text size
Граѓанските обврзници полека се шират низ регионот. Некаде како практика, а некаде сепак, како идеја. Приносите што одредени држави можат да им ги гарантираат на граѓаните заинтересирани да купат обврзници се многукратно повисоки од оние што можат да се добијат со штедење во банките, а ризиците за граѓаните се исто така многукратно помали во споредба со тоа да станат активни инвеститори. Тимот на „Блумберг Адрија ТВ“ неделава се занимаваше со компаративна анализа на споменатите финансиски инструменти.