот квартал од годинава има пад на бројот на реализирани трансакции на пазарот на недвижности. Во споредба со последното тримесечје од минатата година, бројот на продадени станови во периодот од јануари до март 2026 година е намален за 27 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 23 проценти.
Прочитај повеќе
Станбеното кредитирање расте побрзо од лани - колку имаат влијание олеснетите услови од Народната банка?
Од банките велат дека има зголемен интерес за купување прв стан со олеснетите услови од први декември 2025.
01.07.2026
Цените на куќите во Велика Британија паѓаат поради растот на хипотекарните трошоци
Просечната цена на куќите се намалила за 0,6 проценти на 278.024 фунти (374.400 американски долари).
01.06.2026
Паѓа продажбата на станови - цените остануваат високи
Најскапиот метар квадратен во првиот квартал од оваа година е продаден за 2888 евра. Се работи за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода за кој биле платени 130.000 евра, стои во кварталниот извештај на Агенцијата за катастар.
12.05.2026
За 23 проценти е намален и бројот на продадени куќи, a пад на квартално ниво има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми за 8 проценти, како и кај продадените деловни простори за 11 отсто.