text size
Министерството за финансии објави проспект за емисија на нови граѓански обврзници. Аукцијата ќе се одржи на 3 декември годинава во период од 9 до 13 часот. Од денеска до 1 декември Министерството ќе врши прием на понуди од физички лица кај овластени директни учесници (банки).
Министерството планира да запише 100 милиони денари или 1,6 милиони евра. Каматата изнесува 4,6 отсто, а уплатите ќе може да се извршат до 11 декември годинава.
Обврзниците се со рок на доспевање од две години. Првиот рок достасува на 11 декември 2027, а вториот на 11 декември 2028 година.
Прочитај повеќе
Вложивте во македонски граѓански обврзници и депозити? Не заработивте ништо
Со помош на нашите аналитичари пресметавме колку е реалниот принос од граѓанските обврзници, орочените депозити и МБИ10.
19.09.2025
Државно задолжување кај граѓаните – за едни воспоставена пракса, за други само идеја
Македонските граѓани покажаа големи апетити за граѓанските обврзници
21.02.2024
Банките не видоа конкуренција во граѓанските обврзници
Во јули годинава се очекуваат првите приноси од граѓанските обврзници во Македонија.
21.02.2024
Обврзници: Владата ги сака банките 0,25 проценти повеќе отколку граѓаните
Во текот на првиот квартал од 2023 година, каматните стапки на државните хартии од вредност, утврдени од страна на Министерството за финансии, забележаа нагорни промени
16.07.2023
Ова е четврти пат државата да прибира пари од граѓаните преку емитување на граѓански обврзници. Прв пат инструментот се користеше во 2023 година кога имаше аукции во два наврати. Третиот пат беше во 2025 година.
На ланската аукција беа запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Минималниот износ што граѓаните можеа да го вложат изнесуваше 10.000 денари, а рочноста и тогаш изнесуваше две години. Каматната стапка беше пониска од сегашната, 4,5 отсто годишно.
Граѓаните лани запишаа 33 милиони евра или над 2 милијарди денари во граѓански обврзници. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари односно исто како и за сегашната аукција.
Првата исплата за граѓаните кои лани запишаа обврзници ќе се случи на 19 декември годинава, а една година подоцна ќе следува и втората исплата.
Во 2023 година на ист начин државата се задолжи со 41,1 милион евра. Тогашните двегодишни обврзници беа со каматна стапка од 5 отсто. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.