text size
Цените на деловните објекти во Македонија продолжија да се намалуваат при пад на вкупниот промет, а зголемена површина на истргуваните објекти, констатираат од Народната банка во извештајот за финансиската стабилност во Македонија во 2025 година. Просечната постигната цена на истргуваните деловни објекти во 2025 година се намалила за 27 проценти на 14.977 денари за квадратен метар (243 евра/квадрат), наспроти растот на вкупната површина на истргуваните деловни простори (за 26,5 проценти наспроти 6,9 проценти во 2024 година) и помалиот вкупен промет (за 7,6 проценти исто како и претходната година).