Комо 1907 влезе во италијанскиот фудбал како аномалија: мал стадион, мал пазар и години на хронична нестабилност. Денес тоа е најбрзорастечкиот спортско-деловен проект во Серија А.
Она што го направи Брајтон во првите пет години или што го направи РБ Лајпциг во германскиот систем, Комо се обидува да го повтори во Италија, но со неповторлив идентитет, долгорочен капитал, јасен спортски дизајн и глобално препознатлива локација.
Четири промени ги поставија темелите на проектот, а тоа се: стабилизација на билансот и гасење на краткорочниот долг, професионализација на спортскиот, медицинскиот и оперативниот сегмент, вложување во скаутинг и анализа на податоци, што беше занемарено во Серија Б и Ц, како и изградба на инфраструктурата паралелно со екипата.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот на денот, во избор на дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ од Скопје.
Приказната на охридска „ЛТХ Леарница“
„ЛТХ Леарница“ е компанија за производство на алуминиумски компоненти основана во 2005 година во Охрид.
Денес комплетното портфолио на компанијата, како и на групацијата „ЛТХ Кастингс“ е 100 отсто автомобилска индустрија. Групацијата има свои ќерки фирми во Словенија, Хрватска и во Македонија.
„По 20 години, горди сме што сме препознаени како сигурен партнер на глобални брендови како ‘Мерцедес Бенц’ (Mercedez Benz), БМВ (BMW), ‘Тесла’ (Tesla), ‘Рено’ (Renault), ‘Континентал’ (Continental), ‘Костал’ (Kostal), ЗФ (ZF) и други“, вака почна да раскажува Наташа Јовческа, генерална директорка на „ЛТХ Леарница“, во разговорот за „Блумберг Адрија“.
Во фабриката во Охрид работат над 500 вработени, а годишно се произведуваат стотици илјади компоненти – од фланши и куќишта до сложени склопови.
„Рајнметал“ е на прагот да заработи огромни пари, можеби дури и премногу
Изнесувајќи ги амбициите приходите да се зголемат петкратно, односно на околу 50 милијарди евра годишно до 2030 година – главниот извршен директор Армин Папергер им вети на инвеститорите дека оперативната профитна маржа ќе надмине 20 отсто во тој период.
Ако се исклучат цивилните активности што компанијата наскоро ќе ги продаде, одбранбените бизниси на „Рајнметал“ веќе остваруваат оперативен поврат од продажбата од околу 18–19 отсто.
Иако е природно производител на оружје да профитира од превооружување – како што фармацевтските компании профитираа за време на пандемијата – очекуваната профитабилност на „Рајнметал“ значително се издвојува од другите западни одбранбени гиганти.
Високата профитабилност на „Рајнметал“ ја поддржува неговата пазарна капитализација од 68 милијарди евра, но прашањето е дали таа е одржлива. Ривали како БАЕ (BAE Systems Plc) ги зголемуваат своите фабрики за муниција. Како што понудата и побарувачката постепено се израмнуваат, германскиот производител би можел да се соочи со поголем притисок да ги намали цените. А ако навистина остварува 10 милијарди евра оперативна добивка годишно до 2030 година, како што очекува, даночните обврзници би можеле да реагираат остро.
Трговците со криптовалути се силно погодени по падот на ЕТФ на „Стратеџи“
Инвеститорите на мало што се вклучија во големиот експеримент со биткоинот на Мајкл Сејлор плаќаат висока цена.
„Стратеџи“ (Strategy Inc.), компанијата некогаш позната по тоа што ја стави изложеноста на криптовалути во јавни акции, се бори да ги смири пазарите откако нејзините акции паднаа за повеќе од 60 проценти од неодамнешниот максимум, во услови на голем пад на дигиталните валути.
Завчера од компанијата „Стратеџи“ изјавија дека создале резерва од 1,4 милијарда долари за финансирање дивиденди и камати, надевајќи се дека на тој начин ќе ги смират стравувањата дека раководството на компанијата може да биде принудено да продаде биткоини ако цените продолжат да паѓаат.
Но, за многу инвеститори штетата е веќе направена...
Познат инвеститор се обложува против „Тесла“
Мајкл Бари се обложи против акциите на „Тесла“ (Tesla Inc.), велејќи дека се „апсурдно преценети“ и предупредувајќи дека предложениот пакет за надомест од 1 билион долари за основачот Илон Маск дополнително ќе го зголеми намалувањето на уделите на акционерите.
Бари, најпознат по тоа што точно се обложи против американскиот пазар на недвижности во финансиската криза во 2008 година, проценува дека компензацијата во акции кај производителот на електрични возила го намалува уделот на акционерите за околу 3,6 отсто годишно, без откуп на акции што би го ублажиле ефектот. Тоа го објавил на неговата платформа Сабстак (Substack), наведува „Форчн“ (Fortune). „Тесла“ не одговорила на барањето за коментар на „Блумберг њуз“.
„Картие“ е „Ролекс“ за генерацијата зед, благодарение на Тејлор Свифт
Кога Тејлор Свифт ја објави својата свршувачка со Тревис Келс не беше само огромниот дијамантски прстен тоа што предизвика воодушевување кај обожавателите. За љубителите на часовници, вистински шок беше реткиот часовник „картие“ (Cartier) од злато и дијаманти што го носеше. Суперѕвездата, носејќи го укинатиот модел „сантос демоизел“ (Santos Demoiselle), го зацврсти статусот на овој бренд како најпосакуван меѓу генерацијата зед, истовремено потресувајќи го пазарот на часовници.
„Картие“ ja води транзицијата кон помали елегантни модели, рушејќи ја децениската доминација на големите спортски часовници и помагајќи ѝ на компанијата сопственик, луксузниот конгломерат „ЦФ Ришемон“ (Cie Financiere Richemont SA), годинава да ги надмине најголемите играчи во индустријата, вклучувајќи го и „Ролекс“ (Rolex).